Фељтон

Михаил Шариновски (Солунски): „Експозе по македонското прашање” – 1975 г. (1 дел)

mihail-sharinovski-solunski

mihail-sharinovski-solunski Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999)

Михаил Шариновски-Солунски, беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Перт Западна Австралија, во 1990/91 година. Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година.

МИХАИЛ ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ):

ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗВЕДЕ СО РАЗБИРАЊЕ И СПОГОДБА МЕЃУ ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА И ИДНАТА НАРОДНО ДЕМОКРАТСКА  БУГАРИЈА  И  ГРЦИЈА

„Во VI и VII век татковината на Древните Македонци на Филип и Александар била густо населене, а од неколку славјански племиња, станува типично славјанска земја, поради што, сеж до средината на IX век византиските хроничари ја нарекуваат Склавинија – земја на Слав-јаните. Одделните славјански племиња во Македонија живееле во родовско – општествени заедници, на чие чело стоеле “кнезови”, кои меѓусебно често се обединувале во сојузи за водење заедничка војна против Византија. Поради непосредната близина на Македонија со Константинопол, Византија не ги оставила македонските Славјани да се обединат во своја сопствена држава. Цели три века македонските Славјани ја признавале византиската власт, која за нив била туѓинска… Затоа, во IX век македонските Славјани влегле доброволно во состав на славјано-бугарската држава, која се проширила не само во Македонија, ами и на територијата на денешна Србија, Албанија и Босна. Тогашната бугарска држава била типична средновековна феудална творба во чии граници  влегувал не само бугарскиот народ, ами и многу други: Грци, македонски Славјани, Албанци, Срби и други. Ова  спојување на народот од турано-монголско потекло со Славјаните било направено во тек на три векови (од VI до IX век), значи во времето кога Македонија уште не влегувала во состав на бугарската феудална империја и била нарекувана од тогашните хроничатри “Склавинија”. И токму овој факт што не дошло до етничко мешање меѓу македонските Славјани и народот Бугари од турано-монголско потекло ја објаснува појавата што македонските Славјани и во рамките на бугарската сред-новековна држава не се нарекувале себеси Бугари т.е. не се чувствувале составен дел на новонастанатиот народ Бугари кој настанал надвор од Македонија со спојувањето на двата различни етнички  еле-менти.

Во IX век Солунските браќа Кирил и Методиј го составиле првото славјанско писмо, а тоа станало кога ниту едно парче од македонската земја не се најдувало во состав на бугарската држава. Првата славјанска писменост се родила на јазикот на македонското Славјанство во време кога Македонија уште не се наоѓала во состав на бугарската држава. Творците на таа славјанска азбука и првата славјанска писменост ги нарекле славјански, а не бугарски. Две-три децении подоцна, кога Македонија се нашла во состав на бугарската држава, таа пак станала расадник на славјанската писменост. Во неа пристигнале и работеле прогонетите од Моравија ученици на Кирил и Ме-тодија, во неа плодно работел првиот славјански универзитет во Охрид. Учениците на Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски и други, кои зад себе оставија богата литература, ниту на едно место во нивните творби не се нарекоа Бугари, ниту пак својата пис-меност ја нарекоа бугарска. Ова нешто е одамна констатирано од науче-ниците во областа на славистиката. Бугарската претенциозна наука, самоволно и ненаучно, првото славјанско писмо и славјанска писменост ги пригласи за “старобугарски”, а нивните творци за “Бугари”, иако тие никогаш себеси не се чувствувале Бугари ниту пак својата писменост ја викале бугарска.

Вистина со влегувањето на Македонија во состав на бугарската држава во втората половина на IX век, некои византиски хроничари целата славјанска писменост во големата феудална бугарска империја почнуваат да ја викаат “бугарска” по името на државата, но тоа име било политичко и државно, а не етничко. Долго време името “Бугарин” и “ бугарско” за Византијците било хомоним за “варварин” и “варварство”… Во рамките на бугарската феудална империја македонското Славјанство не претставувало составен дел на бугарската народност, а доколку за нив се зборувало како за “Бугари” со тоа се означувало само нивната државна припадност. Подоцна во XIII и XIV век истото тоа македонско Славјанство се нашло во состав на една друга славјанска држава, на српската. Византиските историчари од тој период зборуваат за македонските Славјани како за “Срби” со што тие ја озна-чувале нивната државна, а не етничка припадност. Историската судбина на македонското Славјанство во средниот век била таква што нему, не-канети кумови од странство, му давале имиња кои не биле негови народносни имиња.

Македонското Славјанство никогаш не претставувало составен дел ни на грчиот ни на бугарскиот, ни на српскиот народ, а претставувало посебна етничка задница, со своја култура, свој јазик и свое минато. Самото менување на државните покриви во текот на сред-ниот век – еднаш под Византија, друг пат под Бугарија, трет пат под Византија, четврт пат под Бугарија, петти пат под Византија, шести пат под Србија за да падне седми пат под Турција подолго од пет века, претставувало својствено историско минато на македонското Славјанство, кое ставало индивидуални белези на македонскиот народносен индивидуалитет. Македонскиот народ премногу често ги менувал своите господари за да можел да се слее во некоја од нивните народности.

По поделбата на Македонија во 1912 г. меѓу сегашните нејзини балкански окупатори, историскиот живот на македонското Славјанство изгледа приближно вака:

1. Околу 400 години минати под полна или делумна власт на Византија;

2. Околу 200 години под бугарска власт;

3. Околу 100 години под српска власт, и

4. Повеќе од 500 години под турска власт.

Славјаномакедонскиот народ живеел под разни државни покриви, една власт сменувала друга. Македонија е земја во која денес стојат едни покрај други културни и историски споменици останати од периодите  на византиското, бугарското, српското и турското владеење. Државната власт се менувала во Македонија, но славјаномакедонскиот народ си останувал да живее без разлика на тоа како овој народ, под разните државни покриви, бил кумуван од надворешниот свет. Поради честото сменување на државните покриви, како и поради тоа што славјаномакедонскиот народ во средниот век немал услови да си создаде држава под своето сопствено име, овој народ сеж до XIX век останал безимен народ. Историјата познава и други славјански безимени народи. Такви биле меѓу Јужните Славјани Словенците, меѓу источните Бело-русите, меѓу западните Словаците. Дури во XIX век споменатите народи се легитимирале пред светот со свои сопствени етнички и национални имиња.Денес никој не го негира постоењето на словенечката, белоруската и словачката нација заради тоа што во средниот век тие народи биле непознати под нивните сегашни имиња. За жал постоењето на македонската нација денес уште е негирано од балканските национал-империјалисти, заради тоа што во средниот век македонските Славјани не биле познати под името Македонци. Но македонската нација постои денека онака како што постои словенечката, белоруската и словачката. Македонските Славјани во XIX век географското име на својата татковина го зедоа за свое национално име за да ја истакнат со него својата национална индивидуалност и да се разграничат во национален поглед од соседните народи – Грците, Бугарите и Србите…

Класиците на марксизмот-ленинизмот неж учат дека нацијата како општествена заедница се раѓа во епохата на одумирањето на феудалниот и раѓањето на капиталистичкиот општествен поредок. Така и современите нации на Балканскиот Полуостров настанале во XIX век кога на овој простор се пробиле новите капиталистички односи… Немарксистичко и ненаучно е кога она што во феудализмот во средниот век било означувано како бугарски, грчки или српски народ, сега да биде поис-товетувано со сегашната бугарска, грчка и српска нација. Ако средно-вековните етнички имиња сврзани со феудалната држава се поистовету-ваат со современите нации, тогаш во денешниот Советски Сојуз немаше да постои украинската, белоруската и ред други нации. Меѓутоа, случајот не е таков наспроти заедничкото историско минато на рускиот, украинскиот и белорускиот народ денес во советскиот сојуз овие народи живеат во братска љубов како три посебни нации… За жал денешната историографија на НР Бугарија нема вакво марксистичко-ленинистичко сфаќање на историјата, ами во духот на буржоаската националистичка историографија, границите на современата бугарска нација ги става во границите на средновековната бугарска држава и со тоа го негира постоењето на македонската нација. Историографијата во НР Бугарија отстапи од марксистичко – ленинистичко разбирање на историјата, кое одамна укажа дека во феудализмот немало држави на народи особено на балканскиот полуостров, ами имало држави на територии. Во границите на феудалната Византија, Бугарија и Србија влегувале разни народи кои подоцна доживеале сосем самостоен народен и национален развиток. Славјаномакедонскиот народ во текот на околу 13 века живеел главно еднаков државно-политички и културен живот, тој речиси секогаш во це-лост влегувал во разните државни граници на соседите и трпел еднакви влијанија, што несомнено придонесло за оформувањето на неговата национална индивидуалност.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top