Фељтон

Милениумскиот континуитет на Македонците (10)

vasil-culev

vasil-culev
Васил Чулев

Ледениот човек Отци „Наш”

Отци наш е родум од подножјето на Вишнагора (Višgorje на Словенски, Winschgau на Немачки) на Алпите, која сеуште го носи своето прастаро име уште од Неолитот. Според анализите направени во институт во Инсбрук, кои покажаа концентрација на бакар и арсен на неговата коса, се претпоставува дека бил калајџија и изработувал бакарни алатки и предмети. Отци Наш со себе имал и бакарна секира,  нож со сечило од кремен-камен и дршка од јасен, тоболец за стрели со камен врв и голем лак од тисовина кој можел да стрела на далечина до 180 метри. Највредниот имот на Отци била неговата секира од бакар која е уникатна по тоа што е единствената совршено сочувана праисториска секира во светот. Се претпоставува дека секирата била статусен симбол или амблем на воин или војсководецот, кој само елитата можелa да ја поседува. Експериментите со реконструираната секира покажаа дека секирата на Отци е способна и за сечење дрвја.

sekira
Примитивната бакарна секира, кремен нож и други орудија на Отци наш.

Отци наш бил облечен во кожи и крзно од мечка, имал водоотпорна наметка од трева, појас со орудија и брезова габа за палење оган како и крзнени обувки со ѓон од мечкина кожа „поставени” со трева и мов. На грб носел и ранец од лескови прачки поткрепен со дрвена рамка.

otci-nas

Ножот од кремен-камен бил направен од материјал од блиската Лескова гора кој се користел и разменувал долж трговските центри од Јадранско море па се до реката Висла на север. Исти такви сечила се најдени и во Немачка, во прататковината на Шлезијските Венди и Сорби областа на т.н. „Kултура на Чакални Oгништа”, која е земена за основа на средно-европската култура. Посебно внимание привлече и брезовата кора што ја имал Отци со себе. Анализите покажаа дека  ја користел како лек и антибиотик.

Остатоците од мелено примитивно жито (Triticum Monococcum) и овес најдени на неговата облека биле во форма на брашно за правење на леб и покажуваат дека земјоделството веќе било пракса во 4-от милениум п.н.е. Испитувањата на експертите од Инсбрук го лоцираа живеалиштето на Отци во подножјето на Алпите кадешто има траги од урбани населби и било населено место уште од најраното бронзено доба па се до денешен ден. Ваквата хронологија на овие предели сe вклопува перфектно во претходните истражувања на правците на Индо-Европското ширење, и ги потврдува Балканот и потесното подрачје на Македонија како прататковина на овие први Индо-Европејци кои ја освојувале Европа по последната Ледена епоха.  Но, по начинот на кој умре Отци, очигледно е дека Вишнагора во 4-от милениум п.н.е. сеуште не била толку топло и гостопримливо место за живеење.

Многубројните тетоважи што ги имал Отци наш (57) се знак на шамански исцелувачки обреди. Симболите од овие негови тетоважи се истите слогови симболи на богови од писмата од Говрлево, Винча и Каменот од Розета. Тие додатно го потврдија потеклото на овие праисториски луѓе и „ледениот човек” Отци наш бил од Балканот.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top