Фељтон

Историја на Македонската Православна Црква (11)

map-eparhii

map-eparhii

Скопска Епархија

Скопската епархија ја возглавува Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Најпознати цркви и манастири во оваа епархија се:

Манастир Св. Георгиј, Криви Дол, Скопје
Манастир Св. Никита, с. Бањани, Скопска Црна Гора
Манастир Успение на Пресвета Богородица, Матка
Манастир Св. Никола, с. Љубанци, Скопска Црна Гора
Марков манастир – Св. Димитриј, с. Маркова Сушица
Манастир Св. Илија, с. Чардак, Скопска Црна Гора
Манастир Св. Спас, Скопје
Манастирска црква Св. Пантелејмон, с. Нерези
Манастирска црква Св Андреј, Матка
Манастирска црква Св. Никола, с. Шишево
Манастир Св. Илија, с. Бањани, Скопска Црна Гора
Црква Св. Спас, с. Кушевиште, Скопска Црна Гора
Свети Апостоли Петар и Павле С. Горно Лисиче

Полошко-Кумановска Епархија

Епархијата Полошко-кумановска го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија и е дел од живиот организам на Македонската Православна Црква.

Нејзин надлежен епархиски архиереј е Митрополитот Кирил и тоа од
1971 година, па сè до денес.

Во Полошко–кумановската Епархија функционираат сите нејзини епархиски органи и тела. Епархијата се состои од пет aрхиерејски намесништва, во кои има 202 цркви, 28 манастири, 54 параклиси и 194 места каде се поставени крстови, а на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.

– Архиејско намесништво Тетово: 72 цркви, 10 манастири,
6 параклиси и еден крст.

– Архиерејско намесништво Гостивар: 45 цркви,
6 манастири, 20 параклиси и 4 крстови.

– Архиерејско намесништво Куманово: 60 цркви,
8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.

– Архиерејско намесништво Кратово: 12 цркви,
3 манастири, 9 параклиси и 19 крстови.

– Архиерејско намесништво Крива Паланка: 13 цркви,
еден манастир, 7 параклиси и 50 крстови.

Најпознати манастири во оваа епархија се:

Манастир на свети великомаченик Георгиј, Старо Нагоричане
Манастир на свети Јоаким Осоговски, Крива Паланка
Манастир на свети Никола, Псача
Манастир на свети Атанасиј Велики, Лешок
Манастир на Пресвета Богородица, Матејче

Оваа епархија обединува околу 200.000 верници, православни христијани. Преку петте архиерејски намесници и преку црковните и манастирските настојателства, се координираат работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор. Административно-организационата дејност се извршува од страна на надлежниот Епархиски Архиереј г. Кирил и секретарот на истата, протоѓагонот Вичко Гочевски.

Поради малиот број верници во оваа Епархија, што се должи на емиграцијата во прекуокеанските и европските земји или миграцијата на населението од селата главно во градовите во нашата суверена држава, со текот на времето голем број селски парохии беа крајно осиромашени. Еден подолг временски период во нив како да престана да пулсира не само црковно-духовниот, туку и обичниот живот. Со големи напори и лични посети на епархискиот архиереј, на секретарот, како и на нивните најблиски соработници, речиси во сите, дури и најоддалечени селски населби, отпочна повторно да заживува верата, со што и самите места доживеаја преродба. Не се допушти да згасне кандилцето на светото Православие пред ликот на Спасителот Господ Исус Христос, на Пресвета Богородица; на вечно живите пред Бога свети Климент и свети Наум охридските чудотворци и пред ликот на сите светии-застапници пред Бога за вековно опстојување на нашиот благороден македонски народ и на овие простори на светата библиска и апостолска македонска земја.

Оваа Епархија има над 40 активни свештеници и неколку пензионери.

Во текот на овие години се изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и парастоси. Над поголем број цркви и манастири се извршени сеопфатни санациони и реставраторски работи, со што тие се заштитени од понатамошно пропаѓање.

Најголем проблем со кои оваа Епархија се соочува во моментов се огромните пустошења и штети кои се направени во текот на 2001 г. од страна на терористичките банди. Во овој период се ограбени, осквернети и опожарени околу 30–тина цркви и неколку манастири, меѓу кои манастирот на Свети Атанасиј Велики во с. Лешок, кој беше миниран и до земја разрушен, и манастирот на Пресвета Богородица во с. Матејче.

Исто така, голем и сложен проблем бил и останува да биде прашањето со одземените црковни и манастирски имоти од страна на државата, кои за голема жал сè уште не се вратени на нашата Светиклиментова Македонска Православна Црква

Дебарско-Кичевска Епархија

Дебарско-кичевската епархија ја возглавува Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Тимотеј. Таа денес ги опфаќа градовите Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод.

Во оваа епархија од мноштвото познати црквии манастири се издвојуваат:

Црква Св. Софија, Охрид
Манастир Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон, Плаошник, Охрид
Црква Пресвета Богородица Перивлептос, Охрид
Црква Св. Јован Канео, Охрид
Манастир Св. Наум, на брегот на Охридското Езеро
Црква Св. Богородица Заумска, на брегот на Охридското Езеро
Бигорски манастир – Св. Јован Крстител, крај реката Радика
Манастир Св. Георгиј, с. Рајчице, Дебар
Манастир Пресвета Богородица, с. Калишта, Струшко
Воведение на Пресвета Богородица „Пречиста“, Кичевско

Преспанско – Пелагониска Епархија

Византиско пеење Достојно е Господи повикав кон тебе Богородице Дево, радувај се Славете го Господа Господ е Пастир мој Преспанско-пелагониската епархија денес се протега на теритотијата на градовите: Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен и Крушево. Нејзин администратор е Неговото Високопреосвештенство митрополитот Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Во оваа епархија возобновен е монашкиот живот во следните манастири:

Св. Архангел Михаил, Варош, Прилеп
Св. Преображение, с. Зрзе, Прилепско
Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, Прилепско
Успение на Пресвета Богородица, с. Јанковец, Ресенско
Рождество на Пресвета Богородица, с. Сливница, Преспа
Св. Јован Крстител, с. Слепче, Демир-Хисарско
Св. Атанасиј, с. Журче, Демир-Хисар
Св. Христофор, Битолско

Струмичка Епархија

Струмичката Епархија, возглавена од Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Наум, се протега на територијата на општина Струмица, опфаќајќи ги и градовите Дојран, Берово, Пехчево, со нивните парохии.

Денес, во оваа епархија монашки заедници под духовно водство на митрополитот Наум Струмички, се присутни во манастирите:

Пресвета Богородица Елеуса, с. Велјуса
Св. Леонтиј, с. Водоча
Св. Архангел Михаил, Берово
Успение на Пресвета Богородица, Берово
манастирски комплекс Св. Партениј Зографски, Стар Дојран
Св. 40 Севастиски маченици, с. Банско
Св. Климент и Наум Охридски, Хамзали
Св. Антониј Велики, Ново Село

За епархијата

Со враќањето на монахот Наум од Григоријатскиот манастир на Света Гора, во август 1995 година, и со неговото востоличување за Струмички Митрополит дојде до возобновување на севкупниот црковен и духовен живот во епархијата. Црковната администрација и свештенството се во будно грижливо настојување да одговорат на духовните потреби на верниот народ. Во последните години од 20-ти век Струмичката епархија стана матичник на возобновеното монаштво во МПЦ.

Освен манастирите Пресвета Богородица Елеуса во с. Велјуса како женски и Св. Леонтиј во с. Водоча како машки манастир, за само седум години (1995 г. – 2002 г.) монашкиот живот се возобнови и во многу други манастири во епархијата. Така, во Берово, манастирот на Св. Архангел Михаил се возобнови како женски, а манастирот на Успението на Пресвета Богородица како машки манастир. Потоа дел од манастирскиот комплекс на Св. Партениј Зографски во Стар Дојран е возобновен како женски манастир и манастирот на Св. четириесет Севастиски маченици во Банско како машки манастир. На почетокот на 2003 година подигнат е манастирот на Св. Климент и Наум Охридски во Хамзали, како машки манастир. Во 2004 година се возобнови манастирскиот комплекс посветен на Св. Антониј Велики и на Св. великомаченик Георгиј во Ново Село, којшто со вселувањето на двајца свештеномонаси и неколкумина искушеници на денот на светото Успение на Пресвета Богородица заживеа како машки манастир.

Во периодот 1998-2002 година од темел се подигнати околу дваесетина цркви: црквата на Св. Григориј Палама и Св. великомаченик Димитриј во Струмица, монашката црква посветена на Св. Григориј Палама во Водочкиот манастир, параклисната црква во монашкиот конак на Велјушкиот манастир, посветена на Св. Апостол Павле и на Св. Григориј Палама, манастирската црква на Св. Климент и Св. Наум Охридски во Хамзали, малата манастирска црква посветена на Св. Петка во манастирскиот комплекс во Банско, двете манастирски цркви – на Св. новомаченик цар Николај Романов со семејството и на Св. Григориј Палама и Св. Максим Исповедник – во рамките на манастирскиот комплекс Партениј Зографски во Стар Дојран, манастирската црква посветена на Св. великомаченик Георгиј и на Св. новомаченичка Елисавета во с. Три Води, малата црква посветена на Св. Трифун и на Св. Григориј Григоријатски којашто му припаѓа на скитот во непосредна близина на Водочкиот манастир, манастирската црква на Преподобна Параскева во близина на Пехчево и други.

Во своите матични манастири, Велјушкиот и Водочкиот, Струмичката епархија развива самостојна, сеопфатна но селективна црковна издавачка дејност. Издадени се над дваесет наслови, од кои: оригинални пастирски текстови и есеи со аскетска тематика, преводи од поуките за молитвата на современите Старци од 20 век, текстови од историјата на исисхазмот, преведени изданија од современата светска теологија, апологетски текстови како одговор на состојбите во јавноста кон возобновеното монаштво итн.

Со особена заложба на Митрополитот Струмички Наум беше изработен и поставен официјалниот web site на Македонската Православна Црква и тоа уште во далечната 1998 год. Ова се покажа особено важно во наредните години кога Македонската Православна Црква борбата за својата афирмација превенствено ја води преку овој медиум, чијашто посетеност ширум светот стана навистина завидна.

Струмичката епархија е идеен основач и покренувач на списанието „ПРЕМИН”, кое за првпат беше објавено пред 4 години.

Во рамките на Струмичката епархија функционира Дневниот центар за прифат, третман и лекување на болести на зависност „Св. Елисавета” во Струмица. Неговото официјално отворање се случи на 18.02.2005 год. Моментално се работи на формирање на посебни услови за работна рехабилитација и ресоцијализација, со што центарот ќе биде проширен и оспособен за подлготрајно прифаќање и сместување на овие лица.

Повардарска Епархија

Повардарската епархија е со седиште во Велес.

На 18. 11. 1977 година Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на синодска седница одлучи да се оформи посебна Повардарска епархија, под назив „Епархија Повардарска”. На седницата се одлучи архиереј на епархијата да биде назначен Неговото Високопросвештенство г. Гаврил. Во одлуката беше наведено дека од 1 јануари 1978 г. епархијата целосно да започне со својата работа.
Повардарската епархија како посебна епархија, започна со работа на 30. 03. 1978 г. со отварање на првата седмица во присуство на членовите на Е.У.О. на епархијата Повардарска: Митрополитот г. Гаврил, секретарот на епархијата прота – ставрофор Стојко Ристовски, прота – ставрофор Борис Симоновски, арх. намесник на Велес, протоереј Трајко Гроздановски – арх. намесник на Кавадарци, протоереј Бошко Кипровски – парох при црквата „св. Пантелејмон” – Велес, и старешината на црквата  „св.Пантелејмон” – Петре Бојаџиев.
Митрополитот Гаврил беше епископ на Повардарската епархија се до 1989 г. кога беше избран за Архиепископ на Македонската православна црква, а на негово место дојде г. Михаил. Во 1992 г, г-дин Гаврил се повлече од Архиепископскиот престол, а на негово место дојде  Повардарскиот митрополит Михаил, кој воедно беше и администратор на Повардарската епархија.

Со Повардарска Епархија управува епархискиот архиереј, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Епархијата има три намесништва:

Велешко, Кавадаречко и Гевгелиско. Територијата на Епархијата се совпаѓа со државните граници на градовите: Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Валандово.

Ариерејски намесништва

20 парохии, 178 храмови.

38 свештеници, 2 ѓакони, 2 расофорни монаси.

175.000 верници.

Околу 2.000 крштевки и 1.000 венчавки годишно.

25 манастири, од кои најпознати се:

„Св. Димитрија” Велес и „Св. Ѓорѓи” Неготино.

Епархиски музеј.

Цркви и манастири

Повардарска епархија продолжува и понатаму со градењето на новиот храм во центарот на Велес, посветен на семакедонските учители и просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Донирајте средства за доизградба на храмот „Св. Кирил и Методиј“, зашто градејќи Божји храм, всушност се градиме себеси како личности.

Депонент: Стопанска Банка

жсметка: 200000098894305

Македонска Православна Црква

Повардарска Православна Епархија

Брегалничка Епархија

Византиско пеење Достојно е Господи повикав кон тебе Богородице Дево, радувај се Славете го Господа Господ е Пастир мој Брегалничката епархија ја возглавува Неговото Вископреосвештенство митрополитот г. Иларион.

Имајќи ја во предвид неговата духовна величина и севкупни резултати, по предлог на надлежниот Архиереј на Брегалничката епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на својата седница одржана на 29. 06. 2006 година, со одлука бр. 140 го избра за епископ на Македонската православна црква, со титула Баргалски Неговото Вископреосвештенство митрополитот г. Иларион.

Наречението беше извршено на 12. 07. 2006 година, а хиротонијата на 13. 07. 2006 година, во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип, која хиротонија е прва во овој храм од возобновувањето на Македонската православна црква, па и порано.

Со одлука на САС бр. 178 од 22. 08. 2006 година, е назначен за епахиски Архиереј на Брегалничката православна епархија, а со одлука на САС бр. 179 од 22. 08. 2006 година, има добиено Митрополитско достоинство, со титула Митрополит Брегалнички. Интронизацијата, согласно одлуката на САС бр. 180 од 22. 08. 2006 година, е извршена на 19. 11. 2006 година, во Соборниот храм на Брегалничката епархија “Свети Николај” во Штип.

Неговото место на живеење и понатаму е Лесновскиот манастир, заедно со братството.

Оваа епархија денес се протега на територијата на градовите: Штип, Кочани, Пробиштип, Св. Николе, Радовиш, Македонска Каменица, Делчево и Виница

Парохии:

Трботивишка парохија, Спанчевска парохија, Соколарска парохија, Радовишко архиерејско намесништво, Подарешка парохија, Парохии при храмот “Свети пророк Илија” – Македонска Каменица, Оризарска парохија, Ораовичко-воиславска парохија, Облешевска парохија, Јакимовска парохија, Истибањска парохија, Ињевско-конченска парохија, Звегорска парохија, Зрновска парохија, Делчевско архиерејско намесништво, Грдовска парохија, Парохии при храм Свети Арахангел Михаил – Виница, Кочанско архиерејско намесништво, Парохии при храм Света Богородица – Пробиштип, Злетовска парохија, Карбинска парохија, Осма приградска парохија, Брегалничка епархија, Горно-балванска парохија, Светиниколски парохии

Најпознати манастири и цркви:

Лесновски манастир – Св. Архангел Михаил
Манастир Конче – Св. Стефан
Манастир Пирог – Успение на Пресвета Богородица
Црква Св. Јован Крстител, Штип
Црква Св. Спас, Штип
Црква Св. Архангел, Штип
Црква Св. Никола, с. Крупиште

Европска епархија- митрополит Пимен

Пимен е роден во Ресен во 1971 година. Тој е најмлад во редовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет. На предлог на Синодот на МПЦ, како Архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Св. Сергеј“ факултетот, каде и ја обавува парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, г. Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на соборот на сите Македонски светии во октомври 2005 година во „Св. Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 е поставен за митрополит Европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top