Фељтон

Македонскиот преродбенски XIX век (18)

feljton18-240

Руската императорка Екатерина во XVIII век формира македонски полк

Бегалците по Карпошовото востание (XVII век) во Австрија се декларираа и беа прифаќани како Македонци, а така им се обраќаше и австрискиот император Леополд. Кога тие преминаа во Русија (во денешна Украина) администрацијата на императорката Екатерина II во половината на XVIII век ги регистрира дека се “од македонската нација” и им формира посебен “македонски хусарски полк”, третирајќи ги како различни од другите балкански христијани: Србите, Бугарите, Грците и Власите

feljton18-240

Како и денеска, во прашање беше елементарната претпоставка – името. Во Турција никој никого никогаш не прашуваше за етничкото потекло. Со векови беше важна верата и социјално-економскиот статус, всушност правоверниот и “безверниот”, т.е. муслиманот и ѓаурот и господарот и рајата. Македонците знаеја дека се христијани и тоа православни и дека притоа се каурска раја. Подоцна во милетскиот систем се побара нуфусот. Бидејќи беше укината осумвековната Охридска архиепископија, во црквите служеа главно патријаршиски попови – на грчки јазик и нејзините припадници станаа рум-милет. Само во некои од манастирските цркви живуркаше црковнословенскиот јазик, иако народот целото време го култивираше сопствениот говор и ги создаваше и во секојдневјето ги доживуваше своите умотворби, ја градеше и ја развиваше својата материјална и духовна култура. Така цели пет века македонскиот народ остануваше во срцето, а речиси наполно покрај Европа. По земјата, луѓето знаеја дека се од Македонија и самите надвор се викаа Македонци. Впрочем, така стоеше и во Библијата. А тоа им го сугерираше и живата традиција со митот за Филип и Александар.

Речиси никој во Европа не беше заинтересиран да се запраша што и каков точно милет живее во централниот дел на Европска Турција. За Европејците, меѓутоа, особено по XVI век, станаа битни печатените географски и други карти, а во нив на истакнато место овој простор беше претставен според античката традиција како Македонија. Тоа им го сугерираше и “илирската” хералдика што се разви токму во истото време. И тука на почесно место стоеше македонскиот земски грб, паралелно, на пр., со српскиот и бугарскиот. Затоа и бегалците по Карпошовото востание (XVII век) во Австрија се декларираа и беа прифаќани како Македонци, а така им се обраќаше и австрискиот император Леополд.

НЕ ПОСТОИ ГРЧКИ НАРОД

Кога тие преминаа во Русија (во денешна Украина) администрацијата на императорката Екатерина II во половината на XVIII век ги регистрира дека се “од македонската нација” и им формира посебен “македонски хусарски полк”, третирајќи ги како различни од другите балкански христијани – Србите, Бугарите, Грците и Власите.

Но тоа беа признанија во услови надвор од Турција. А кога на Виенскиот конгрес во 1814 год. угледните кнезови Грци на руска служба, грофот Јоан Каподистрија и Александар Ипсиланти, претставиле молба за ослободување на грчкиот народ од турското владение, претседавачот Клеменс Метерних јасно и реско им отсекол дека “не постои грчки народ” и дека “во турската држава не се признаваат други народности освен турската”.

Затоа и во август 1829 год., непосредно пред потпишувањето на Одринскиот мир во Руско-турската војна, филипополскиот Македонец Трифон Неделјович Давидски до Командата на настапувачката руска армија испраќа три значајни документи: акростихувана порака на македонско-руски јазик “Песна македонска”; прокламација до македонскиот народ за оружено востание како ефективна помош на руските војски под наслов “За верата Христова и за верноста на нашата татковина”, и посебен апел од името на македонскиот народ, формулиран како “Молба и желба”, упатен до Главниот командант на ИИ руска армија. Во сите три документа се бара руските војски да поминат и низ Македонија, а не само низ Бугарија (меѓу Дунав и Стара Планина) за да се вклучат и подготвените веќе Македонци во ослободителната воена акција.

Се во тоа исто време (1829) во Москва беше објавен првиот том од обемното дело на украинскиот Русин Јуриј Венелин “Древние и нанишние болгаре в политическом, народописном, историческом и религиозном их отношении к Россинам” што имаше значајна улога во претставувањето на Бугарија и Бугарите пред светот, иако авторот никогаш немаше отидено во Бугарија, освен што со руските војски замина само по брегот од Варна до Силистра. А во 1837 год. медицинарот Венелин објави и книшка “О зародаши ново-болгарско – литература”, во која зборува за три бугарски области и за ваква распространетост на бугарското население: во Бугарија – 750.000 Бугари, во Тракија – 600.000, во други краишта уште 195.000, а во Македонија декларира цел еден милион Бугари, иако за него и градовите Карловци, Призрен, Копривштица или Калофер се во границите на таа негова замислена Македонија! Притоа тој тврди и дека словенската писменост не ја создале Кирил и Методија, туку готскиот епископ Вулфила, зашто сметаше дека и Готите биле Словени. За тогашниот крајно неинформиран свет сето тоа минуваше како научна вистина…

ПОТЕКЛОТО НА КИРИЛО-МЕТОДИЕВСКИОТ ЈАЗИК

Европската славистика се уште беше во самиот зародиш. Затоа Вук Караџиќ уште во 1815 година, објавувајќи македонска народна песна во својата српска песнарка, ја обележа како бугарска, а со знаење и менторство на словенечкиот учен во Австрија Јернеј Копитар, во 1822 год. во познатиот “Додатак” напиша филолошки трактат за “бугарскиот” јазик и објави “бугарски” народни песни, а многу подоцна се констатира дека истражуваниот материјал и информаторите биле всушност од Македонија. И полскиот поет и париски професор Адам Мицкјевич дури и во 1841 год. им тврдеше на студентите дека Кирил и Методија не биле испратени во Моравија од Цариград, туку од римскиот папа и дека нивните гробови се во Рим. А видниот славист Павел Јозеф Шафарик во својата “Geschichte der slavischen Sprache und Literatur nach allen Mundarten” во 1926 год. дознал дека Бугари има само 60.000 и дека тие живеат на просторот меѓу Дунав и планината Балкан. Но така мислеле не само Давидски и Шафарик, туку и американскиот протестантски мисионер во Смирна Елиас Ригс во своите “Notes on the Grammar of the Bulgarian Language” (1844). Па не беше случајно што и со Берлинскиот договор (1878) Бугарското Кнежество беше создадено само во тие географски рамки, а не во санстефанските граници – според епархиите на Бугарската егзархија. Толку стигнуваа информациите од ареата на босфорското царство. Меѓутоа, и писмени автори од самата Македонија, како Крчовски и Пејчиновиќ, уште во насловите на своите тогаш печатени дела македонскиот го претставија како “болгарски”.

Во таква етнокултурно неиздиференцирана, а историски и геополитички недодефинирана внатрешна и меѓународна состојба се најде Македонија во почетните децении на XIX век. Со процесот на постепеното изделување на периферните христијански области на Европска Турција, таа се повеќе стануваше објект на разни интереси и поттик за акција на постепено артикулираните претензии на соседите. И крајно неинформираната, а мошне заинтересирана млада славистичка наука се изразуваше во пазувите на таквиот развиток на сознанијата за овој дел на Европа. Бидејќи и славистиката како наука се зароди и се разви главно во словенските европски земји, таа не беше глува на големодржавните и панславистички обоени стремежи на Русија, но и на национално-политичката чувствителност на потчинетите, а веќе разбудени словенски народи.

Првите импулси на славистичкиот интерес кон словенскиот православен Балкан беше во унисон со империјалните руски воени походи кон Босфор во 20-тите години на XIX век.
Тоа се совпадна со пројавениот потенциран интерес за делото на светите Кирил и Методија, за старословенскиот јазик и неговото потекло. Се бараше нивната татковина и одговорот на прашањето: каде, чиј и каков бил основоположничкиот јазик. Од веќе расположивите извори не беше толку тешко да се посочи Солун во Македонија како татковина на браќата. Но проблем станува етничкото потекло и нивниот јазик. Од видни слависти, како Јернеј Копитар, Франц Миклошич и П. Ј. Шафарик, научно се образлагаше Панонската теорија за потеклото на кирило-методиевскиот јазик. Исходот од битката во славистиката помеѓу панонската и македонската теза, сепак, беше во прилог на македонската.

Така Македонија и македонскиот јазик станаа централен предмет за проучување во словенската филологија. Осамостоената Грција, политички поддржана од заинтересираната Европа, скоро ја почна битката за завојување и на античкото македонско наследство, па следствено и на името. Меѓутоа, скоро сите европски карти територијата и натаму ја маркираа како Македонија, како одделен политички, а постапно и како етнокултурен субјект од Грција. Во тоа барање име на современиот јазик на народот во Македонија беа искажани куриозни називи. Таткото на славистиката Чехот Јозеф Добровски, на пр., во 1822 и 1825 год. рече дека јазикот е наречје на српскиот, дека старословенското писмо може да се нарече “руско, бугарско и српско”, а во писмото до рускиот славист П. И. Кепен (1924) кирило-методиевскиот јазик го именува “српско-бугарско-македонски”. Рускиот славист А. Х. Востоков се искажува во прилог на бугарскиот, додека А. С. Шишков се застапува за тезата дека рускиот е директен и единствен наследник на старословенскиот јазик.

ВЕЧЕР пренесува дел од најновата книга напишана од академик Блаже Ристовски, главниот редактор на првата “Македонска енциклопедија”. Издавач на двотомното историско дело е “ТРИ”

КРАЈ
ПОДГОТВИЛ: Де.Т.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top