Фељтон

Македонската Јованка Орлеанка – Катерина Арнаудова (2. дел)

aleksandar-stevanov

aleksandar-stevanov
Александар Стеванов

Во статија со наслов „Македонската Јованка Орлеанка“ за Катерина Арнаудова пишува и францускиот весник Le Petit Journal illustré (26. јули 1903) поставувајќи илустрација на Катерина со соборци на насловната страна. За разлика од статијата во The Saint Paul Globe каде што се тврди дека таа е од Дупница, во овој весник пишува дека е од Неврокоп.

le-petit-journal

„Во секоја куќа се славаше особено за убавата млада девојка Катерина Арнаудова, општо позната како македонската Јованка Орлеанка чии приказни за големи дела може да се слушнат од устите на сите.

Родена во Неврокоп, мало село во кое ја чувала стоката, во еден убав ден Катерина поради маките го напуштила својот крај, земајќи ја облеката на својот брат, се вооружала и се вклучила во одредите како доброволец.

Оттогаш секој оној кој ќе ја видел хероината во првите редови на борбеното поле, и покрај опасностите добивал пример за издржливоста од заморот.

Нејзината репутација станала толку голема за толку кратко време што многумина од револуционерите ја молеле да застане на чело на одредот. Таа прифатила.

Катерина стана едно од најстрашните нешта за Турците во Македонија. Главата на македонската Јованка Орлеанка беше уценета.“

explication-de-nos-graycres

Оваа статија за македонската Јованка Орлеанка е спомната и во книгата Joan of Arc: Soldier, Saint, Symbol—of What? од James A. Freeman (стр. 603, 604)

jovanka-orleanka

Реалистичен цртеж (правен според слика) на Арнаудова има во весникот Brooklyn NY Daily Eagle во статија од 17. септември 1905 година, кој што можете да го видите ексклузивно.

Во истата статија за македонските жени борци и за Катерина Арнаудова пишува:

„Дури и жените често положуваа заклетва и ја облекуваа војничката униформа приклучувајќи се на армијата со желба да ги одмаздат своите мајки, сестри и ќерки.

Најпозната меѓу овие жени патриоти е госпоѓа Арнаудова, вдовица која им се приклучила на револуционерите за време на неодамнешното востание во Македонија. Облечена во револуционерската униформа, со црна коса, со оружје на рамото…“

statija1

Интересно во оваа статија е тоа што се открива дека Арнаудова е вдовица.

За стрелечките вештини на Арнаудова пишува престижниот The NY Times во статија со наслов „Македонската херојска борба за слобода“ од 6. декември 1903 година:

„…Раководството и членството на одредите се речиси целосно во рацете на млади мажи. Сепак има и неколку познати жени меѓу нив. Најславна е Екатерина Арнаудова. Речено е дека таа е меѓу најдобрите стелци на Балканот и има многу раскази за нејзината моќ…“

statija2

Во Македонија денес Катерина Арнаудова за жал тоне во заборав. Се надеваме дека оваа статијата ќе придонесе за тоа да се промени затоа што сеќавањето на оваа храбра жена е најмалку што ние Македонците можеме да направиме за неа.

ekaterina-arnaudova

Фото: Екатерина Арнаудова, поштенска картичка, 1903

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top