Фељтон

Историја на Македонската Православна Црква (10)

prv-crkovno-naroden-sobor

19. Втор македонски црковно-народен собор

prv-crkovno-naroden-soborТрпејќи големи притисоци, поврзани со обновата на Охридската архиепископија и конечното организационо обновување на Македонската православна  црква од страна на раководството на Српската православна црква, Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква на 23 јули 1958 година, заедно со целокупното свештенство донел одлука за свикување на Вториот македонски црковно-народен собор. Соборот бил одржан во Охрид, вековното седиште на древната Охридска архиепископија, во црквата „Света Софија“. Таму повторно била донесена одлука за обновување на Охридската архиепископија. Веднаш потоа бил избран македонски митрополит, поглавар на Македонската православна црква, кој ја добил титулата, „Охридски архиепископ“. Тоа бил Епископот Топлички Доситеј по потекло од Маврово. На крајот од Црковно-народниот собор е донесен и Уставот на Македонската православна црква, по кој таа се раководи и денеска.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласил со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката за самостојност на МПЦ била потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на „Свети Мина“ во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ ì дал самостојност на Македонската Православна Црква. По неколку дена во црквата на „Свети Никола“ во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конечно е конституиран Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на „Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид била одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со Патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

И покрај мислењето дека македонскиот народ конечно ќе го реши својот црковен проблем, раководството на Српската православна црква одново почнала да прави обиди за да го спречи непречениот развој на Македонската православна црква, неизвршувајќи ги преземените обврски, меѓу кои и тоа да ја претстави самостојната Македонска православна црква пред другите сестрински православни цркви. СПЦ и понатаму настојувала одново да ги потчини македонските православни епархии под целосна своја јурисдикција, не срамејќи се од тоа на каков нецрковен, неканонски и перфиден начин ги присвоила овие наши епархии во Првата светска војна.

По ваквото мешање во внатрешните работи на Македонската православна црква и по неисполнувањето на преземените обврски од страна на СПЦ, Светиот архијерејски синод на МПЦ бил принуден да го свика Третиот македонски црковно-народен собор.

18. Свештеничка конференција во Скопје

Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква, по добивањето на одлуката на Светиот синод на Српската православна црква, свикал широка свештеничка конференција, за да го запознае македонското свештенство со негативниот став на Српската православна црква против одлуките на првиот Црковно-народен собор. Оваа конференција на која зеле учество повеќе од двеста свештеници, била одржана во Скопје на 9 и 10 мај 1946 година. Откако свештенството било запознаено со негативниот став на Српската православна црква кон еднодушната одлука на сите македонски православни христијани, по богата аргументирана и продлабочена дискусија, со остро негодување, македонското свештенство ја донело следнава резолуција:

Прво, Црквата во Македонија да има свои народни архијереи, народно свештенство, и самостојност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања.

Второ, владиците да бидат избирани од народот и од свештениците.

Трето, да се работи на тоа што поскоро да се формира Православна црква во Југославија, во која ќе влезат сите православни цркви на југословенските народи врз апсолутна рамноправност.

Четврто, црквите во републиките да бидат самостојни во внатрешните црковни прашања, да бидат раководени од своите народни архијереи, кои ќе бидат членови на Архијерејскиот собор на Православната црква во Југославија со еднакви права и задолженија.
Петто, секоја народна црква да има по еден претставник во Светиот синод на Православната црква во Југославија:
Шесто, од претставниците на сите југословенски православни цркви да биде изработен нов устав на Православната црква во Југославија и истиот да биде усвоен од Црковно-народен собор.

Во оваа резолуција македонските православни свештеници, не отстапиле од основните барања на православните македонски христијани – Македонската православна црква да го зачува својот народен и Светиклиментов белег. Конечното решавање на оваа прашање се провлекло с# до 1958 година.

17. Првиот македонски црковно-народен собор

Првиот македонски црковно-народен собор се одржал во Скопје на 4 и 5 март 1945 година. На овој Собор зеле учество повеќе од 300 делегати – свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти, Соборот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија.

Прво, да се обнови Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква.

Второ, таа да има македонски епископи и македонско свештенство, за да се запази посебноста на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна црква:

Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата „Охридски архиепископ“, а Православната македонска црква да се нарекува „Свети Климентова Охридска архиепископија“.

Понатаму во соборската резолуција се говори за тоа, дека Охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во Охрид и устоличен на тронот на Охридските архиепископи, како и тоа дека за обновувањето на Охридската архиепископија треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот.

Црковно-народниот собор одлучил да биде избран нов Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква, давајќи му привремена управна и законодавна власт.

Српската православна црква во месец септември истата година, на заседанието на својот Архијерејски синод, се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква, тврдејќи дека таа с# уште има јурисдикција на Епархиите во Македонија. Таа го повикала православниот македонски народ да се врати на состојбата меѓу двете светски војни.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top