Фељтон

Истражувања: Македонија во Балканските војни (втор дел)

makedonija-1913

Таен договор за поделба на Македонија

makedonija-1913
Со овој договор, поточно Воена конвенција од 2 јуни 1912 година, било предвидено во случај на офанзивна војна против Турција, Србија и Бугарија, да удрат на противникот со 150, односно 200.000 војници, од кои најмалку 100.000 ќе упатат на Вардарското боиште. Договор за одбранбен сојуз и меѓу Бугарија и Грција.

Македонската територија надвор од неспорните територии ја нарекле спорна и ја поделиле по долги и жестоки преговори. Во членот 2 од Тајниот додаток од едниот до другиот крај на спорната територија, односно од Големиот Врв кај Крива Паланка до манастирот Губавец (Св. Еразмо) на Охридското Езеро прецизно била повлечена границата. Србија се обврзала да не бара ништо преку означената граница, а Бугарија да ја признае таа граница ако рускиот цар, кој ќе биде замолен со арбитража да го реши ова прашање, се изјасни во корист на оваа линија. Тоа значи дека Србија и Бугарија ја поделиле Македонија пред да започне Балканската војна. Рускиот цар имал само формална улога. Меѓутоа, во членот 4 на Договорот е утврдено: секој спор што би се изродил по повод толкувањето или извршувањето на која и да било одредба од договорот, Тајниот додаток или од Воената конвенција, да се поднесе барање на Русија за конечно решение на спорот, штом едната страна (Србија или Бугарија) ќе изјави оти смета дека е невозможно да се постигне спогодба со непосредни преговори. Тоа значи дека Русија имала неограничени можности во поглед на решавањето на македонското прашање. По потпишувањето на спогодбата за поделба на Македонија, двете земји (Бугарија и Србија) за прва задача го имале отстранувањето на македонската револуционерна организација од македонскиот народ, за да можат полесно со него да манипулираат.

АНТИМАКЕДОНСКИ КАРАКТЕР

Додека договорот од 13 март 1912 година формално бил дефанзивен во духот на препораките на Големите сили, Воената конвенција од 2 јуни 1912 година имала офанзивен карактер во однос на Турција. Овој договор во целост имал антимакедонски, антитурски, антиавстриски и антиромански насоки. Со Договорот, односно со Воената конвенција, било предвидено Србија и Бугарија во случај на офанзивна војна против Турција, да дејствуваат со доволно сили: Бугарија со војска што не може да биде помала од 200.000, а Србија со најмалку од 150.000 војници. Со четвртиот член на Воената конвенција двете страни се обврзале, доколку по претходна спогодба ја нападнат Турција, од својата војска да одвојат најмалку 100.000 луѓе и да ги упатат на Вардарското боиште, ако поинаку не биде утврдено со специјален договор. Во случај Австро-Унгарија да ја нападне Србија, Бугарија се обврзувала да помогне на Србија со најмалку 200.000 војници. Ако Романија или Турција ја нападнат Бугарија, Србија се обврзала дека ќе помогне со најмалку 100.000 војници. Ако Турција ја нападне Србија, Бугарија би упатила најмалку 100.000 војници на Вардарското боиште, а ако ја нападне Романија, Бугарија ќе даде помош на Србија. Ако и Србија и Бугарија ја нападнат Турција, двете биле должни да упатат по 100.000 војници на Вардарското боиште, но, ако ја нападне само една без претходен договор, другата била обврзана само на пријателска неутралност.

Врз основа на Воената конвенција, истиот ден, т.е. на 2 јуни 1912 година била потпишана Спогодбата за воените планови, правците на дејствувањето и операциите против Турција. Поради некои несогласувања во оценката на значењето на Вардарското и на Маричкото боиште во септември 1912 година била потпишана спогодба со која биле намалени обврските на бугарската војска кон Вардарското боиште. Со тоа бугарската војска била претежно насочена кон Маричкото војувалиште, односно во Тракија. Царот Фердинанд жестоко се спротивставувал да го потпише членот 2 од Договорот, односно членот 3 од Воената конвенција што биле насочени против Австро-Унгарија, но под притисок на руската влада и од кабинетот на Гешов, царот го потпишал Договорот. Два месеца по потпишувањето на Договорот, при своите посети на Берлин и на Виена, Фердинанд ја застапувал тезата дека Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со Македонија и со Тракија, но дека, во последен момент, откако ќе биде создадена голема Бугарија ќе се пресмета со Србија и ќе му пристапи на Тројниот сојуз.

Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во 1911 година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на Македонија. На иницијатива на грчката Влада преговорите биле обновени во март, а договорот бил склучен во мај 1912 година. Тој бил одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања спрема Турција и Големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и Декларација со која се предвидувала неутралност на Бугарија спрема Грција ако таа, поради Крит, се најде во воена состојба со Турција. Воената конвенција што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на Вардарското и на Маричкото боиште: Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во Егејското Море меѓу Мала Азија и европскиот дел на Турција.

ИНТЕНЗИВНА ПРОПАГАНДНА АКТИВНОСТ

Балканските држави по создавањето на Балканскиот сојуз веднаш започнале интензивно да се подготвуваат за војна против Турција. Настаните што се случиле во летото 1912 година: албанското востание, побуната на гарнизоните во Одрин и во Битола, како и паѓањето на младотурската влада ја засилиле анархијата во Турција. Големите сили сакале да ја задржат постојната состојба во Турција со некои ограничени реформи што немале некое поголемо значење. Поради тоа балканските сојузници одлучиле прашањата со Турција да ги разрешат со оружје. На 20 септември тие упатиле ултимативна нота на Турција со барање да се извршат реформи, да се спроведе административна автономија, да се воведат локални собранија, да се дозволи слободна настава, да се воспостави локална милиција и друго. По таа нота Турција на 23 септември наредила делумна мобилизација во европските провинции, ги запленила грчките бродови во Цариградското пристаниште и воениот материјал во Солун што Србија го купила од западните земји. Сојузниците одговориле со тоа што на 30 септември во 1912 година извршиле општа мобилизација. Утредента тоа истото го направила и Турција. Потоа, на 8 октомври Црна Гора објавила војна на Турција, Србија и Бугарија тоа го сториле на 17 октомври, а Грција на 19 октомври 1912 година. На тој начин започнала Првата балканска војна.

Непосредно пред Балканските војни се вршела интензивна пропаганда со цел да се дигне борбениот дух и антитурското расположение во сите балкански земји. Политичките подготовки за дефинитивното протерување на османлиските сили по пат на војна траеле долго и биле сеопфатни. Поради тоа, балканските народи, особено македонскиот, почетокот на војната го дочекале со максимален борбен набој и со елан за борба. Македонската емиграција во Бугарија, која веќе била организирана во разни организации и здруженија, со голема надеж ја очекувала војната. Бугарската влада во време на интензивната пропаганда и подготовките на Балканската војна максимално ги користела условите за потпишување на српско-бугарската спогодба, особено договорот со кој Бугарија се откажала од решенијата на прелиминарниот Санстефански договор и алтернативата дека на Македонија ќе се даде автономија. Тоа било решавачко за македонската емиграција, интелигенцијата и речиси сето население, да се определи во Балканската војна да учествува на страната на Бугарија. Не знаејќи за тајната конвенција во која Македонија веќе била поделена, одредени луѓе во Бугарија и во Србија ја сметале Македонија за рамноправен сојузник. Единствено Јане Сандански изјавувал дека меѓу Србија и Бугарија може да дојде до спогодба само доколку ја делат Македонија.

Пишува: Ванчe Стојчев
(продолжува)

Во сеќавање на проф. д-р Ванче Стојчев

vance-stojcevИстражувањето и документирањето на геноцидот врз македонскиот народ сеуште не е актуелна тема која можеби треба да биде водилка за сите нас кои останавме на македонската кауза. Македонскиот народ како многупати во историјата и денес е приморан да се бори за сопственото име, за идентитетот, за својот јазик и за опстојување на својата држава. Почитуваниот Ванче Стојчев целиот свој живот работеше, пишуваше и зборуваше, за македонците за македонската вистина и за Македонија.

По кусо боледување, во Воената болница во Скопје почина проф. д-р Ванче Стојчев, професор на Воената академија, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија, неуморен борец и документарист кој донесе во татковината многу значајни документи на актуелните теми кои се стогодишна мисла за македонците.

Посветен научник и почитуван граѓанин на Македонија кој мечтаеше преку документите што ги наоѓаше да поттикне ред или редослед на историските настани или „Како од балканското буре со барут да се создаде историја за македонците“. Од осамостојувањето на Република Македонија, соседните држави ги обновија своите големодржавни аспирации, ја активираа негаторската политика кон Македонија.

Ситуацијата е многу слична на онаа од пред 96 години кога во 1913 година во Букурешт соседните држави со поддршка на големите сили меѓу себе ја поделиле Македонија, – рече во најавата за печатење на своето последно капитало дело за вистината за Македонија, сега покојниот проф.д-р Ванче Стојчев.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top