Фељтон

Македонски милениумски континуитет (2)

vasil-culev

vasil-culev
Васил Чулев

aleksandar-makedonski
Александар I Македонски (498-452 г.п.н.е.)

Откривање на Македонскиот континуитет во 20 и 21 век

Денешната наука со своите достигнувања и спознанија сé поотворено и сé почесто се соочува и влегува во конфликт со политички изопачената претстава на Европската историја. Научните студии и сознанија во 21-от век полека но сигурно ја разобличуваат трагикомичната панаѓурска илузија на лажната историја креирана од Европските центри на моќ. Огромен помак во отстранувањето на со векови попречуваната вистина направи и појавата на масовните електронски средства за информирање, поточно Интернетот.

По падот на „Берлинскиот ѕид” и релативната еманципација на голем број на нации кои излегоа од зад завесата на блоковската поделба, присилната и изобличена историја наметната од бившите и сегашни империи во текот на последниве неколку векови доживува сериозна ревизија и рецесија. Без блоковската цензура, барем источно-eвропските нации, почнаа сериозно да работат на враќањето и повторното откривање на сопствената а со тоа и на општата историја. Во последниве години константно се зголемува бројот на научници кои објавуваат завиден број на научни трудови и дисертации кои придонесуваат за побрзо исправање и зацелување на искривената Европска историја.

Најпосле се отпочна со макотрпното отстранување на Индо-Европскиот „Инвазионен модел” и фантастичната измислена „Голема Преселба на Народите”, бришењето на непостоечките „Словени” и „Словенската прататковина зад Карпатите”, како и со поништување на апсурдната лингвистичка поделба на јазиците на „Kентум” и „Сатем со која намерно не може да се опфатат Македонските јазици и писмо.

Наспроти овие, археолошки и лингвистички неподржани и неприфатливи историски конструкции, се издигнаa Парадигмата на Палеолитскиот Континуитет, историската реафирмација на Венетите како Пра-предци на Европејците и врaќањето на Централно-Периферниот лингвистички модел.

Посебно значајна е лингвистичката ревизија на досегашната традиционална „Кентум/Сатем” теорија за потеклото на Индо-Европските Јазици , која страдаше од една огромна црна дупка што се протегаше долж „Патот на Килибарот” пресекувајки ја Европа на две, и која без никаква оправдана причина (oсвен дискриминаторска се разбира) ги исфрли Македонските, или уште и т.н. „Сло-Венетски” јазици, надвор од секаква класификација.

За да разбереме со какви ништожни и расипани намери си имаме работа нужно е да се објасни основата на оваквата поделба. Како репер за оваа понижувачка и дискриминаторска поделба измислена во 1890 г. еднострано и намерно е земен Латинскиот јазик и писмо, т.е. првата буква од зборот ‘сто’ (или „Centum” на латински) „С” од Латинската азбука. Сo оваа поделба, покрај наметнување на лажни Западно-европски лингвистички стандарди во една таква суштествена работа како што се јазиците и писмата на разни народи и нации, постигнато е и Европа да биде јасно поделена дури и лингвистички на Исток и Запад:

Исток, кадешто во Источноевропските присилно наметнати Латински писма „С” се изговара како наше „Ц” (Cigara, cevka, crveno);

Запад, кадешто во Западноевропските присилно наметнати Латински писма е намерно исфрлена согласката „Ц” (за чие озвучување се користи „ts” или „tz”) , а Латинското „С” се изговара и како „К” (Computer), и „Х” (Chaos), и „Ч” (Ciao) и „С” (Cinema).

Според деформираната логика на оваа неразбирлива поделба Satem” (како збор за „Сто” земен од Авестинскиот јазик[1]) всушност би требало да гласи „Catem” (Цатем), како што гласи „C” во Источноевропските Латински писма. Но, бидејќи нема „Ц” во Западните Латински писма, и бидеjќи Латинско „С” не е исто што и Кирилично „С” тој е запишан како „Satem”. Генијално зар не! Им требаа добри 20 години на Немците за да го смислат ова. И згора на се до крајност е запазена старaта Римска максима: „Раздели и владеј”.

Централно-Периферниот лингвистички модел, предложен од Д’Јаконов, Виик, Алинеи и др., не е ништо ново туку само враќање на вистинската слика за Индо-Европските јазици и народи, кои во денешнава ера на модерни конфликти и актуелна економска „трета светска војна” што се води во Европа и пошироко почнаа да ги преименуваат дури и во „Индо-Немачки”!!! Но и не можеше ништо друго да се очекува од една модерна разбојничка Европа со само 2-3 вековна лажна историја и идентитет.

Огромен придонес, покрај класичните научни дисциплини како археологијата или лингвистиката, даде и yште една релативно нова егзактна наука Генетиката. Истражувањата на повеќe Генеалошки институти како iGENEA, Sorenson, фрлија ново светло и овозможија „новите” сознанија за Европската историја да бидат додатно потврдени и од перспектива на генетиката.

По возобновувањето на самостојноста и државноста во Вардарскиот дел на Македонија, Македонската нација почна гордо да го открива и покажува своето славно минато и  својата милениумскa историја најстара во Европа. Македонските традиции, цивилизација, култура и историја кои биле негирани и забранувани, и Македонските дејци, научници и интелигенција кои биле прогонувани од комунистичкиот и од претходните режими и окупатори, исто така почнаа да сe ослободуваaт од желеэните окови  на Европската политичка историја.


[1] Источно-ирански јазик познат само од неговата употреба како „Зороастeрско Писмо”, односно „Авеста”.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top