Фељтон

Галичка гостољубивост

galicnik1948
galicnik1948Патот беше напорен, но кога пристигнавме никогаш не зажаливме што тргнавме. Како и во Словенија, луѓето се гостољубиви до крајност. Кога дознаа дека по потекло сум Југословен кој станал американски писател и дека жена ми е Американка, родена во Њујорк, ние станавме  гости буквално на целата  нивна заедница. Некој прочитал нешто за мене во весниците. Ни даваа се најдобро што имаа. Во текот на тие две недели што ги минавме со нив моравме практично да ја посетиме секоја куќа и во секоја да се напиеме барем малку вино и ракија.
Јас можев да зборувам српски, но и Стела, на која овој јазик и беше туѓ колку сијамскиот, не беше наполно исклучена од разговорот. Не мал број галичани, иако немаа некое официјално образование, знаеа и по два, три , па и четири јазици вклучувајќи го и англискиот. Всушност, во текот на тие неколку летни недели кога печалбарите престојуваат во родниот крај. Галичник, според земјите од каде што дошле, станува можеби најкосмополитско место на светот. Разговарајќи со луѓето како што доаѓаа, се додека повеќето жени не престанаа да бидат „бели вдовици“, дознав на работите и настанатите во Грција, Италија, Турција, Египет, Австрија, Германија,Шпанија и Русија. Некои од приказните на општествените, економските и политичките прилики во тие земји ми изгледаа паметни, како да се во просечно европско списание или весник.
Бидејќи нивната состојба и имот во добра мера зависат од приликите во светската економија, нивното интересирање за општата економска криза и можностите за излегување од неа беше големо.
Претпоставуваа дека како американски писател имам некои подобри познавања за таа работа, па секој ден по неколку часа по десетици одеднаш се собираа околу мене. Особено сакаа да дознаат за приликите во Соединетите Американски Држави, како оние кои биле, така и оние кои не биле во Америка. Тие насетуваа дека заздравувањето на светската економија, е важно за Галичник, многу зависи од способноста на Соединетите Американски Држави да се извлечат од депресијата.
Висок и строг морал
Дознав дека најмалку двајца галичани работеа на зградата на Радио Сити во Њујорк, која токму тогаш се градеше. Се запознавме со нивнтие сопруги, две од десетината, чии мажи не дојдоа тоа лето.
Додека престојувавме таму, една „бела вдовица“ дозна дека станала вистинска вдовица. Во несреќа во градилиштето Инсбрук во Австрија, маж и загинал само неколку дена пред да побара дозвола да си дојде дома.
Но, колку што можев да забележам, тоа беше единствениот тажен настан во Галичник за време на нашиот престој. Многу се празнуваше и се веселеше. На масите имаше убави далматински вина и (за Галичник) ретка храна во месните продавници, која за оваа прилика е специјално донесена од Скопје.
Меѓутоа, празнувањето и веселбата не беа претерани. Всушност, една од најважните особини за животот на Галичник е умереноста и трезвеноста. Нема крајности ни во говорот ни во постапките, ниту претерување во јадење, пиење или во што и да е  друго.
Ми се чинеше дека за оваа особина повеќе се заслужни жените одколку мажите. Тука мора да се биде урамнотежен и трезвен. И нивните животи зависат од тоа. Доколку се движат по каменестите и стрмни патеки околу своето село и најмал погрешен чекор може да донесе смрт; а тие патеки најдобро го симболизираат и нивниот живот воопшто. Во врска со тоа морам да забележам дека моралот во Галичник е мошне висок и строг. Една од месните изреки гласи:
„Кога човек не доаѓа дома долго време,очекува да најде се во најдобар ред“. А за возврат мажите воопшто подеднакво им се верни на жените, како што им се тие на нив.
Заеднички свадбен ден – на Петровеен 12 јули
Враќањето на мажите е врвно доживување во животот на Галичник во текот на една година. Но, и во тоа врвно доживување постои врв – а тој е заедничкиот свадбен ден, кога сите двојки кои имаат намера да склучат брак таа година се венчаваат истовремено. То  се случува секоја година на ден:12 јули.
Во времето на нашиот престој се венчаа 16 двојки. Сите младоженци беа од Галичник. Само двјца не беа вистински печалбари. Другите токму за таа прилика дошле дома. Оние двајца беа овчари кои ги пасат  своите стада во подалечната околина на селото, па и тие едвај некогаш беа дома. Половина од невестите беа од Галичник, а другата половина од блиските села. Една од невестите беше вдовица со две деца, мажот и загинал во несреќен случај во Александрија во Египет пред две години. Сега се омажи со еден од неговите пријатели.
Церемонијата на венчавањето ја изврши свештеник од источно-православната црква. Чинот беше мошне живописен, но траеше кусо: меѓутоа,заедничката гозба, која дојде потоа, траеше цели три дена, во кои многу се пееше и тоа така што Стела и јас никогаш не сме слушнале: со удирање на тапани и свирење на кавали. Се играше и оро, тоа беше  токму она  што еден од оние кои дојдоа од Америка го нарече “голем дернек” на сезоната.
Во последниот ден на свадбената прослава разговарав со еден 80-годишен маж што во младоста работел на мостовите и градбите во 11 различни земји.
“Наскоро по две недели, сите тие, вклучувајќи ги и младоженците, јас мислам ќе отидат пак во – Египет, Италија, Цариград, Прага,а Барселона, Њујорк, Филаделфија. А, жените, вклучувајќи ги и невестите, уште еднаш ќе останат сами. „И“ – се насмевна малку – „по девет месеци од денешниот ден на свет ќе дојдат околу 50 до 80 момчиња и девојчина во нашето село во рок од една недела:
значи, пет до десет дневно, а нивните татковци ќе ги видат дури четири месеци подоцна, на лето, кога одново ќе се вратат дома .. Таков е животот тука во Галичник“.
Минатото во Македонија се уште е присутно.
Од трите покраини за кои говориме во ова поглавје, Македонија е најинтересна. Во неа минатото се уште е присутно секаде и достигнува до Александар Велики, преку древните Келти, Грци, Римјани, Византијци, старото македонско царство и средновековнтие Турци…
Биографија на авторот
Еден од најголемите американски писатели од југословенско потекло, Луј Адамич, е роден 1898 година во Гросупље, Австро-Унгарија, денешна Словенија. Во своите дела го опишува животот на иселениците. Познати негови дела се: „Лулка на животот“, „Динамит“, „Моја Америка“…, Во неговата книга „Враќање на домородецот” има едно поглавје за Македонија под наслов “Овде стрелките на часовникот  се вратени наназад“. Тука, писателот всушност говори за Галичник, каде што престојувал благодарение на двајца македонски иселеници во САД, кои се враќале дома.
Адамич е докажан антифашист и искрен пријател и поддржувач на големиот научник Никола Тесла. Директно учествувал во Првата светска војна во редовите на американската војска. Умира во Њу Џерси, САД, 1952 година.

6 Луј Адамич:Галичник најкосмополитско место на светот
K.K. 
(крај)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top