Фељтон

Историја на Македонската Православна Црква (3)

sv-kliment-ohridski

Свети Климент Охридски

sv-kliment-ohridskiМисионерската, учителска и просветителска дејност на св. Климент и на св. Наум во Охрид е само продолжение на големото мисионерско дело на Светите Браќа. Св. Климент и св. Наум граделе врз духовните темели поставени и осветени од нивните учители св. Кирил и св. Методиј. Христијанството во Македонија со векови веќе било втемелено, а потоа зацврстено и развиено при Брегалничката мисија на Светите браќа и врз основа на христијанските доктрини учениците ја изградиле македонската писменост и просвета во својата татковина. Свети Климент е најголемиот македонски духовник, учител и книжевник. Оваа негова дејност тесно била поврзана со христијанизирањето на паганизираните Македонци, како и со основањето и организирањето на првата македонска епископија во Охрид, во областа Кутмичевица. Свети Климент продолжил со преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците и го основал познатиот Охридски универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Според официјалната историја тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, која ја нарекол Кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски.

Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале и завршиле со образование околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони, а голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај другите балкански и источноевропски народи – бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и т.н.

Во 893 година свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот македонски епископ во новоформираната Дремвицко-величка епархија. Св. Климент Охридски, ученикот и соработникот на Македонските апостоли и просветители Кирил и Методиј, во историјата се памети како еден од најугледните и најзначјните книжевници и проповедници на Христовото Евангелие во IX и X век. Тој е основоположник на просветата и книжевноста во Македонија. Св. Климент бил непосреден сведок на неповторливите подвизи на Светите браќа, тие, за време на целиот негов живот му биле урнек во проповедта и описменувањето на луѓето. Св. Климент покрај тоа што проповедал исто така познато е дека и составувал свои дела. Негово најзначајно дело секако се „Проповедите – обрасци за сите празници и недели во годината”, кои им биле од голема полза на тогашното свештенство, но и на богољубивиот македонски народ. Најверојатно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод – богослужбената книга, во која е содржан црковниот редослед на богослужбите од Велигден до Педесетницата. Постои голема веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на Свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј. Св. Климент е особено важен за културното и цивилизациско издигнување на Македонците. Без неговото дело Македонците би биле поподложни на стагнација и асимилација од страна на културно поиздигнатите народи. Токму заради тоа со сигурност можеме да тврдиме дека св. Климент, св. Наум и останатите ученици на св. Кирил и Методиј се најважните личности во македонската историја.

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top