Секти и Култови
За адвентистите – свештеник Алексеј Јанг
АДВЕНТИСТИ НА СЕДМИОТ ДЕН
Иако адвентистите на седмиот ден ги усвојуваат основните христијански учења – веруваат во Светата Троица, раѓањето од дева Марија и Воскресението Христово, Библијата како Слово Божјо (и некои „водечки“ христијани сметаат дека тоа е друга протестантска конфесија) ги издвојуваат неколку карактеристики кои го оправдуваат нивното класифицирање во тоталитарна секта.
Зборот адвентист потекнува од латинскиот збор adventus – доаѓање – и се однесува на оние групи кои, не само што го очекуваат неминовното Христово враќање, туку во различни времиња се обидувале да ја предвидат годината, па дури и денот на ова враќање, наспроти предупредувањето на нашиот Господ: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“ (Мат. 24, 36). Иако „адвентизмот“ е честа тема меѓу многу протестантски групи, особено кај оние под „пентекосталното влијание“ адвентистичкото движење се јавило во XIX век обидувајќи се точно да го предвидат датумот на Второто Христово доаѓање.
Адвентисти има неколку групи покрај адвентистите на седмиот ден – почнуваат со Вилијам Милер, фармер кој е роден во Масачусец набрзо по американската револуција. Макар што ја изгубил својата вера во Бога како тинејџер, повторно почнал да верува на 37-годишна возраст. Враќањето кон баптистичката вера на родителите било проследено со интензивно проучување на Библијата.
Неговото интересирање најмногу било насочено на библиското пророштво, содржано во книгите за Данаил и Откровението. Врз основа на своите интерпретации на извадоците од книгата на пророкот Данаил, Милер во 1831 год. објавил дека Христос ќе се врати на земјата помеѓу март 1843 год. и март 1844 год. Иако во тоа време сè уште имало баптисти, Милер отпочнал да собира приврзаници на сопственото гледиште, и ја издал првата адвентистичка публикација, весникот под името „Знаци на времето“.
Милер не бил единствениот пророк „на последните времиња“ во тоа време. На почетокот на XIX век Нова Англија изобилувала со голем број проповедници, а популарноста на групните собирања им овозможила публика за нивните есхатолошки прогласи. На овие собири религиозното воодушевување преминувало во еуфорија.
Милер бил искрен и убедлив говорник, кој, изгледа, не бил оптоварен со претерана амбиција. Бил огорчен заради фанатизмот на некои свои следбеници: „Нивните состаноци му изгледале повеќе како дар-мар, отколку како свечен собир на покајници со чувство на стравопочитување пред светиот Бог“. Околу 200 проповедници му помогнале на Милер во ширењето на неговите гледања и до 1840 год. ги имало околу 50.000 следбеници кои се нарекувале „Милеровци“.
Кога Христос не се вратил во текот на предвидената година, Милер ја признал својата грешка, но еден од неговите ученици повторно го „пресметал“ времето на Второто доаѓање за 22 октомври 1844 година. Толку било напнато нивното очекување, така што кога дошло „големото разочарување“ извесен број милеровци полуделе, а некои дури извршиле и самоубиство, а повеќето едноставно се вратиле на својата претходна конфесионална припадност.
Ова, меѓутоа, не го означил крајот на движењето. Утрото по големото разочарување, верниот милеровец, по име Хирам Едсон имал небесна визија:
„Тој видел дека чистењето на светилиштето што го претскажал Данаил не се поклопило со Второто доаѓање, туку со Христовото влегување во светиите на светиите на небесното светилиште, токму пред Неговото враќање“.
Во меѓувреме, уште еден милеровец, Џозер Бејтс, се убедил дека светиот ден во седмицата е саботата, Сабат, и овој ден попрво треба да се слави отколку неделата. Ова наизглед ново учење меѓу протестантите, во суштина било позајмено од баптистите на седмиот ден. Официјално било осудено од умереното крило на милеровците 1845 г., но веќе следната година го ширела помала група под влијание на младата „пророчка“ Елена Г. Хармон. Набрзо по средбата со Бејтс 1846 год., имала визија: „На небото – рекла – Исус ì дозволил да ги види плочите од камен, на кои се запишани десетте заповеди. На нејзино чудење, четвртата заповед што се однесува на почитување на седмиот ден, била во центарот на тие десет поуки, со мала аура (прстен од светлост) околу неа“.
Таа година деветнаесетгодишната Елена се омажила за Џејмс Вајт, адвентистички проповедник. Подоцна, имала видение кое ја разработило Едсоновата верзија. Таа објавила дека Господ во 1844 год. „влегол во небескиот храм да ја исчисти земјата од тешкиот грев – осквернување на саботата. Ќе се врати на земјата кога ќе ја заврши оваа задача“.
Оваа венчавка на саботарка со адвентист ја создало основата за организација на посебна гранка милеровци, кои го усвоиле името „Адвентисти на седмиот ден“ во 1860 година. Основањето на новата верска организација значело признавање на Елена Т. Вајт како боговдахновена пророчка, која била еднаква со пророците на Стариот Завет. Навистина, Милер веќе бил повлечен од активното водење на движењето, и за кусо време тоа се пренело на Џејмс Вајт, а особено на неговата сопруга. Таа се смета за основач на адвентизмот на седмиот ден. Спротивно на тврдењето на адвентистите дека веруваат во Библијата и само во Библијата, токму книгите на госпоѓа Вајт – таа била плоден писател – адвентистите ги сметаат за првенствен и авторитетен коментар на Светото Писмо.
Опсесивното истакнување на саботата и крајот на светот (за нив тоа е „тест“ за вистинскиот христијанин) покажува дека адвентистите како и многу секти издвојуваат еден или два теолошки проблема, кои стануваат причина за постоењето на целото движење. Меѓутоа, нивната најголема грешка лежи во нивната имплицитна доверба во Елена Г. Вајт. Не само што нејзините написи се полни со очигледна контрадикторност, што е уште полошо, откриени се неколку примери книжевна кражба (плагијат) во нејзините „од Бога вдахновени искази“. Да наведеме некои примери:
Во декември 1844 год. таа имала визија во која јасно е кажано дека Бог на 22 октомври ги затворил портите за спасување на грешниците (оние кои сè уште не го прифатиле учењето на милеровците). Меѓутоа, во подоцнежната збирка на нејзините рани текстови, прецртани се местата што се однесуваат на затворањето на портите. Слично на тоа, едно време тврдела дека барањето лекарска помош означува недостаток на вера: човекот своето здравје треба да му го довери единствено на Бога. Меѓутоа, неколку години подоцна, таа пишувала дека „во некои случаи советот на лекарот е многу неопходен. Отсекогаш сме имале ваков став“. Слично било и во поглед на нејзиното „божествено откровение“ поврзано се реформата во облекувањето, која била актуелна тема тие денови, благодарејќи на првите феминистки, кои облекувале покуси здолништа преку пантолоните како своја униформа. Во 1863 година Елена Г. Вајт отпочнала со изјавата дека „Бог не сака Неговите луѓе да ја усвојат реформата на облекувањето“, а четири години подоцна изјавила: „Бог сега би сакал Неговиот народ да ја прифати реформата на облекувањето, тврдејќи дека исправниот начин на облекување е откриен во визијата од 1863 год.! Спротивно на ова сведочење напорите на госпоѓа Вајт да го наметне својот модел на облека на адвентистичките сестри, останале без успех, и нејзе многу ì олеснило кога во 1875 год. имала откровение дека реформата во облекувањето станала „навреда на причината на вистината“ и можела со мирна совест да ја остави настрана.
Реформата во облекувањето била дел од широката програма на здравствената реформа, тема на која ì се посветувало значително внимание во почетокот и средината на минатиот век. Медицината тогаш сè уште се потпирала на примитивни и неефикасни методи, каква што била употребата на пијавиците. Во голема мерка имало простор за нови идеи, па дури и за оние кои биле малку или воопшто не биле медицински образувани. Госпоѓа Вајт имала голем успех во своите говори, бидејќи се залагала за умереност и трезвеност, и храбро ја проширила својата забрана на алкохолот и на стимулансите: чајот, кафето, цигарите. Подоцна, во 1863 год. имала визија која ја инспирирала да ги додаде: месото, јајцата, путерот и сирењето на својата листа на забранета храна. Здравствената реформа, – изјавувала таа – е „тесно поврзана со сегашната вистина како што раката е соединета со телото“.
И таа, и нејзиниот маж, постојано биле болни и не е ни чудо што прашањето за здравјето доминира во нејзината теологија. Дури и современиците не можат, а да не ги забележат воочливите паралели помеѓу нејзините „од Бога вдахновени“ изјави на таа тема и идеите на некој од водечките реформатори во здравствената сфера од тие денови, особено на оние кои се појавиле во Л. Б. Коловата „Философија на здравјето“. Една од нејзините книжевни асистенти Франсис Болтон му се пожалила на некој собрат – адвентист: „Повеќето од она што го пишувам јас се појавува во списанието „Review and Herald“ како да излегло од перото на сестрата Вајт, и дека е резултат на вдахновение од Бога. Сакам да ви кажам дека ова многу ме растажува бидејќи чувствувам дека играм измамничка улога“. Кога госпоѓата Вајт дознала за ова признание, госпоѓица Болтон била разрешена од својата функција по кратка постапка.
Постепените разоткривања од овој вид предизвикале раскол во редовите на адвентистите, но дури ни обвиненијата за плагијати не биле доволни да ја разнишаат довербата што повеќето адвентисти ја имале во својата пророчка, која ги водела. Во секој случај, под нејзино раководство продолжиле да се основаат институти за здравје и санаториуми во разни делови на САД и во странство. Во 1910 год. еден од овие санаториуми во Лома Линда, Калифорнија ги отворил своите врати како колеџ за лекари – евангелисти. Денес адвентистите раководат со многу болници во земјата. Рестораните во овие институции нудат само вегетаријанска храна (најверните адвентисти се вегетаријанци, а употребата на кафето, чајот и алкохолот е забранета), а болничките пастори нудат духовна утеха, и им даваат упатства на пациентите што се базирани на записите на Елена Г. Вајт, чии книги се достапни. Многу од овие болници го комбинираат традиционалното лекување со програмите за лекување на зависниците од алкохол/дрога, со посебни одделенија за рак, со престојувалиште за патници и сиромаси, училишта за млади и храм.
Покрај нивните доктрини што се однесуваат на второто доаѓање и саботата, адвентистите на седмиот ден учат дека човекот нема бесмртна душа. Кога ќе умре едноставно престанува да постои сè до Второто Христово доаѓање, кога Он ќе им го воскресне телото, и тогаш ќе им даде бесмртна душа. Исто така, тие веруваат во целосното истребување на неправедните (т.е. нема да ги поднесуваат вечните маки).
Интернационалното седиште на „Светската федерација на адвентистите на седмиот ден“ се наоѓа близу Вашингтон, Б.С. „Генералната конференција“, што е демократски избрана управува со бројно членство, околу четири милиони, што е организирано во тринаесет „изборни подрачја“.
Иако адвентистите на седмиот ден не се агресивни како што се мормоните или „Јеховините сведоци“, тие интензивно мисионерат. Тие, не се гледаат себеси едноставно како едно црковно тело во светот, туку како пророчко движење кое има за задача да го објави вечното евангелие, а по нивното верување тоа би било одредување на часот на Божјиот Суд. Како мисионери адвентистите делуваат на многу луѓе со својата донекаде рафинирана, телевизиска програма; најзначајна е емисијата „Пишано е“ што се емитува еднаш неделно. Го издаваат и списанието „Светска Божја Црква“, кое се дели бесплатно, бидејќи се финансира од прилозите на членовите на црквата, иако самата црква ретко се спомнува во списанието. Оваа „тактика на камуфлажа“ на нивниот идентитет во медиумите е карактеристична за култовите.
Адвентистите особено се привлечни затоа што ја истакнуваат традиционалната семејна вредност и здравјето на сите луѓе, кои се вознемирени заради современата дезинтеграција на семејството, и сè поголемата затруеност на храната. Теолошки, меѓутоа, на нивните аргументи лесно ќе им се спротивстават, оние, кои имаат солидно знаење за Библијата и историјата на Црквата.
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:05:29
2.Исповед на еден поранешен адвентист
Ништо од наведеното официјално нема да слушнете, но тоа што е наведено во праксата е најчест случај – чест на исклучоците
Адвентистите сметаат дека токму ним им е доверена најточната и најголемата вистина за Бога, па согласно со тоа настапуваат. Тоа што се од скоро и за нив не претставува никаков хендикеп, оти сметаат дека Елена Вајт е токму таа избраната и пророкот преку кого Бог ги објави своите последни вистини и упатства за човештвото. Согласно со овој став, тие не признаваат повеќе ниту еден пророк по неа. Врз основа на нејзините списи конструирана е целокупната „теологија“ која главно се врти околу празнувањето на саботата, како главна споредна работа (ако за нив тоа воопшто е споредна работа), покрај верувањето во оправданата Христова жртва на крстот.
Покрај тоа, тие себеси се сметаат авангардни и во доменот на здравата исхрана што ја нарекуваат „здравствена реформа“ и без која не проповедаат ниту една „библиска вистина“. Многу често се случува многу од нултата група (група на неупатени, кои прв пат доаѓаат во допир со адвентистите), ќе се заинтересираат токму со приказната за здрава храна, а човек и да не биде свесен дека зад тоа нешто друго се крие. Паралелно со тоа, настапуваат луѓе кои заинтересираните луѓе систематски продолжуваат да ги обработуваат и тоа во неколку насоки, во зависност од интересирањето и степенот на образование. Личностите од нултата група научнички заинтересирани се привлекуваат и по пат на креационистички предавања. (Креационизмот, наспроти еволуционизмот, пропагира дека зад совршениот ред во природата стои Бог, и тоа се обидува научно да го потврди). Предавањата што се организираат за таа цел најчесто се организирани на познати јавни места, а како организатор практично никогаш не се декларира адвентистичката црква, туку „Библиотека Логос“, „Дописна библиска школа“, „Духовен и културен центар“ и слично. Се оди со таков пристап заради наводните предрасуди на луѓето кон сектите, па тие ги користат овие скривалишта за полесно да им се приближат. Некогаш токму заради тоа, нивните плакати изгледаат многу „православно“.
На предавањата за здрава храна (како и на сите нивни предавања), најчесто доаѓаат луѓе од 18 до 40 години, со средно и високо образование.
По тие предавања, сите мислат дека се попаметни, зашто такво нешто никогаш не чуле (се разбира дека никогаш не им паднало на ум да ги прашаат православните монаси како тие се хранат). Адвентистите „здравствената реторика“ ја пропагираат како свој сопствен патент, и многумина дури и стануваат адвентисти затоа што ќе поверуваат во тоа. Од искуство знам дека би имало многу помалку адвентисти кога би се разбила фамата за „спасение преку желудник“. Овие зборови од Мојсеевите книги каде некои видови животинска храна се прогласени за нечисти, пред сè се сфатени како здравствена заповед, а помалку церемонијална.
Но дури сега започнува заплетот! Тие сега пронаоѓаат научно објаснување за да го докажат тоа и тогаш се јавуваат некои смешни „докази“. На пример, свињата е нечисто животно, не само заради телесните особини (не преживува како кравата или овцата), туку затоа што јаде се. А се знае дека таа понекогаш сака да си го изеде дури и сопствениот измет. Кокошката од друга страна е „чисто“ животно, но никој не споменува дека и таа често го прави истото. Вака може да се „докажува“ во недоглед.
Што се однесува до креационистичките предавања, тука работата е појасна уште на стартот. Тука веднаш се гледа дека се обидуваат вас да ве „натераат“ во верата со тоа што (уште малку па) ќе докажат дека Бог постои по пат на некои аналогии и философски докази од минатите векови (на пример, онтолошкиот доказ). Методот не е сосема лош, токму заради тоа што некои бариери сепак на тој начин се рушат, но, во крајна линија, ако човекот не е склон да верува дека постои Бог, тоа ништо нема да му значи.
Во групата еден (покрај сега „втераните“ креационисти и застапници за здрава храна) спаѓаат на пример, личности кои релативно се лесен плен заради тоа што, ако малку веруваат дека Библијата е дадена од Бога, склони се да ги прифатат објаснувањата за негативностите што се пропратни појави при занимавањето со окултизмот (гатање, астрологија, магија и т. н.). Да бидам појасен: еден спиритист добива многу јасен одговор од Библијата од кој му е јасно дека самиот Бог (а не некој човек) му забранува занимавање со такви работи. По ова сознание, тој лесно се наоѓа во тешка дилема: „Постои Бог, ми ги прати овие луѓе, кои ми даваат просветлување; можам да бирам вечна смрт или да им се придружам. Во православието да е вистината, досега тие, којзнае колку пати би ми го објасниле тоа…“ Ако го отфрлиш ова, ќе те отфрли Бог! Се разбира, ова никој не ви го кажува со тие зборови, но од јавниот настап токму тоа се заклучува.
На овој начин, некој од групата бр. еден веќе преминал во групата бр. два. Со ваквите луѓе работата веќе полу е завршена. Таквите само треба да го усвојат празнувањето на саботата, да не пијат кафе, алкохол и да не јадат нечисто месо, па со тоа прагот на „подобноста“ е поминат, и ете, новиот адвентист е роден! Се разбира, сето ова длабоко да го усвоите, одите на курсеви за „библиски вистини“, каде што преку стотина систематски одбрани стихови, вашето уверување дека сте на вистинскиот пат, станува цврсто како камен. За жал, ретки се оние кои од силата на аргументите и претходното познавање на Библијата можат да се спротивстават на таквите убедувања. На ова место почнува процесот на „перење на мозокот“. Постепено го отфрлате дотогашното сфаќање, а бидејќи ве убедиле дека Библијата „многу подобро знае“, тогаш вие ги прифаќате, без некоја посебна проверка на информациите што ви се сервираат. За да останете и опстанете во такво опкружување (кое дури има и своја терминологија нетипична за „надворешниот“ свет), морате и да мислите како нив. Ако покажувате знаци на отпор на ваквата агресија, во тој случај ќе останат фини со вас, но, или ќе ве изолираат, или ќе станат уште понападно љубезни, за еден ден да ве книжат како верник. Ако до крајот на курсот не покажете знаци за противење на она што ви се сервира, брзо доаѓате до „крштевање“. Во спротивно ќе ве казнат со тоа што вас нема да ве „крстат“, па како половина печен, а недопечен, лошо ќе се чувствувате во тоа опкружување.
Друг метод за приоѓање на нултата или првата група е по пат на предавања (маратонски), кои задолжително се занимаваат со пророштва: тука се цени вашата љубопитност за иднината преку гледање во филџан, на ѕвезди, грав, карти, дланка, да се насочи кон регуларното „гатање во Библијата“. Тој метод секогаш дава резултати во смисла на обликување на нови надежни саботари и јеховисти, но кој има погубни ефекти кога е во прашање религиозната пракса на таквите личности. Сите знаат за „фаците“ кои ѕвонат на вратата, па, кога ќе отворите незадржливо почнуваат да зборуваат за крајот на светот. Никој нека не се залажува дека тие се осамени и неорганизирани поединци. Зад нив стои војничко организирано братство, кое знае што прави. Секој од тие „преподобници“ (кога се во прашање „Јеховините сведоци“) поднесува неделен извештај што и колку направил, и врз основа на тоа се оценува неговата ревност. Што има тој од тоа понатаму, е работа на „локалната имплементација“. Со интензивно инсистирање на приказната за „крајот на светот“ кај потенцијалните жртви се буди стравот за сопственото спасение (што секогаш не е контрапродуктивно), но со назнака: „Спасението е само кај нас! Зошто православните не ви го проповедаат ова кога знаат што пишува во Библијата? Секако дека не проповедаат кога се поклонуваат на слики во црквите и се молат на светците, наместо на Бога!“… И сè така, во тој стил. Неинформираниот православен верник, без некакви подлабоки корени, брзо ќе застане на нивна страна со забелешката: „Па да, навистина е така… Види ги само оние поповите како ги „дерат“ луѓето за крштевање, а ние ништо не разбираме што мрморат кога се молат“… Тука настапуваат нивните пет минути и сè што отсекогаш сакале да кажат против Православието (и римокатолицизмот, се разбира – ним и онака им е се исто) ќе го исфрлат како од топ. Многумина дури и не ја чекаат вашата забелешка, туку веднаш, при првата средба ќе ве нападнат со вакви клеветења. Тие тоа го прават без никаков срам, бидејќи сметаат дека Бог им одобрува што така прават за Него! За жал, не се борат толку срдечно за чистотата на верата кога нивната секта е во прашање, Зашто „ете, сите ние сме грешни, сатаната нас нè искушува“. Изгледа дека само ним Бог им ги толерира гревовите, и дека само ним им простува, бидејќи единствено тие „знаат“ што е „вистинско покајување“. Во ваков стадиум се навлегува дури кога ќе имате стаж во трите групи на целосно предадени следбеници на сектата. За жал, за голем дел од нив, веќе е доцна зашто мозокот веќе им е „измиен“ и сите механизми на самокритика атрофирале. Заради тоа во редовите на адвентистите може да има поддршка и организација каква што е АДРА, која само на хартија е исклучиво хуманитарна организација, а во стварноста има изразена, но прикриена прозелитска дејност. Дека тоа е така, потврдува и фактот што водачите од АДРА, секогаш се жалат дека, ете, поделиле толку и толку храна и пакети, а дека се крстиле само толку и толку (изгледа очекувале дека нашиот народ е толку неправославен, што по првиот залак од нивната „помош“ ќе ја промени верата. Ако се случи во некоја средина да има многу луѓе за пакети, а помалку за „крштевање“, тие продолжуваат да ги хранат само оние кои се „крстиле“, или се подготвуваат да го направат тоа. За другите нема! И сето тоа е согласно со Библијата (има и стихови на кои тогаш не се повикале).
Голем адут им беше блокадата на Сараево кога единствено АДРА, покрај УНПРОФОР, можела да влезе во градот. А како влегувала? Па убаво, давале по десетина илјади марки за да се пропушти конвојот, а и дел од товарот го отстапувале. Сè за реклама: АДРА единствено поминувала (се разбира, кога Бог е „на наша страна!“). Верниците кои во Србија и по светот ги слушаат овие приказни не насетуваат за какви малверзации се работи. Се прашувам, со кои пари подмачкувале за време на хиперинфлацијата, кога адвентистичките цркви во Белград, од прилозите на верниците, не можеле ни за струја да соберат? Тогаш платите на проповедниците биле по 150 марки (што стигнувале од странство) додека верниците од своите 1-2 марки давале десеток на име плата за тие исти проповедници. Или од кои пари е купен адвентистичкиот теолошки факултет на Баново брдо (цена 1,5 милион марки) и луксузно реновиран и опремен (300.000 марки од „непознато“ потекло). А мнозината верници мисли: „Бог ни се смилува!“
Дека сè „смрди“ – се гледа и кога верникот (читај – јас) ќе почне да поставува „незгодни“ теолошки прашања. Тука започнува менталната тортура. Најпрво, искрено се загрижуваат за вас заради „девијација“, се обидуваат да ве убедат во спротивното, ако не успеат со „мек“ начин, тогаш се пристапува кон многу ефикасниот метод: во вас будат страв дека нема да се спасите ако отстапите од важечките доктрини, зашто дознавајќи за таква „светлост“, сте одговорни пред Господа и во тој случај Он ќе ве отфрли и вас. Паралелно со ова убедување, тие подигаат и заштитна ограда кон вас, оти и самите се плашат од „зарази“ од такви идеи на проверка на „проверените библиски вистини“, па на крајот и самите брзо сфаќате дека вас ве третираат како ментално болен, на кого треба да му се врзе лудачка кошула и да се затвори во некоја мрачна ќелија, за никој да не го вознемирува. Сите оние кои се обидувале да разговараат со класичен секташ (а и јас бев таков) наидувале на самоодбрана. Желбата за неразмислување, залулкување е толку силна што човекот во таква средина го претвора во најобично растение, кое едвај дава знаци на ментален живот. Затоа вие официјално никогаш не можете да обвините некоја секта од типот на адвентистите за тортура на своите членови, зашто тие членови, во крајна линија, со нивна помош, самите на себе си го „мијат мозокот“.
Кога се во прашање адвентистите, тука се јавува и параноичниот страв од гонење (сигурно адвентистите сите еден ден ќе ги гонат зашто не сакаат да јадат свинско, и затоа што упорно ја празнуваат саботата). Таа манија се подгрева дури и со нивната „теологија“, откако Елена Вајт прорекла дека тоа ќе се случи. Така имаме многу комични ситуации со бројката саботари: доволно е некаде некој негативно да ги спомене или, не дај Боже, да ги обвини (основано или неосновано), и тие, веднаш почнуваат помеѓу себе да шепотат за тоа како се приближува крајот на светот, зашто, еве, тука се првите знаци на „прогонство“ (тоа е токму нивниот официјален термин). Ако тоа го стори некој православен свештеник, температурата меѓу нив толку се покачува што веднаш се организираат молитвени состаноци.
Во колку се случи сепак да ги напуштите, тогаш најчесто се применува методот на ненаметлива, но практично непробојна изолација од поранешните членови. Потоа, и да се случи со некого да разговарате, немате впечаток дека и тој разговара со вас, туку дека тој несвесно почнува да ве убедува дека многу пропуштате – губите што не сте во сектата.
На крајот, морам да кажам дека сум многу нажален заради многу мои поранешни пријатели, кои поради неверојатниот страв за најтврда конзервативност на своето мислење ја отфрлија понудената рака на пријателство. Најтажен е фактот што на таквите личности може да им помогне единствено Господ и нашата молитва. Било каков разговор и убедување доведуваат до уште подлабоко повлекување во својата „куќичка“ од челик на сопствената заблуда.
Адвентистите сметаат дека најмногу ќе ги прогонуваат оние кои некогаш биле нивни членови. Не сакам да ги изгубам засекогаш, за мене драгите луѓе, така што ќе им потхранувам една таква заблуда. На оние кои не загазиле во ниту една секта, треба да им се зборува за убавината на Православието, а другото ќе си дојде на свое место.
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:06:30
3.Одговор на учењето на баптистите
Г. Учењето на баптистите:
И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме како заедничко учење на повеќето секти, за нив е карактеристично:
1. Тврдат дека нема прародителски грев;
2. Грешниците не можат да бидат членови на нивната „црква“;
3. Немаат хиерархија, туку самоуправување;
4. Немаат Свети Тајни, туку само обреди;
5. Ги крштеваат само возрасните, и тоа не заради простувањето на гревовите, бидејќи по нив крштевањето не е услов за спасение;
6. Со сите сили се стремат да се одвои „црквата“ од државата;
7. Тврдат дека спасението е можно само со вера.
Православен одговор:
——————————————————————————–
1. Светото Писмо јасно зборува за прародителскиот грев: „Ете, во беззаконија сум зачнат и во грев ме роди мајката моја“ (Псал. 50, 5). „Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, на таков начин и смртта премина на сите луѓе…“ (Рим. 5, 12).
2. Господ Исус Христос дошол заради спасение на болните и грешните, никој освен Него не е без грев.
3. Господ ја поставил хиерархијата: Он самиот е глава на Црквата, потоа доаѓаат апостолите, па епископите, презвитерите, ѓаконите итн. (Да се прочитаат Делата апостолски).
4. И сите Свети Тајни имаат своја основа во Светото Писмо.
5. Крштевањето навистина е основа на спасението:
„Кој ќе поверува и се крсти ќе биде спасен; а кој не верува ќе биде осуден“ (Марко 16, 16); „…Ако некој не се роди од вода и дух не може да влезе во царството небесно“ (Јован 3, 5); а за крштевањето на децата да се прочита: Дела 10, 2, 47; 16, 14-16; 30, 39; 1. Кор. 1,16. И со верата на ближните можно е спасение (Мат. 8, 5-13; 9, 18-25; 15, 22-28; итн.), што е основа за крштевање на малите деца и кумството.
6. „Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е дадена од Бога“ (Рим. 13, 1, 5), и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.
7. Апостол Јаков зборувал дека верата без дела е мртва (Јак. 2, 17, 20, 26), верата без љубов е мртва (1. Кор. 13,2).
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:06:59
4.Одговор на учењето на пентекосталците
В. Учењето на пентекосталната секта:
——————————————————————————–
Вакви секти има повеќе, учењето им е шаренолико, а потекнуваат од баптистите и методистите од Америка. Основна карактеристика им е наводниот „дар за зборување јазици“. Се јавиле околу 1900 година. Кај нас се појавиле пред Втората светска војна.
Дека Светиот Дух ќе слезе на апостолите било проречено и остварено. (Лука 24, 49; Јован 16, 26; Дела 2, 1-18). Во Евангелието се зборува дека оваа појава ќе се случи само еднаш, без ветување дека ќе се повтори. Во времето на апостолите дарот за зборување јазици бил драгоцен: и како потврда за излевањето на Светиот Дух, и заради проповедањето и мисионерството по разните краеви на светот.
Пентекосталците прво се молат за дарот за зборување јазици што и им „успева“, а потоа за дарот за разбирање на истите јазици, што навистина никогаш не им успева, бидејќи се работи за дрдорење кое не значи ништо и кое не е ни човечки јазик. Можеби е демонски? Апостол Павле во 1. Кор. 14, 27-28, вели дека е „…ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе си и на Бога“. Дарот на зборување на странски јазици познат е во окултизмот како појава на глосолалија и ксеноглосија. Тоа е често знак на опседнатост од лошиот дух. Овие и слични појави многу добро се опишани во книгата „Православието и религијата во иднина“ од јеромонахот Серафим Роуз.
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:07:27
5.Одговор на учењето на адвентистите
Б. Учењето на адвентистите:
Покрај напред наведените заеднички карактеристики скоро на сите секти, адвентистите (саботарите) неколку пати го предвидуваа датумот на Второто Христово доаѓање на земјата, а и денес сметаат дека Господ Исус Христос многу скоро ќе дојде. Сметаат дека папата е антихрист. Јадењето го делат на чисто и нечисто. Не употребуваат никаков алкохол. Славењето на саботата го наведуваат како доказ дека тие се единствената вистинска Христова црква.
Адвентистичката секта ја основал фармерот баптист Вилијам Милер и тоа кога по две неуспешни пресметки за второто доаѓање на Исус Христос (крајот на светот) во 1844 година Баптистичката „црква“ го исклучила од својот совет (јануари 1845 година). Бидејќи Господ Исус Христос не дошол, смислиле дека на „претскажаниот“ ден се случило чистење на небесната светост.
Милер не бил саботар, за сабота почнала да проповеда дури Еврејката Рахила Престон. Потоа се појавила „пророчката“ Хелена Вајт (1827 – 1915), која имала визии и „откровенија“. Таа многу пишувала.
Адвентистите имале уште еден неуспешен обид за пресметување на времето на второто Христово доаѓање (6. VI. 1925). Доаѓањето детално е опишано, но не се случило.
Сите овие пресметувања довеле до тоа многу луѓе да поверуваат, па ги распродале своите имоти, парите ги поделиле на сиромаштијата, по што некои се убиле, бидејќи останале без никакви средства за живот. Многумина по судски пат ги барале назад имотите, што пред тоа ги подариле. Таква е таа „вера“. Адвентистичките верници задолжени се на својата „црква“ да ì даваат десетина од сите свои приходи.
Адвентистите многу повеќе внимание му посветуваат на Стариот отколку на Новиот Завет. Кај нас се појавиле околу 1903 година.
Пред неколку години во Белград основале и „теолошки факултет“.
Православен одговор:
1. Што се однесува до прогнозата за времето на Второто Христово доаѓање, Он самиот за сите времиња рекол: „Никој не го знае ни денот ни часот…“ (Мат. 24, 36); и „не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт“ (Дела 1, 7).
2. Дали папата е антихрист? Имало многу папи, а Светото Писмо зборува за еден антихрист.
3. Апостолот Петар мислел дека јадењата треба да се делат на чисти и нечисти, па Господ го опоменал: „Она што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто“ (Дела 10, 15)
4. Што се однесува до употребата на алкохолот, сигурно дека е грев да се опива, но да го забранил Христос виното на свадбата во Кана Галилејска не би ја претворил водата во вино (Јован 2, 1-11). Во псалмот 104 (14-15) пишува: „Виното го весели срцето на човекот“. Да се прочита: Рим. 14, 14.
5. Најважниот аргумент на адвентистите е славењето на старозаветната сабота и отфрлањето на неделата. Меѓутоа, саботата е еврејски празник (2. Мој. 31, 12; Јован 5, 1-9) и се слави во спомен на излегувањето на Евреите од Мисир (5. Мој. 5, 1). Стариот Завет и закон престануваат (2. Кор. 3, 11) „сенка на новозаветната стварност“ (Кол. 2, 17). Пророкот Осиј (2, 11) прорекол укинување на саботата и сите старозаветни празници, а апостол Павле во Посланието до Колосјаните вели: „нека не ве осудува за јадење и пиење или за некој празник…, или сабота: тоа е сенката на иднината, а телото е Христос“ (2, 16-17).
Да се прочита: Лука 16, 16; Мат. 11, 13; Марко 2, 27; 2. Кор. 3, 7; Гал. 3, 24-25; 5, 4; 2. Мој. 2, 27.
Господ Исус Христос ни покажа кој дел е Негов: Евреите го прогонувале и сакале да го убијат зашто не им ја признавал саботата, во сабота лежел мртов во гробот, а во недела воскреснал, и донел спасение на целиот човечки род. Лесно е да се заклучи дека неделата, како ден на воскресението, неспоредливо е поважна од споменот на излегувањето на Евреите од Египет. Славењето на неделата – денот на воскресението почнува од апостолите (Дела 20, 7-8), додека на саботата ì го дале она значење што ì припаѓа, таа ì претходи на неделата, како што Стариот Завет му претходи на Новиот, како што законот им претходи на љубовта и благодатта.
Ние православните ја славиме саботата на соодветен начин: тој ден богослужбите се поинакви, забранет е пост, клечење итн.
За неделата да се прочита: Марко 28, 9-10; Марко 16, 12; Лука 24, 34; Јован 20. 1, 11-17, 19-29; Дела 1,4; 20,7-8…
Што се однесува до „пророчката Хелена Вајт“, апостол Павле нè упатува: „Клони се од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука“ (1.Тим. 4, 6; 6, 20).
За лажните пророци да се прочита втората глава од второто послание на апостол Петар!
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:07:58
6.Одговор на учењето на Јеховините сведоци
А. Учењето на Јеховините сведоци:
——————————————————————————–
Мешавина од сите ереси осудени од седумте Вселенски собори – нема ништо христијанско што не го одрекле или извитопериле:
1. Сметаат дека во Светото Писмо нема ни трага од учењето за Светата Троица, дека тоа е многубоштво, бидејќи 1+1+1=3, а не 1;
2. Бог не е секаде присутен, има свое место – престол и може да му се пристапи;
3. Исус Христос не е Бог. Не воскреснал телесно, туку духовно;
4. Светиот Дух не е Бог, туку Божја сила;
5. Сметаат дека душата не постои како таква, туку дека крвта е душа, затоа на верниците не им дозволуваат трансфузија со крв, што често доаѓа до непотребно губење на животот;
6. Веруваат во скорото доаѓање на Христовото илјадагодишно овоземно царство;
7. Сметаат дека Исус Христос по вторпат дошол на земјата невидливо 1974 година;
8. Се служат со нов, „поточен“ превод на Светото Писмо.
Православен одговор:
1. Токму Светото Писмо учи за еден Бог по суштина, кој се јавува во три Лица (Ипостаси), како Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно“ (1. Јов. 5, 7). Да се прочита: 1. Мој. 1, 26-27; 3, 22; 18, 1-4; Мат. 3, 16-17; 28, 19-20.
2. Бог насекаде е присутен. Во Светото Писмо има многу докази. Овде ги наведуваме: „Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето и таму си“ (Псал. 139,7-10). „Може ли некој да се скрие на тајно место да не го видам Јас? – зборува Господ; не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? – вели Господ“ (Јерем. 23, 24).
3. Исус Христос е Бог. Апостол Павле вели:
„Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20, 28). Да се прочита:
Иса. 9, 6; Јован 1, 1; 10, 30; 14, 9; 16, 30; Рим. 9, 5; 1. Јов. 5, 20 итн.
4. И за божеството на Светиот Дух постојат многу докази во Светото Писмо: „…рече Богот на израел“ (2. Цар. 23, 2-3); „…не ги излага луѓето туку Бога“ (Дела 5, 1-4). (Да се прочита Матеј 12, 32).
5. Душата постои, свесна по телесната смрт, и бесмртна: „Луѓето на умирање офкаат низ градовите и душите на ранетите викаат за помош“ (Јов 24, 12). „Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“ (Мат. 10, 28). Да се прочита за разбојникот што се покајал (Лука 23, 43), и Лука 16, 19-31; Марко 9, 1-8. Во Стариот Завет пишува: „Авраам им се придружи на своите луѓе“ (1. Мој. 25, 8; 49, 29, 33), а тој не е погребан кај своите предци (1. Мој. 52, 8-9). Татко му е погребан во Харан (1. Мој. 11,32). Повторно да се прочита: 1. Мој. 15, 15; 1.Петр. 3, 18-19; 4, 6!
6. Нема ништо од царството на земјата, бидејќи „земјата ќе изгори“ (2. Петр. 3,10), но „ќе дојде ново небо и нова земја“ (2. Петр. 3, 13).
7. „Никој не го знае денот ни часот“ (Марко 13, 23).
8. Јеховиниот превод не треба ни да се коментира, бидејќи на сите страни има манипулации, скратувања, дополнувања и слично.
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:08:29
7.Што било прво: Црквата или Новиот Завет?
Свештеник Џејмс Бернштајн
ШТО БИЛО ПРВО: ЦРКВАТА ИЛИ НОВИОТ ЗАВЕТ?
——————————————————————————–
Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, го стекнував со сопствено читање на Библијата. Кога бев на колеџ, џебното издание на Светото Писмо ми беше постојан придружник. Омилените делови од Светото Писмо ги учев напамет, и си ги рецитирав кога бев во искушение, или на други, кога сакав да ги приближам до Христа.
Библијата за мене и до ден денес е најважната книга, некогаш објавена. Од сето свое срце со апостол Павле можам да кажам: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата“ (2. Тим. 3, 16).
Тоа се добри вести!
Лошите вести се во тоа што секогаш јас за себеси одредував што кажува Писмото. На пример, бев толку воодушевен знаејќи дека Исус е мој близок и личен пријател, па мислев дека мојата свест за Неговото присуство е сè што ми треба. Затоа ги подвлекував стиховите за Исус со својот жолт фломастер, но поминував покрај деловите за Бог Отец или за Црквата, или за крштевањето.
Библијата ја гледав како небесен прирачник со упатства. Не мислев дека ми е потребна Црква, освен како место за нови пријателства, или да се научи нешто повеќе за Библијата, за да се биде уште подобар „направи сам“ христијанин. Почнав да мислам дека сиот свој живот, како и Црквата, ќе ги изградам со помош на Книгата. Сакам да кажам дека само Светото Писмо го сфатив најсериозно! Историјата на спасението ми беше јасна: Бог го пратил Својот Син, заедно со Него и Светиот Дух, тогаш се создал Новиот Завет за да ни го објасни спасувањето и на крајот се развила Црквата.
Блиску, можеби, но не и доволно блиску до вистината.
Да побрзам и да кажам дека Светото Писмо е она што сакал Бог да биде. Не е проблемот во Библијата. Проблемот е во начинот на кој јас ја индивидуализирав, субјективизирав во своите лични толкувања, од кои некои не се особено лоши, други пак, особено добри.
Борба за разбирање
——————————————————————————–
Не помина долго време, од моето преобратување во христијанство, кога сфатив дека сум се вплеткал во збрка на религиозно секташтво, во која христијаните се делат по едно или друго прашање. На пример, изгледаше дека за Второто Христово доаѓање има толку мислења колку што има луѓе кои учествуваат во дискусијата. Затоа сите се повикувавме на Писмото. „Јас верувам во Библијата. Ако тоа го нема во Библијата, не верувам во тоа“, беше мојот борбен вик. Тоа што не го сфатив е дека и сите други го зборуваат истото што и јас! Не беше Библијата, туку личното толкување на секого од нас, тоа што станало наш најголем авторитет. Во времето кога силно се нагласуваат мислењето и самодовербата постанував самиот свој папа!
Начелото што ме раководеше и што го користев при толкувањето на Светото Писмо изгледаше многу едноставно, кога е очигледно здраворазумското значење на Писмото, немој да бараш никакво друго значење! Верував дека оние кои се вистински доследни и чесни во следењето на ова начело мора да дојдат во христијанско единство. За мое изненадување, овој „здраворазумски“ пристап не водеше до зголемување на христијанската јасност и единство, туку пред сè, до духовна „борба на сите против сите“. Тие кои најсилно нагласуваа дека се потпираат „само на Библијата“ беа склони да станат најизвештачени, најсклони кон поделби, најкавгаџии меѓу христијаните – можеби ненамерно. Навистина, ми изгледаше дека некој колку повеќе се држи до Библијата, како единствен извор на духовен авторитет, тој сè повеќе станува извештачен и склон кон секташење. Вообичаено ни беше жестоко да се караме дури и околу стиховите за љубовта!
Во рамките на мојот кружок на другари кои веруваат во Библијата, бев сведок на мини експлозии на секти и шизматички движења, од кои секој тврдеше дека е „верен единствено на Библијата“ и секој беше во огорчен судир со сите други. Сериозни судири се јавуваа околу било што, што може да се замисли: харизматичните дарови, пророштвата и исправниот начин на богослужење, причестувањето, управувањето со Црквата, учењето, црковната дисциплина, моралот, одговорноста, евангелизирањето, општественото делување, односите меѓу верата и делата, улогата на жената, екуменизмот. Списокот е бескраен. Било кое прашање можеше, и сè уште ги доведува христијаните до поделби. Плод на секташкиот дух е јавувањето на илјадници независни цркви и деноминации.
Кога во најголема мерка ме завладеа секташкиот дух, мојот радикализам се зголеми, и почнав да верувам дека сите цркви се небиблиски: да се стане член на било која црква би значело да се издаде верата. За мене, „црквата“ значеше: „Библијата, Бог и јас!“
Непријателството кон црквите добро се совпаѓаше со моето еврејско потекло. По природа бев недоверлив кон црквите, бидејќи чувствував дека го издале Христовото учење, учествувајќи или пасивно превидувајќи го прогонот на Евреите низ историјата. Но, колку повеќе бев секташки настроен – до таа мера што станав неподнослив и антисоцијален – сè повеќе сфаќав дека нешто длабоко не е во ред со мојот пристап кон христијанството. Мојот духовен живот не функционираше.
Очигледно, моето лично држење до верувањето во Библијата и тоа што таа учи ме одведуваше од љубовта и заедницата со моите ближни христијани, а со тоа, ме одведуваше од Христа. Како што пишува свети Јован Евангелистот: „Кој не го љуби братот свој кој го гледа, како може да го љуби Бога, кој не го видел?“ (1. Јов. 4, 20). Поделбата и непријателството не беа тие што ме приведоа до Христа. Знаев дека одговорот не е во негација на Верата или во отфрлањето на Писмото. Нешто мора да се менува. Можеби треба јас да се променам.
Се свртев кон изучување на историјата на Црквата и Новиот Завет, надевајќи се дека тоа малку ќе го осветли начинот на кој би требало да им пристапам на Црквата и Библијата. Резултатите воопшто не беа онакви како што очекував
Title: Re: Македонска Православна Црква – МПЦ
Post by: Jovica on 15 July 2008, 01:09:19
Апостолска Библија
——————————————————————————–
Моето почетно расположение беше – дека сè што било добро за апоостолите, тоа беше доволно добро и за мене лично. Тогаш прв пат се изненадив. Како што пред малку споменав, знаев дека апостол Павле Светото Писмо го сметал Боговдахновено (2. Тим. 3, 16). Но, јас секогаш сметав дека „Писмото“ за кое тој тука говори ја подразбира целата Библија – и Стариот и Новиот Завет. Во реалноста немало „Нов Завет“ кога тој тоа го изјавил. Дури и Стариот Завет уште бил во фаза на формирање, бидејќи Евреите уште не се определиле за конечен список или канон од старозаветни книги, сè до подемот на христијанството.
Колку понатаму проучував, открив дека раните христијани го употребувале грчкиот превод на Стариот Завет наречен Септуагинта. Овој превод што е започнат во египетска Александрија три века пред Христа, содржел проширен канон, кој во себе вклучил извесен број таканаречени „девтероканонски“ книги. Макар што на почетокот имало расправи околу овие книги, христијаните на крајот ги вклучиле во старозаветниот канон.
Реагирајќи на подемот на христијанството, Евреите го стесниле својот канон и на крајот од него ги исклучиле девтероканонските книги иако и понатаму ги сметале за свети. Современиот еврејски канон не бил строго фиксиран сè до третиот век по Христа. Интересно е што таа подоцнежна верзија на еврејскиот канон на Стариот Завет ја усвојуваат мнозина современи протестанти наместо законите на раното христијанство.
Кога апостолите живееле и поучувале немало Нов Завет и Стариот Завет сè уште не бил довршен. Концептот на „Писмото“ бил многу помалку дефиниран отколку што го замислував јас.
Ранохристијански дела (документи, акти)
——————————————————————————–
Второто големо изненадување ми беше кога сфатив дека првиот комплетен список на новозаветни книги, какви што имаме денес, се појавил по повеќе од триста години од смртта и воскресението Христово. (Првиот комплетен список го составил свети Атанасиј Велики во Воскресенското послание 367 година по Христа.) Замислете! Пишувањето на Новиот Завет ако започнало во исто време кога се појавил и уставот на САД, не ќе се видеше конечната верзија до 2076 година!
Четирите Евангелија се напишани од триесет до шеесет години по Христовата смрт и воскресение. Во меѓувреме, Црквата се потпирала на усното предание – сведочење на очевидците, како и на расфрлени предевангелски документи (какви што се наведуваат во 1. Тим. 3, 16 и 2. Тим. 2, 11-13) и пишани преданија. Повеќето цркви го имаа само оној дел од она што ќе стане Нов Завет.
Кога сведоците на Христовиот живот и учење почнале да умираат, апостолите, водени од Светиот Дух, пишувале за да ги сочуваат и зацврстат расфрлените пишани и усни преданија. Бидејќи апостолите очекувале дека Христос наскоро ќе се врати, изгледа немале на ум дека овие евангелски извештаи и апостолски писма, своевремено ќе бидат собрани во нова Библија.
Во текот на првите четири века по Христа имало суштинско несогласување околу тоа, која книга треба да се вклучи во канонот на Писмото. Првата личност за која е забележано дека сакала да го востанови новозаветниот канон бил еретикот од вториот век Маркион. Тој сакал Црквата да го исфрли своето еврејско наследство и затоа сосема го отфрлил Стариот Завет. Маркионовиот канон вклучил само едно евангелие, кое тој самиот го издал и десет Павлови посланија. Тажно е, но вистинито, дека првиот обид за Новиот Завет бил еретички.
Многу научници сметаат дека раната црква решила да создаде свој јасно одреден канон делумно заради реакцијата на искривениот Маркионов канон. Разрушувањето на Ерусалим, 70 години по Христа, исчезнувањето на еврејската христијанска заедница во тој град, и заканата дека ќе се изгуби континуитетот на усното предание можеби, исто така, придонеле за неодложната потреба Црквата да го стандардизира списокот на книгите на кои христијаните можат да се повикуваат.
Во текот на еволуцијата на канонот, како што веќе спомнавме, на повеќето цркви им бил достапен само мал број апостолски документи, а можеби некои од нив немале ниту еден. Книгите на Библијата со напор рачно се препишувале, што барало многу време и труд. Исто така, бидејќи повеќето биле неписмени, можеле да ги читаат само оние малкумина привилегирани. Запознаеноста на повеќето христијани со Писмото се сведувала само на она што се читало во црквите – Законот, Пророците, Псалмите, некои од апостолските сеќавања. Прогонствата на христијаните од Римската империја и постоењето на многу документи со неапостолско потекло дополнително ја комплицирале започнатата работа.
Тоа беше моето трето изненадување. На некој начин јас наивно си замислував дека секоја куќа и секоја парохија ги имале во целост Стариот и Новиот Завет уште од појавувањето на Црквата! Мене ми беше тешко да замислам дека Црквата опстојувала и напредувала без комплетниот Нов Завет. Можеби тоа беше мојот вистински клуч за одгатнување на фактот дека севкупниот живот на Црквата е многу поширок отколку само напишаните зборови.
Евангелие по кого?
——————————————————————————–
Следното што ме изненади е откривањето дека многу „евангелија“, покрај оние од новозаветниот канон, кружеле во првиот и вториот век. Тие биле: Евангелието според Евреите, Евангелието според Египќаните, Евангелието според Петар и др.
И Новиот Завет зборува за постоењето на такви документи. Евангелието по Лука започнува со следните зборови: „Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, намислив и јас да ти пишам точно по ред“ (Лука 1. 1, 3). Кога пишувал Лука, Матеевото и Марковото Евангелие биле единствените две напишани канонски евангелија.
Со текот на времето сите, освен четирите Евангелија, биле исклучени од новозаветниот канон. На почетокот на христијанството дури постоел и спор околу тоа, кои четири евангелија треба да се употребуваат. Повеќето малоазиски христијани повеќе го користеле Евангелието според Јован отколку евангелијата на Матеј, Марко и Лука. Потпирајќи се на описот на Страдањето што се наоѓа во Евангелието според Јован, повеќето малоазиски христијани Велигден го славеле поинаку од оние во Рим. Римските христијани имале извесен отпор кон Евангелието според Јован и наместо него ги користеле другите евангелија. Западната Црква извесно време се двоумела да се служи со Евангелието според Јован, затоа што гностичките еретици го користеле заедно со своите „тајни“ евангелија.
Следната полемика избила околу тоа, дали треба да постојат одвоени евангелија или единствено компониран евангелски извештај. Во вториот век Татијан, ученик на свети Јустин Маченик, објавил единствено „компонирано“, „хармонизирано“ евангелие со наслов „Дијатесарон“. Сириската Црква ова компонирано евангелие го користела во вториот, третиот и четвртиот век; таа не ги применувала сите четири евангелија сè до петтиот век. Исто така, извесно време не ги согледувале: Јовановите Посланија, Второто Петрово, како и книгата Откровение.
За уште повеќе да се искомплицираат работите, Црквата на Египет, како што се гледа во канонот од вториот век, што го составил св. Климент Александриски, вклучувала евангелија според Евреите, Египќаните и според Матеј. Покрај тоа сметале дека со апостолско потекло се: Првото Послание на Климент Римски, Посланието на Варнава, Петровата Проповед, Дидахи, Протоевангелието Јаковово, Делата на Јован и Пастирот на Ерма (за кого сметале дека е особено вдахновен). Иринеј (вториот век), замолкнатиот епископ од Лион во Галија, го вклучил Петровото Откровение во својот канон.
Други книги што предизвикувале противречност
Мојата омилена новозаветна книга Посланието до Евреите, во многу пописи на Западната Црква во вториот, третиот и четвртиот век јасно била исклучена. Пред сè, благодарение на влијанието на блажениот Августин врз некои северноафрикански собори, Посланието до Евреите конечно е прифатено на Запад при крајот на четвртиот век.
Од друга страна, пак, книгата Откровение, позната како Апокалипса, напишана од апостол Јован, неколку века не била прифатена од источната Црква. Меѓу источните авторитети кои ја отфрлиле оваа книга биле: Дионисиј Александриски (трети век), Евсевиј (трети век), Кирил Ерусалимски (четврти век), Лаодикискиот собор (четврти век) и Теодорит (петти век). Да додадеме дека сириските и ерменските составувачи на Новиот Завет ја испуштаат оваа книга. Многу грчки ракописи на Новиот Завет, напишани пред петтиот век не ја содржат Апокалипсата, и таа во источната Црква литургиски не се користи ни денес.
Свети Атанасиј го поддржал вклучувањето на Апокалипсата и пред сè благодарение на неговото влијание, Црквата од исток на крајот на краиштата ја вклучила во Новиот Завет. Изгледа дека раната Црква направила внатрешен договор во врска со Откровението и Посланието до Евреите. Истокот од каноните ја исклучил Апокалипсата, а Запад – Посланието до Евреите. Едноставно, секоја од страните се согласила да ја прифати спорната книга од другиот.
Интересно е дека во шеснаесеттиот век таткото на протестантската реформа, Мартин Лутер, сметал дека книгите на Новиот Завет треба да бидат „степенувани“ и дека некои се „повдахновени“ од другите (т.е. дека постои канон во каноните). Лутер им дал секундарно значење на Посланието до Евреите, на Јаков и Јуда како и Апокалипсата, сместувајќи ги на крајот од својот превод на Новиот Завет. Замислете, човекот што ни ја дал Sola Scriptura врз себе ја презел одговорноста да го редактира Словото Божјо.
Новиот Завет созрева
Особено бев заинтересиран за барање на најстариот легитимен попис на новозаветните книги. Некои веруваат дека тоа е Мураториевиот кодекс од крајот на вториот век. Тој ги исклучува Посланието до Евреите и Јакововото како и две Петрови кои ги вклучува Петровото Откровение и Соломоновата Премудрост. Поимот „Нов Завет“ не се користи сè до 200 година – 170 години по Христовата смрт и воскресението – кога за прв пат го употребува Тертулијан.
Ориген, кој живеел во третиот век, се смета за прв систематичен теолог (иако често систематски грешел). Тој ја доведувал во прашање автентичноста на Второто Петрово и Второто Јованово послание. Исто така тој ни соопштува дека на своите долги патувања сретнал цркви што го отфрлаат Второто послание до Тимотеј затоа што посланието зборува за „тајниот“ документ – книгата Јанија и Јамврија, создадена врз основа на усни еврејски преданија (2. Тим. 3, 8). Книгата Јудина е сомнителна заради тоа што содржи цитат од апокрифното „Мојсеево Вознесение“, исто така создадено врз основа на еврејски преданија (Јудина 9).
Проучувајќи го четвртиот век открив дека Евсевиј, „таткото на црковната историја“, како спорни книги ги споменува посланијата на Јаков, Јуда, Второто Петрово, Второто Јудино, а Откровението Јованово сосема го отфрла.
Codex Sinaitikus најстариот новозаветен ракопис што го имаме, а ги вклучува сите новозаветни книги, откриен во православниот манастир „Света Екатерина“ на Синај, се датира во четвртиот век и ги содржи сите книги што ги има во современиот Нов Завет, но и Посланието на Варнава и Ермовиот „Пастир“.
Во четвртиот век царот Константин бил незадоволен од судирот на христијаните и аријаните околу Христовото Божество. Бидејќи Новиот Завет сè уште не бил конечно оформен, извршил притисок да се одреди канон на Новиот Завет и конечно да се заклучи, за да помогне во решавањето на јавениот спор и да донесе религиозно единство во својата поделена империја. Па сепак, Codex Alexandrinus ги вклучува 1 и 2 Климентово послание дури во петтиот век, покажувајќи дека споровите околу каноните не биле секаде решени дури ни дотогаш.
Кој одлучил?
Со текот на времето, Црквата востановила кои документи навистина се апостолски, а кои не се. Таа борба била долга и траела неколку векови. Во текот на утврдувањето, Црквата неколку пати се состанувала на Собори. Овие црковни Собори се соочувале со многу прашања, меѓу кои било и прашањето за канонот на Писмото.
Важно е да се воочи дека причината за Соборите била утврдување и потврдување на она што во Црквата како целина веќе конечно било прифатено. Црквата канонот го утврдила востановувајќи што е очевидна вистина и пракса на црквите Божји. Соборите настојувале да го објават она што е соборно умување на Црквата, и да го одразат единството на верата, праксата и преданијата, кои веќе постојат во помесните цркви.
Соборите нам ни даваат специјални записи преку кои Црквата јасно и едногласно ни соопштува што прави Писмото. Меѓу многуте собори што се одржале во текот на првите четири века, два се особено значајни во овој контекст:
1. Лаодикискиот Собор е одржан во Мала Азија околу 363 година. Тој е првиот Собор кој јасно ги наброил книгите на сегашниот Стар и Нов Завет, исклучувајќи го Јовановото откровение. Лаодикискиот Собор востановил дека само наброените книги треба, и можат да се читаат во храмот. Неговите одлуки широко се прифатени на Исток.
2. Третиот Картагински Собор се одржал во Северна Африка околу 397 година. Овој Собор, на кој бил и блажениот Августин, дал целосен список на канонски книги и на Стариот и на Новиот Завет. Дваесет и седумте книги на сегашниот Нов Завет се прифатени како канонски. Соборот исто така усвоил дека овие книги треба да се читаат во црквите како Божествено Писмо, а другите да се исклучуваат. Соборот широко е прифатен на Запад.
Балонот пукна
Колку подлабоко ја изучував историјата на Новиот Завет, сè повеќе увидував како моите некогашни, површни концепции се распаднаа една по една. Сега конечно го разбрав она што било очигледно: дека Новиот Завет се состои од дваесет и седум документи кои, сигурно од Бога се вдахновени – ништо не може да го измени ова уверување! – биле напишани и собрани од страна на луѓе. Исто така ми стана јасно дека не бил направен од обични поединци кои работеле изолирано – туку тоа бил соборен напор на сите христијани насекаде – Телото Христово, Црквата Божја. Овој заклучок ме принуди да се соочам со уште два факта кои претходните предрасуди ме наведуваа да ги избегнам: 1. Доброто и неопходноста од човечкото учество во пишувањето на Писмото, и 2. Авторитетот на Црквата.
Божествено и човечко
Како и многумина од сектата на евангелистите, навикнат длабоко да верувам во вдахновеноста на Писмото, јас разбрав дека Новиот Завет е само Божјо, но не и човечко слово. Мислев дека Бог непосредно им рекол на апостолите што да напишат, слично како кога секретарите го прибележуваат она што им се диктира, без никакво додавање од своја страна.
Конечно, моето разбирање за вдахновеноста на Писмото е прочистено со учењето на црквите за личноста на Христос. Воплотеното Слово Божјо, Господ наш Исус Христос, не е само Бог, туку е и човек. Христос е единствената Личност со две природи – божествена и човечка. Потценувањето на Христовата човечка природа води во ерес. Древната Црква учела дека Воплотениот Логос во потполност е човек – навистина, човек онолку колку што може да биде – но сепак без никаков грев. По Своето човештво, Воплотениот Логос е роден, растел и достигнал зрела возраст.
Сфатив дека овој поглед на Воплотеното Слово Божјо на Логосот, Исус Христос, кој го имал раното христијанство паралелно со ранохристијанскиот поглед на пишаното Слово Божјо, на Библијата. Пишаното Слово Божјо не одразува само божествена мисла, туку и човечки придонес, исто така. Словото Божјо ни ја пренесува вистината за она што луѓето го пишувале, донесувајќи ни мисли, личности, па дури и ограничувања и слабости на писателите – секако, Боговдахновени луѓе. Тоа значи дека човечкиот елемент во Библијата не е толку преплавен за да се изгуби во океанот на Божества. Ми стана јасно дека, како што Христос се родил, растел и достигнал зрелост, така е и со пишаното Слово Божјо, со Библијата. Таа не паднала од небо, туку има човечко потекло, како и божествено. Апостолите не го пишувале Писмото како роботи или зомби, туку слободно соработувале со Божјата волја, преку вдахновението од Светиот Дух.
Прашањето на авторитет
Второто прашање со кое морав да се борам, а кое ми беше уште потешко, е прашањето на црковниот авторитет. Од моето проучување ми беше јасно дека Црквата, навистина, одредила кои книги го сочинуваат Писмото, но сè уште силно се борев со мислата дека Црквата го „предала“ својот авторитет.
Конечно, тоа се сведе на едно прашање. Веќе со сето свое срце верував дека Бог со власт говори преку Своите пишани зборови. Пишаното Слово Божјо е конкретно и опипливо. Можам да ја допрам Библијата и да ја читам. Но од некоја чудна причина се колебав да верувам во исти нешта во врска со Телото Христово – Црквата – дека таа е видлива и опиплива, дека физички е сместена на земјата, во историјата. Црквата за мене беше суштински „мистична“, неспоредлива со било каква заедница на земјата.
Овој поглед на работите ми овозможуваше секој христијанин да го сфаќам како „црква за себе“. Колку тоа е „комфорно“, особено кога ќе се појават доктринарни или лични проблеми! Па сепак, тој поглед не се сложуваше со она што во апостолско време се подразбирало под Црква. Новиот Завет зборува за вистински цркви, а не за некакви „етерични“. Дали сега би можел да го прифатам фактот дека Бог веродостојно зборувал не само преку Библијата, туку исто така и преку Црквата – истата онаа Црква што го произвела, одбранила и сочувала Писмото што ми беше толку мило?
Според сфаќањето на најстарите христијани, Бог Своето Слово ì го говорел не само на Својата Црква, туку и преку Својата Црква, Телото Негово. Истовремено, Црквата ја сфаќаме како дом Божји, „оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен на темелот Самиот Исус Христос, врз Кого целата зграда стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господа“ (Ефес. 2, 20-21).
Бог има Свое Слово, но има и Свое Тело. Новиот Завет вели:
„А вие сте тело Христово, и поодделно членови“ (1. Кор. 12, 27; спореди Рим. 12. 5).
„И Он е глава на телото, односно на Црквата“ (се мисли на Христа), (Кол. 1, 18).
„И Он (Отецот) сè Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сè во се“ (Ефес. 1. 22, 23).
Во древните времиња немало органско раздвојување на Црквата и Библијата, какво што денес често се среќава. Телото без зборови е тело без порака, но зборот без Тело е без темел. Како што пишува апостол Павле, телото е „Црква на Живиот Бог, столб и тврдина на вистината“ (1. Тим. 3, 15). Црквата е Живото Тело на Воплотениот Господ. Апостолот не рекол дека Новиот Завет е столб и тврдина на вистината. Црквата е столб и извор на вистината, бидејќи Новиот Завет настанал врз основа на нејзиниот живот во Бога. Накусо, таа го напишала! Таа е составен дел на евангелската порака, и во Црквата е напишан и сочуван Новиот Завет!
Словото Божјо во усното предание
Апостол Павле нè опоменува: „И така, браќа, стојте и држете ги преданијата, што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание“ (2. Сол. 2, 15). Овој стих своевремено не го подвлекував со фломастер, затоа што има два израза што не ги сакав: „држете ги преданијата“ и „словото“ (усно). Тие два израза се судираа со моето сфаќање за авторитетот на Библијата. Но, тогаш почнав да сфаќам: истиот Бог, Кој говорел преку Своите пишани слова, Библијата, исто така говорел и преку Христовите апостоли, кога тие лично поучувале и проповедале. Во овој (и во другите пасуси) самото Свето Писмо нè поучува дека усното предание е она што мора да го чуваме! Пишаните и усните преданија не се во судир, туку се делови на иста целина. Тоа објаснува зошто отците учеле дека оној, кој ја нема Црквата за Мајка, не може да го има ни Бога за Татко.
Сфаќајќи го ова, заклучив дека многу сум претерал во отфрлањето на усното свето Предание. Во своето непријателство кон еврејското усно предание, што Го отфрла Христа, го отфрлив христијанското усно свето Предание, кое го изразува животот на Светиот Дух во Црквата. И на тој начин ја отфрлив идејата дека ова Предание на правилен начин целосно нè оспособува како треба да ја сфатиме Библијата.
Дозволете ми тоа овде да го илустрирам со едно искуство кое неодамна го имав. Решив да направам стреа зад куќата. Подготвувајќи се изучив книга за столарство во која пишува за „сè“. Полна е со слики и дијаграми така што и „дете може да ги следи нејзините упатства“. Ми беше речено дека таа самата себеси се објаснува. Но, дека е едноставна, онака како што ми тврдеа, не е, зашто колку повеќе ја читав, имав сè повеќе прашања и сè повеќе бев збунет.
Незадоволен што не разбирам нешто толку просто, заклучив дека на оваа книга ì треба толкување. Без помош не ќе можам да ја применам во пракса. Ми беше потребно некој стручњак да ми го објасни прирачникот.
За среќа, имав еден пријател, кој умееше да ми покаже како да го завршам проектот. Го знаеше тоа од усно предание. Бидејќи него го подучувал искусен столар, тој ме подучи мене. Писменото и усното предание работата ја завршија – заедно.
Што било прво?
Она со што се соочив најпосле беше клучното прашање: што дошло попрво – Црквата или Новиот Завет? Знаев дека Воплотеното Слово Божјо, Исус Христос ги повика апостолите, а дека тие ја обликуваа суштината на Христијанската Црква. На тој начин, знаев дека Он – Вечното Слово Божјо, заради тоа е извор на Црквата и дека ја родил Црквата.
Кога Црквата го чула Воплотеното Слово Божјо и почнала да ги запишува неговите зборови, таа така учествувала со Бога во раѓањето на пишаните зборови на Новиот Завет. На прашањето: „Што било прво, Црквата или Новиот Завет?“, одговорот и библиски и историски е кристално јасен.
Некој би можел да се противи: „Дали воопшто има некаква врска што било прво? На крајот на краиштата Библијата поседува сè што ни е потребно за спасување“. Библијата е доволна за спасување во смисла, дека содржи темелен материјал неопходен да нè насочи на вистинскиот пат. Од друга страна, погрешно е Библијата да се смета за самодоволна и самотолкувачка. Се подразбира дека Библијата мора да се чита и разбира преку Божјото просветување од Светиот Дух во рамките на животот на Црквата.
Зарем и самиот Господ не им рекол на Своите ученици, пред распнувањето: „А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина, но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината“ (Јован 16, 13). Исто така рекол: „Ќе ја изградам црквата Своја и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Нашиот Господ нас не нè оставил само со книга што треба да нè води. Нè остави со Својата Црква. Светиот Дух во Црквата нè поучува, и Неговото учење го дополнува Светото Писмо.
Колку е будалесто да се верува дека Божјото целосно просветување, престанало штом се напишале Книгите на Новиот Завет и дека не делувало до XVI век и протестантската реформа или – да го доведеме аргументот до неговиот логички крај – до моментот кога јас самиот почнав да ја читам Библијата. Или Светиот Дух бил во Црквата низ вековите по новозаветниот период, водејќи ја, учејќи и просветувајќи се во нејзиното разбирање на евангелската порака, или Црквата е оставена како духовно сираче, со поединци – христијаните кои независно го толкуваат, секогаш „автентично“ го проповедаат истото Свето Писмо на радикално различни начини. Ваквиот хаос не е по Божја волја, „оти Бог не е Бог на безредие туку на мирот“ (1. Кор. 14, 33).
Време за одлука
Кога стигнав дотаму почувствував дека морам да донесам одлука. Ако Црквата не е случајна тангента или случајно објаснување на Светото Писмо, туку активен учесник во развојот и зачувувањето на истото, беше време да ги надминам разликите во однос на неа, како и да ги напуштам своите предрасуди. Наместо да се обидувам да ì судам на Црквата врз основа на своите современи предрасуди, морав да се смирам и да се соединам со Црквата која го создала Новиот Завет, и да ì допуштам да ме води кон вистинското разбирање на Светото Писмо.
По внимателните истражувања на различни црковни групации, конечно сфатив, спротивно на уверувањата на многу современи христијани, дека Црквата што ја создала Библијата не е мртва. Денешната Православна Црква е непосреден и јасен историски континуитет со Црквата на апостолите, и ги сочувала негибнати како Светото Писмо, така и Светото Предание кое ни помага Писмото да го протолкуваме на правилен начин. Штом тоа го сфатив, се преобратив во Православие. И почнав да ја доживувам полнотата на христијанството како никогаш дотогаш.
Иако сковал слоган, Лутер никогаш сам не ја намалил (испразнил) Sola Scriptura. Да го направел тоа, би го отфрлил „Символот на верата“ и би поминал помалку време во пишување на разни библиски коментари. Таа фраза се појавила како резултат на борбата на реформаторите против придодадените од човека преданија на римокатолиците. Разбирливо е дека тие сакале нивната вера сигурно да биде она што одговара на библиските стандарди. Но да се изолира Светото Писмо од Црквата, да се негира 1500 години историја, е нешто што слоганот Sola Scriptura и протестантските реформатори – Лутер, Калвин и подоцна Веслеј – воопшто не сакале да го сторат.
На оние кои догматски настојуваат да останат на Sola Scriptura гледиштето, во процесот на отфрлањето на Црквата, која не само што го создала Новиот Завет, туку, исто така, водена од Светиот Дух, утврдила кои книги го сочинуваат Новиот Завет, би сакал да им го кажам следното: изучувајте ја историјата на раната Црква и развојот на новозаветниот канон. Каде што е можно користете изворни документи. (Вчудовидувачки е како некои од „најконзервативните“ библиски експерти на евангелистичката (новопротестантска) заедница се преобразуваат во цинични и рационалистички либерали кога разговараат за раната историја на Црквата). Заради себеси истражувајте што се случило со Божјиот народ според дваесет и осмото поглавје на книгата Дела Апостолски. На крајот на оваа статија давам преглед на воведна литература по тоа прашање. Ако ги испитате фактите и објективно согледате што се случувало во тие рани денови, мислам дека ќе го откриете истото она, што и јас самиот го открив. Животот и работата на Божјата Црква не престанале по првиот век и повторно отпочнале во шеснаесеттиот. Да било така не би ги имале новозаветните книги кои му се многу мили на секој христијански верник. Одвојувањето на Црквата и Библијата, кое толку преовладува во поголемиот дел на современиот христијански народ е модерна појава. Раните христијани не правеле такви вештачки поделби.
Кога ќе ги испитате податоците, храбро продолжете да сознавате повеќе за историската Црква која го создала Новиот Завет, го сочувала и ги одбрала оние книги, кои ќе бидат составен дел на канонот. Секој христијанин си должи откривање на Православната Христијанска Црква и разбирање на нејзината витална улога во донесувањето на Словото Божјо на нашето сопствено поколение.
Историчарите на христијанството начелно даваат некои известувања за оформувањето на Канонот макар што се наклонети да расправаат за значењето на истиот, за авторитетот и толкувањето на Светото Писмо.
Заедничко учење на сектите
Свештеник Бранислав Перановиќ
ЗАЕДНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ И УЧЕЊА НА СЕКТИТЕ
Сите секти доаѓаат да ја „поправат лошата состојба во Црквата“, да го „реформираат“ нејзиното учење и организација, бидејќи Црквата наводно, „со текот на времето го напуштила вистинското учење и духот на Евангелието“. Сите секти наводно ги „подготвуваат“ луѓето за скорото доаѓање на Исус Христос и Неговото илјадагодишно царство на земјата. Секоја секта за себе тврди дека таа единствено е вистинската и спасоносна, а сите други дека се лажни. Наводно секоја ја „вдахнува Светиот Дух“, а ја „основал“ Господ Исус Христос преку своите пратеници. Секоја проповеда слобода, особено од „поповите“. Сите следбеници се еднакви, нема посебна црковна власт, но треба да им се потчинуваат на водачите на сектите, кои можат дури и да исклучуваат поедини членови и групи, што често доведува до разединување на старите и појава на нови секти. Освен ова сектите:
1. Го негираат Светото Предание и самоволно го толкуваат Светото Писмо;
2. Светата Причест ја сфаќаат како нешто символично, а не како Телото и Крвта на Исус Христос;
3. Немаат посебно, туку општо свештенство;
4. Ги отфрлаат иконите и Чесниот Крст, православните ги сметаат за идолопоклоници;
5. Не веруваат во задгробниот живот, сметаат дека душата спие до воскреснувањето (ова важи за адвентистите и јеховистите);
6. Забрануваат молитвено почитување на Пресвета Богородица и светителите итн. Дури се потсмеваат и хулат на нив.
Православен осврт за заедничкото учење на сектите:
1. За Светото Предание:
Тоа е постаро од Светото Писмо, кое и настанало од Светото Предание. Во прво време апостолите усно го проповедале Евангелието. Во Светото Писмо не е запишано сè што правел и учел Исус Христос (Јован 21, 25) и апостолите (2. Јов. 12). Во Новиот Завет има заповед (1. Тим. 6, 20; 2. Тим. 2, 2) и пофалба (1. Кор. 11, 2) за придржување и чување на Светото Предание. Исто така има и опомена: „Браќа пазете некој да не ве заведе… според човечкото предание“ (Кол. 2, 8). Токму тоа се случило, прво на секташките верници, бидејќи го наследиле и го држат преданието на своите основачи. Невистинито е тврдењето на секташите дека веруваат само во Светото Писмо, тие им веруваат на своите „пророци и основачи“ (Хелена Вајт, Милер, Расел итн.) и на нивното толкување на Светото Писмо.
Светото Писмо не може правилно да се толкува и разбира без Светото Предание (Лука 1, 2), што е причина за појавата на огромен број различни „вистини“, толкувања и „цркви“. Црквата Божја – Православната, основана е од Господ Исус Христос (Мат. 16, 18) преку апостолите за сите времиња. Таа е столб и тврдина на вистината (1. Тим. 3, 15). Сето друго, основано од луѓе, спаѓа во верски вонцрковни организации, кои на своите приврзаници, со изопачена наука и радикален пристап кон Светото Писмо, им навлекува пропаст и Божја осуда. Сите денешни секти се основани од неодамна, најстарите пред неколку века, а светот навистина не започнува со нив, како ни Христовата Црква.
2. За Светата Причест:
Сите секти учат дека лебот и виното при причестувањето само симболично ги претставуваат Телото и Крвта Христови, додека ние православните, врз основа на Светото Писмо знаеме дека лебот е вистинското Тело и виното вистинската Крв Христова (Јован 6, 55; Мат. 26, 26-28) и дека таквото причестување е еден од условите за спасување (Јован 6, 53-54).
3. За свештенството:
Апостолите низ молитва ги ракополагале своите помошници и заменици, кои Светиот Дух ги поставил за епископи да служат во Божјата Црква, која Господ ја стекнал со Својата Крв (Дела 20, 28). Не е чудно што сектите не го признаваат свештенството, ниту тие го имаат, бидејќи немаат т. н. апостолско преемство – од времето на апостолите постојано ракополагање, како што и единствено се станува свештеник.
(Да се прочита: 1. Тим. 5, 22; 2. Тим. 1, 6; Тит 1, 5).
4. За иконите, чесниот крст и моштите:
Кога ги целиваме иконите, ние православните не сме идолопоклоници, бидејќи ниту иконите, ниту ликовите на светителите и Богородица ние не ги обожуваме, туку само им го даваме одреденото должно почитување, како на оние кои на Бога му служеле и угодувале многу повеќе отколку ние.
Иконите потекнуваат уште од Стариот Завет, а во христијанството отсекогаш постоеле. Многу од нив се и чудотворни.
Осенувајќи се со крсниот знак (со прекрстување) православните видливо ја изразуваат најважната вистина на православната вера: верата во Светата Троица, во богочовечката природа на Господ Исус Христос, верата дека сме споени со неговата крсна жртва, итн. Новиот Завет на многу места говори за крстот.
Ќе наведеме само некои од нив:
Апостол Павле плачејќи говори за многумина кои живеат како непријатели на Христовиот крст (Филип. 3, 17-19).
Тој не сака да проповеда со премудри зборови, да не ја изгуби силата крстот Христов, бидејќи словото за крстот е безумство за оние што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја (1. Кор. 1, 17-18 ).
– Самиот Исус Христос зборува за знакот на Синот Човечки (Мат. 24, 30).
Секташите (нововерци, како што нашиот православен народ многу соодветно ги нарекол) не ги признаваат ни моштите на светителите, иако нивното чудотворно дејство е опишано уште во Стариот Завет (2. Цар. 13, 21). Ние сме сведоци на постоењето на многу чудотворни мошти, сведоци сме на исполнувањето на пророштвото на псалмопеецот царот Давид, кој вели: светецот Твој нема да види распаѓање (Псал. 16, 10).
5. За задгробниот живот:
Некои секти со помош на библиски цитати, извадени од контекст или погрешно протолкувани, го негираат задгробниот живот (континуитетот на свесност за постоење на душата и по смртта на телото).
Православното верување, засновано на Светото Писмо е дека душата по смртта на телото продолжува свесно да живее во услови што зависат од начинот на овоземниот живот на човекот, т.е. нецелосно блаженство или нецелосно мачење, сè до Второто доаѓање на Господа Исуса Христа и сеопштото воскресение. Во Светото Писмо за тоа има многу сведоштва.
(Да се прочитаат: 1. Мој. 15, 15; Проп. 3, 14; Марко 10, 20; Лука 23, 46; Јован 24, 12; Откр. 6, 9; Кор. 5, 8; Филип. 1,23-24 итн).
Особено е впечатлива приказната за богатиот и сиромавиот Лазар (Лука 16, 19-31), за преобразувањето (Марко 9, 1-8), каде што се појавува пророкот Мојсеј. Во книгата за Јов (24, 12) пишува „Душата на убиваните вика“. Самиот Господ со душата се симна во адот и им проповедуваше на душите на умрените (1. Петр. 3, 18-20).
6. За молитвеното почитување на светителите:
Сите секти го забрануваат заради идолопоклонство и неверување во задгробен живот. Причината за ова неверување е друга, прикриена: секташките учења се погрешни, поради што во нивните редови нема и не може да има светители, тие сите себеси се сметаат за свети (колкава ли гордост), а православните светители не ги признаваат, без оглед на доказите, бидејќи секташите така би ја одрекле оправданоста и логиката на своето постоење.
Како што видовме од пасусот за задгробниот живот, ние православните сосема оправдано веруваме во задгробниот живот и врз основа на таквото верување ги молиме светителите пред Бога како Негови угодници, да се заземат за нас бидејќи: „Прекрасен е Господ во Своите светии“ (2. Сол. 1, 10-12).
Толку од мене од Господ повеќе :