Васил Чулев
Tорзо со слогови симболи на богот на водите Во и нa врховниот небесен креатор нa универзумот – Сончевиот бог Воо. Македонија, 4 милениум п.н.е.
Македонскиот Континуитет во Палеолитот
Последната Ладна епоха или „Леденo доба” (од 131.000 до 12.000 г.п.н.е.) од Плеистоценската ера (1.640.000-8.000 г.п.н.е.) беше и последната голема препрека за Хомо Сапиенсот и развојот на човечката цивилизација. За да се имa претстава за што се работи мора да се земе в’предвид дека во тоа време, до пред 10.000 г. пингвини и фоки талкаа низ Медитеранот а зимите беa слични на денешните зими на Аљаска. Еден сеуште преживеан вид и жив сведок на тие времиња е и познатата, но многу ретка, Медитеранска фока.
Досегашните научни сознанија за Европската праисторија ни открија дека за времетраењето на оваa последна Ладна епоха, до пред околу 20.000 години, во Европа постоеле т.н. „Засолништа” – области каде што климатските услови дозволувале опстанок на човечкиот вид.

Aрхеолошките наоди открија дека вакви „Засолништа” на Европскиот континент имало на Македонскиот (Балкан) и Иберискиот полуостров, како и во подножјето на Кавказ. Тоа биле континентални „џебови” ограничени со замрзнати пространства на север и со мориња и постепена пустинска трансформација на југ. Модерните техники за анализирање на остатоци од човечки населби со радиоактивен Јаглерод14 тоа и прецизно го потврдија – човекот во овие „Засолништа” бил присутен во последниве 50.000 години, што значи и за време на последната Ладна епоха.
Aрхеолошките и други наоди утврдија и дека единствено културата од Балканот го oдржала својот континуитет непрекидно од праисториски времиња до денес. Благодарение на поволните и неизменети услови, успеа да се развие и да создаде нови начини за живот преку земјоделството и сточарството како нови човечки ресурси. Праисториските луѓе од Иберискиот полуостров и Кавказот не покажаа способност за прилагодување на новонастанатите услови и постепено беа асимилирани и заменети од далеку поуспешните луѓе од Македонскиот полуостров.
Иако e докажано дека како единствен етникум со потврден генетски, лингвистички, археолошки и секаков друг континуитет, Македонците како предци на Европејците се непризнати од модерната Eвропска ситноимперијалистичка наука, и се преименуваат и обезличуваат под манипулативни псевдоними како на пример „Индо-Европејци”, „Магдаленска култура” или „Култура на Чакални огништа”. Македонците денес уште се водат и како „Венети” или „Сло-Венети” (од латински „Vene-di” – доjдe-од.) и под ова наводно име, според модерната научна номенклатура, ја населувале и сеуште ја населуваат цела Европа:
– „Енетои” или „Енети” (забележани од антички извори) во
Македонија;
– „Венети” во Италија (областа Венето од латински „Venetia”);
– „Виндиш” во Австрија и Швајцариjа:
– „Венди” или „Сорби” во Немачка;
– „Вандали” во Шведска и Шпанија (областa Андалузија од
латински „Vandaluzia”);
– „Вендек” во Унгарија
– „Сло-Венци” во Словениjа и Словачка;
– „Сло-Вјени” во Русија;
– „Сло-Винци” на Балтикот.
Сите овие сродни или речиси исти имиња се однесуваат на еден ист Древно-Македонски народ коj зборувал еден ист Древно-Македонски јазик денес преименуван од модерната наука во „Венетски”, „Сло-Венетски”, „Словенски” или ‘Slavic‘ на Англиски, или уште и под најновиот псевдоним „Словио”.
Македонскиот хронолошки и просторeн континуум ги опфаќа непрекинато последниве најмалку 10 милениуми (според генетските истражувања 17) и централните делови на Европскиот континент – oд Македонија и Мала Азија на југ до Балтикот и Шведска на север, и од Франција и Шпанија на запад па се до Русија на исток. Македонската култура е најголемата и најстара позната Индо-Европска култура и група на Европски староседелци на тлото на цела Европа.
Од Македонија до Скандинавија, од Франција до Русија, цела Европа е посеана со прастари Македонски натписи, т.н. „Ч’рти и рецки”, „Рити” или „Руни” на Древно-Македонско слоговно писмо, изрежани во камен и печена глина, дрво и слонова коска, на садови и скулптури од божества, надгробни натписи и царски декрети.
Македонија и Македонците се спомнуваат уште во првата книга на библијата (Стариот Завет), којашто е пишувана од 10 век п.н.е. и опишува настани кои се случувале во уште постари времиња, што секако, укажува на фактот дека Македонците живееле организиран и цивилизиран живот уште пред пишувањето на таа книга. Според некои научници од Словенија Македонците живееле во Македонија и на Балканот непрекинато најмалку 50.000 години.[1]
Древните Македонци (или „Венети” / „Сло-Венети”) имале развиена цивилизација и поседувале развиени вештини и техника. Живееле во организирани урбани заедници и се занимавале со најширок дијапазон на професии: земјоделство, сточарство, обработка на дрво, камен и метали, и владееле со разни други технолошки и апстрактни вештини. Нивниот стил на живеење не се променил со илјадници години.
[1] При последното заладување од Плеистоценот (од 131.000 до 12.000 г.п.н.е.), остатокот на Европа бил многу поинаков од Балканот. Заладувањето не влијаеше до тој степен во југоисточна Европа како што тоа беше случај во северните и централните региони кои биле претворени во ледени пусти пространства. Доказ се видовите на флора и фауна кои преживеале само на Балканот, што укажува дека влијанието на заладувањето не беше толку драстично на Балканот кој до денес сеуште изобилува со прашуми (Пелистер) и со ендемични видови карактеристични само на овој дел од Европа.
