Фељтон

Македонскиот преродбенски XIX век (15)

feljton15

Димитрија Миладинов ги побарал моштите од свети Климент Охридски!

Но, покрај сугестијата да собира народни песни и да напише граматика на родниот јазик, Григорович му оставил и други истражувачки порачки на тогашниот “грчки учител во Охрид” Димитрија Миладин. Посебно се значајни неговите интереси за Климента Охридски и за народното училиште. “Ние – му пишува Миладин – сме длабоко уверени, според тврдењето на селаните од Главеница, дека ќе се најдат и бараните камени натписи што ќе ги истражувам напролет. Прекрасно и пожелно ќе биде ако преку твоето содејство се побараат од владата светите мошти на свети Климент Охридски, посведочени од Великата Христова црква, како што ти се увери со сопствените очи и по своја иницијатива ги побара. А постапките пред овдешните власти за спомнатите свети мошти придонесуваат и Вам да Ви се оддаде благодарност, и новоотвореното училиште да види полза”. Несомнено овие врски со руската наука и политика се прошируваат и постепено Д. Миладинов станува доверлива личност за Русија

feljton15Во таа 1844 год. Христаки Павлович “из Дупница Македонска” (“славено-елинскиот учител” “Христаќа Македонца”, како што самиот се декларира, па и други го претставуваат “из Дупница Македонска”) во Будим првпат го објавува ракописот на другиот монах од Банско Паисиј Хилендарски под наслов “Царственик или Историа болгарска, коато учи от где са болгаре произишли, како са кралевствовали, како же царствовали и како царство свое погубили и под иго подпаднали”. Тука ученикот на Јован Раиќ зборува и за Македонија како бугарска и за Македонците како Бугари, но притоа дава своевидна интерпретација што го заслужува посебното внимание и на македонската историографија.

Во истата година, инструиран од книгите на Јуриј Венелин и со претставите на тогашната руска славистика, стигнува во Македонија и казанскиот доцент Виктор Григорович, кој по враќањето исто така му соопшти на славистичкиот свет дека во Македонија живеат Бугари и дека македонскиот јазик е – бугарски, а во самата Македонија создаде вредни приврзаници на своите идеи. Меѓу нив посебно внимание заслужува неговото познанство со Димитрија Миладинов во Струга и Охрид. Токму Григорович, како што му пишува самиот Димитрија во писмото од 25. II 1846 год., му дал “порака” да направи “ненадминати” “старанија за нашиот бугарски јазик и бугарските песни”. Миладинов додава: “Не престанувам да продолжувам да ги исполнувам моите ветувања кон Вашата милост, зашто Бугарите спонтано се стремат кон вистината. Но нека ми биде простено досегашното одлагање, зашто имав тешкотии при изборот на најдобрите песни, а исто така и при мојата работа врз граматиката. Се надевам дека при вториот удобен случај, откако ќе соберам повеќе песни и ќе ја завршам граматиката, според Вашата огнена желба, ќе Ви ги испратам…”.

Д. МИЛАДИНОВ – ДОВЕРЛИВА ЛИЧНОСТ ЗА РУСИЈА
Но покрај сугестијата да собира народни песни и да напише граматика на родниот јазик, Григорович му оставил и други истражувачки порачки на тогашниот “грчки учител во Охрид” Димитрија Миладин. Посебно се значајни неговите интереси за Климента Охридски и за народното училиште. “Ние – му пишува Миладин – сме длабоко уверени, според тврдењето на селаните од Главеница, дека ќе се најдат и бараните камени натписи што ќе ги истражувам напролет. Прекрасно и пожелно ќе биде ако преку твоето содејство се побараат од владата светите мошти на свети Климент Охридски, посведочени од Великата Христова црква, како што ти се увери со сопствените очи и по своја иницијатива ги побара. А постапките пред овдешните власти за спомнатите свети мошти придонесуваат и Вам да Ви се оддаде благодарност, и новоотвореното училиште да види полза”.

Несомнено овие врски со руската наука и политика се прошируваат и постепено Д. Миладинов станува доверлива личност за Русија. Во писмото до Александар Егзарх од 20. VIII 1852 год. тој се потсетува за угледниот гостин од Русија: 
“Еден руски патешественик по име Виктор Григорович, професор во Казан, многу се изненади кога виде словенски книги во Охрид, во моето родно место Струга, во Преспа и др., како овдешниве Бугари да не им биле познати на европските народи, ами биле сметани од нив како некаков друг народ. Кога го предавав Тукидид во Охрид, Григорович восторжено извикна: “О, наши браќа ли сте?” и како да сонуваше и не веруваше дека словенскиот јазик ни е мајчин и прадедовски јазик. Кога стигнавме двајцата во моето родно место Струга, вечерта посака мојата стара мајка да му испее (богарска песма), којашто тој си ја запиша. И потоа ме замоли да напишам граматика на денешниот говорен бугарски јазик, којашто ја очекуваше во Виена, каде што некои Грчулии и Албанци од околните места на нашата татковина, поттикнати од некои, му припишуваа неправедно обвиненија дека дигнал книги, а всушност нашите сотатковинци на драго срце му дадоа некои книги”. 

ГРЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ ЗА НИШТО НЕ НЕ СМЕТААТ
Од тоа разбирам дека “Грците и Французите за ништо не не сметаат”. Влезен во кругот на пријателите на Русија, Миладинов добива усрдна финансиска поддршка и од руската императорка за отворање “бугарски” училишта по Македонија, пред се во Охрид, Солун и Кукуш. Словенството, значи, неосетно поминува во бугарство и антиелинство. Самиот Димитрија се стави во Цариград што веројатно беше и главната причина што со брата му го завршија животот во цариградските зандани.

Но браќата Димитрија и Константин во еден суптилен период од нашата историја одиграа многу клучна улога. Нивниот зборник со народни умотворби, дури и со насловот “Блгарски народни песни” (1861), стана основна легитимација на македонскиот фолклор и јазик во целиот послешен развоен период, независно од оние 76 навистина бугарски народни песни што биле додадени од В. Чолаков непосредно пред печатењето.

Освен тоа, московскиот студент Константин со своите уникални песни на народниот јазик стана основоположник на современата македонска поезија, а неговиот превод од руски на македонски на антиунијатската книга на Флеров (1858), со краткиот предговор на преведувачот, стана првиот прозен превод од руски на македонски јазик, додека во зборникот “Братски труд” (1860) тој објави и едно непознато писмо на охридскиот архиепископ Паисиј (1566) како прилог кон историјата на оваа црква.

Во македонскиот преродбенски процес посебно место има и изразитиот претставник на концепцијата на Партенија Зографски за заеднички јазик со Бугарите, московскиот студент и руски наставник Рајко Жинзифов. Тој наполно ја акцептира Венелиновата идеологија пренесена преку Бугарското настојателство во Одеса и Московскиот словенски комитет за историјата и народноста на Македонците и со својата поезија и со преводите од руски, украински и чешки и особено со својата богата публицистичка дејност остави име во историјата на три словенски литературно-културни истории – македонската, бугарската и руската.

Во тој круг спаѓа и охридскиот “Втор Хомер” Григор Прличев, прославен ловороносец во Атина, македонско-грчко-бугарски поет, прозаист и преведувач, словобеседник и народен будител и трибун во втората половина на XIX век. Елинизмот, словено-бугаризмот и македонизмот се трите фази и од неговиот творечки опус што на своевиден начин ја одразуваат историската ситуација во Македонија.

ВЕЧЕР пренесува дел од најновата книга напишана од академик Блаже Ристовски, главниот редактор на првата “Македонска енциклопедија”. Издавач на двотомното историско дело е “ТРИ”

ПРОДОЛЖУВА: “Историа на велики Александра македонца”, во 1844 година во Белград!

ПОДГОТВИЛ: Де.Т.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top