Ангелина Маркус
Тоа исконско врежано во свеста како паметење од најстари времиња се задржало во народната меморија.Понешто е изменето и најмногу се задржале истите причини и прослави кај Македонците низ милениуми.Во сите обичаи,во сите славњеа ни се повторуваат многу истоветни форми во прославите на Ксантика од древните времиња до денсека.Тоа неисцрпно богатство на народното творештво поврзано со космичките појави,природните промени во земјоделието и човечкиот однос со ораганизирање на прославите претставува битна карактеристика на македонската духовност.Во деновите на Ксантика доаѓа до израз внатрешно сонце што експлодира со енергија на способност и дарба за творештво на сите полиња оставајќи зад себе предмети со трајни вонвременски вредности.
Се одликува заедничка енергија на пролетната светлина на материјалното и духовното.
Градењето на градовите и патиштата низ Македонија со плоштади,театри,светлината преставува лоцирање на просторот за прослави,свадби и игри,придружено со многу украси од скулптури,мозаици,фрески,резби на палатите и храмовите како и носиите накитот,везовите,мартинките,апликации на симболите од сонце до птици и животни,се доа доаѓало до израз на сите прослави.Во Ксантика со мартинките на црвено бела боја се врзуваат сите јазли.
Прославите со врзувања преплети,јазли,расплетување,китење,веселење со боите и звуците претставува соединување на пролетната енергија што потикнува љубов и духовност за оплеменување на човечката душа.Така и цвеќето цути кога ќе ја прими зголемената светлина на пролетното сонце.Цвеќето и мартинката ја зголемуваат симболиката на единство на човекот,природата и космичката енергија.Самата Ксантика го слави тоа единство и едиснство на народот со боговите,хероите и царевите.Од Ксантика покасно произлегуваат сите празници.Едни ги нарекуваат пагански а други се поврзани со христијанството,и едните и другите изуболуваат со голем ритаул и традиција.Низ историјата и покрај сталните борби и напади врз Македонија народот си ги задржал главните етнички обележја.Тоа и во литературата и во археологијата се потврдуваат.Проблемот е во присвојување од сите околни народи и некои европски земји што нагрнале врз македонските културни придобивки,што се изворно сочувано богатство во уметничкото творештво. На пример за мартинките биле бугарски.Па тие ни ги донеле кога се доселиле на македонска земја и се асимилирале со повисоката и многу постара македонска култура.Друго е прашањето кај азиските народи кога македонците со фалангата оставиле потомство и милионски луѓе кај Хунзите, Калашите,Сиките и бројни племиња низ Индија ги прифатиле македонските симболи,носии,музика,обичаи и се чуствуваат Македонци и го казнуваат тоа горди на своето порекло и сличности наследени и сочувани од пред 2330 години непроменет македонски ген.Фолклорот,килими,инструментите,орото се тоа се жива антика,кај нив и кај нас, останати од Ксантика во времето кога празникот се сметал за најголема македонска прослава, исто како и сега.
Некако преќутно славењето на пролетта на раѓањето,на сите промени до денеска се одбележува под влијание на Ксантика.На разни начини повеќе или помалку древното наследство ги преживеало најтешките исторсики периоди.
Пред седум години во Скопје се формира здружение за возобновување на старите македонски обичаи – Ксантика. Програмата, статутот,логото се прослави прв пат во Општина Карпош, во театрот Скупи под покровителство на градоначалникот и подршка на општината.Се славеше роденденот на Александар Македонски,се одржаа трибини, се делеа книги по училиштата со содржина од животот на античките македонци,се одржаа концерти и сето тоа остава голем впечаток во овие години.Во Волково една фамилија има вила Ксантика.Се појавија и други фирми со името Ксантика.Тоа беше име на една цвеќара име на туристичка агенција во Прилеп и други.Така Ксантика заживеа, се разбуди и приказната за “заспаната убавица” ги исполни срцата на македонскиот народ и продолжува да не освојува.Најмасовно и најдолго,здружението во Битола три години ја празнува пролета со Ксантика.Одржува трибини,такмичења на оратори, изложби,китења со цвеќе и мартинки со поворка низ улиците со факел во раце на фалангата и придружна музика со гајди и тапани какви што биле античките оркестри.Песните и ората оваа година ќе ја развеселуваат Битола,Филиповиот град Хераклеа, на кој што народот ќе му се оддолжи и на градот и на својот патрон со споменикот Филип Втори што чека да се постави на плоштадот каде што завршуваат прославите на Ксантика со љубов,со песни,игри и со нова светлина за подобар живот и среќа на сите Македонци низ целата година.Како тоа се изведува,како се пклетат плетенките,мартинките како се пречекува пролетта сите знаат, не треба да се учат тоа го знаат од раѓање, генетски предодредени во секој момент да го истакнат Македонството да покажат какво име Македонци имаат.Таа љубов,таа припадност,тие обичаи,прослави,Ксантика мораме во најчиста форма да им ја предадеме на идните генерации за вечно траење на се македонско каде и да сме по светот.