Фељтон

Македонската Јованка Орлеанка – Катерина Арнаудова (1 дел)

aleksandar-stevanov

aleksandar-stevanov
Александар Стеванов

katerina-arnaudovaВо статија со наслов “Македонските Јованки Орлеанки” (стр. 5) објавена во весникот The Saint Paul Globe, од 8 мај 1904 година, пишува за Катерина Арнаудова, најпознатата македонска Јованка Орлеанка која повеќе пати е споменувана во странскиот печат: “Мадам Арнаудова која што сеуште е на бојното поле.

Потоа, тука е Мадам Арнаудова, која се`уште е на бојното поле. Таа учествувала во десетина кампањи и досега успеала да се извлече без гребнатинка. Таа е од Дупница, едно планинско гратче на границата на Турција со Бугарија. Пред неколку години, сега е во триесетите, Мадам Арнаудова влезе во редовите на револуционерите и нејзиното присуство е инспирација за одредите на кои таа била член што резултирало со извршување на некои од најсмелите дела.

Таа е голема, мрачна жена, која зборува само кога има нешто да каже, но кога таа се обраќа на групата мажи за неколку минути тие се подготвени да се справат со целата војска на Султанот. Ништо не ги демотивира османлиите толку многу колку тоа што ја гледаат Мадам Арнаудова меѓу било кој одред на бунтовниците со кој тие може да се судрат.”

За Катерина Арнаудова пишува и Wet Mountain Tribune во статија од 26 декември 1903 година: “Македонската жена борец“.

Катрина Арнаутова, младата македонска жена, која има активна улога во поголемиот дел од неодамнешните борби, е на дваесетишестгодишна возраст, со средна висина, добро градена и изгледа силно. Таа беше облечена во црн-кожен калпак, сива блуза со воен шев и метални копчиња, кожен ремен, сиви панталони и доколенки од виолетова волна.

Таа немаше потешкотии да оди рамо до рамо до мажите на нивните долги маршеви. “Напротив”, вели таа, ”бидејќи сум полесна, секогаш можам да одам или да трчам брзо колку мажите, па дури и побрзо“. Таа застрелала пет османлии со сопствената пушка, но не можеше да каже колку убила во редовните битки.

“Јас сум премногу стара за да мислам на такви глупави работи како љубовта, но кога Македонија ќе е ослободена можеби ќе се задомам и ќе се оженам, но за сега немам мислење на таа тема. Повредена сум само еднаш, од камен скршен од рикошет на куршум“.
“London Mail”

Малку дополнета статија (Озборувања за луѓето) излегува наредната година (6 јануари 1904), во австралискиот весник Australian Town and Country Journal:

Во неа е опишан физичкиот изглед на Катерина:

“Таа има сини очи, кафеава коса која што ја носи долга, но ја сокрива под капата, има исончан тен и е интелигентна со сочувствителен израз на лицето.”

А соопштена е и причината поради која оваа млада жена се придружила на револуцијата:

“Таа се придужила на одредите бидејќи уште од мала возраст била инспирирана да помогне за ослободувањето на нејзината земја, и бидејќи еден од нејзините браќа бил убиен од османлиите, а другиот  бил прогонет во Мала Азија” (за истите причини соопштува и американскиот весник The new enterprise во статија со наслов “
Жена служи во армијата”
од 17 март 1904, стр. 3)

За нејзиниот љубовен живот во истата статија таа вели:

“Не, никогаш не сум била вљубена во некој од членовите на одредот ниту пак во било кој друг.”

За дел од опремата, како и за бескомпромисноста на Катерина соопштува австралискиот весник Clarence and Richmond Examiner во статија од 7 мај 1904 година, во избрани вести од уредникот:

“Свирче за давање сигнали е закачено на синџирчето на нејзиниот часовник, а во нејзиниот џеб има отров завиткан во хартија во случај да падне во рацете на османлиите.”

Истата оваа статија насловена “Македонската жена патриот” е објавена и во американскиот весник The Logan Republican (стр. 7) претходната година (23 јануари 1904), како и во американскиот весник The Minneapolis journal, во статија со наслов “Македонската Амазонка” од 1 февруари 1904 (стр. 4)

arnaudova-1

arnaudova-2

arnaudova-3

arnaudova-4

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top