Фељтон

Генетскиот континуитет на Македонците (8)

vasil-culev

vasil-culevВасил Чулев

Дезоксирибонуклеинска киселина – ДНК

Иако мора да се пристапи со крајна претпазливост кога се применуваат генетски карактеристики на модерната популација за расветлување на праисториски настани, сепак се покажаа прецизни и од огромно значење истражувањата на Перичиќ (2005) и Ф. Кручани [Fulvio Cruciani] во 2007-та, за следење на Балканската експанзија кон внатрешноста на Европа.

Во согласност со временските термини поставени од Д’јаконов (5 милениум п.н.е.), истражувањето на Кручани ги следеше просторно-временските патишта на две Y-хромозомски хаплогрупи[1], Е-В13 и Ј-М12, кои покажаа јасно совпаѓање на генеалошките наоди со демографската експанзија од Балканот на почетокот од Бронзената ера. Наодите се совпаднаа и со археолошките факти на теренот, потврдувајќи ги како правци на движење речните тoкови, во насока од јужниот Балкан кон северо-западна Европа.

Исто така овие истражувања исклучија секаква поврзаност на Балканската експанзија со воведувањето на земјоделството во Анадолија.  Според зборовите на Ф. Кручани: „Шемите на молекуларнo ширење и соединување и филогеографските проценки на хаплогрупите се слични и откриваат дека генетскиот пејзаж на овој регион е во голема мера последица на порастот на населението на самото место, а не резултат на проток на Западно-азиските мигранти во почетокот на неолитот”.  Значи Кручани и генетиката повторно ни потврдуваат населението во Македонија е автохтоно на овие простори, а не „доселено во 5-6 век” какошто тврди Западно-европската фалсификувана историја.

До истите заклучоци дојде и Националното Географско Друштво [National Geographic Society] во својот истражувачки проект за генетско мапирање на Европа од октомври 2005. Истражувањето беше извршено на генетски материјал од неколку луѓе, чии гени беа земени зa репер и во понатамошното испитување беа споредени со примероците на гени собрани од територијата на поширока Европа. За резултатите на ова истражување да бидат веродостојно проверени и потврдени истиот проект беше доставен нa изработка и до Фондацијата за Молекуларна Генеалогија „Соренсон” [S.M.G.F.], која изврши паралелно независно испитување. Наодите и резултатите го покажаа следново:

Од завршетокот на последната Ладна Епоха, околу 12.000 г.п.н.е. кога мразот почна да се повлекува, Европскиот подконтинент станал многу попогоден за живеење и многу животински видови постепено се вратија да живеат низ ослободените од мраз пространства. Жителите на Европскиот континент исто така го следеа ова затоплување кон север и повторно се населија низ Европа.

gen1

Но трите групи на луѓе биле толку долго раздвоени во областите „Засолништа”, што нивната ДНК со времето природно мутирала, a со тоа се создале и различни генетски хаплогрупи. Така се издвоија следниве  карактеристични хаплогрупи: Р1А, Р1б и I кои се раширија од овие „Засолништа” низ цела Европа. National Geographic и Фондацијата „Соренсон” го елаборирaa генетското мапирање на Европа следејќи го ширењето на овие три генетски хаплогрупи.

gen2

Хаплогрупата R1b е заедничка за земјите од западниот атлантски брег се до Шкотска.

Хаплогрупата I е заедничка во централна Европа се до Скандинавија.

Хаплогрупата R1А е честа во Источна Европа и се шири низ централна Азија се до Пакистан и Индија.

Нивните констатации несомнено го потврдија, но и го поместија ширењето на Индо-Европејците уште поназад во времето. По „рестартирањето” на Европа со завршетокот на последната Ладна епоха може многу лесно да се следи континуитетот на генетската хаплогрупа „I” која се рашири низ централна Европа се до Скандинавија. Таа е присутна на Балканот во последниве 17.000 години, во северна Месопотамија како изменета „I-2” во последниве 15.000 години, и во Централна Европа како изменета „I-2b” во последниве 13.000 години.

Генетските истражувања на Фондацијата „Соренсон” и Националното Географско Друштво [National Geographic] само ни потврдија Индо-Европејците вeќе биле присутни на Балканот, т.е. во Македонија, и тоа многу пред 5-от милениум п.н.е., од кадешто низ милениумите кои следеле постепено ја колонизирале цела Европа.

И неодамнешната студија за генетско мапирање на Европа изработена од познатиот Швајцарски Институт зa Генетика „И-Генеа” [iGENEA] недвосмислено ја потврди и ја прецизира генетската припадност на Македонците. Во резултатите од студијата објавени во 2008 г. на нивниот веб-сајт, Македонците во својот генетски код го покажаа своето директно потекло од Aнтичките Македонци, кое во нашите гени учествува со највисоки 30 проценти:

Домороднo население во Република Македонија:

• Древни (антички) Македонци 30%

• Тевтонци (Германи) 20%

• Словени 15%

• Грчки луѓе 15%

• Илири 10%

• Хуни 5%

• Феникијци 5%

Интересно е да се забележи дека И-Генеа во својата студија ги означува Грдсите како „луѓе”, што е општ поим (планински луѓе, градски луѓе), а не етничка група.


[1] Генетските истражувања денес достигнаа ниво на егзактна наука и во својата методологија користат т.н. генетски „Хаплогрупи”.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top