
Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999), беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДОМНЕ, на Перт З.Австралија, во 1990/91 година.
Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година.
МИХАИЛ ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ):
ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗВЕДЕ СО РАЗБИРАЊЕ И СПОГОДБА МЕЃУ ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА И ИДНАТА НАРОДНО ДЕМОКРАТСКА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА
Македонската нација е најмлада меѓу нациите на Балканот. Нејзиното оформување почнува дури по ЏИЏ век, во еден историски период кога другите нации на Балканот беа ослободени и имаа свои национанални држави или пак беа признати како на-ции под турското владеење. Феудалните општествени односи во турската провинција Македонија се одржаа најдолго, поради што и процесот на националната афирмација на македонскиот народ отпочнува најдоцана. Меѓутоа, процесот на националната еманци-пација на македонското Славјанство во современата македонска нација е спречуван од грчкиот, бугарскиот и српскиот национа-лизам. Сите овие национализми во ЏИЏ век се бореа да му ја одземат на македонскиот народ неговата самобитност, да го погрчат, побугарат и осрбат, за да можат по тој начин да ја завладеат неговата татковина. Балканските буржоазии уште во ЏИЏ век ги созададоа нивните лажнонаучни теории според кои Маке-донците биле составен дел на грчката, бугарската или српската нација и тоа уште во далечниот среден век, кога ни грчката, ни бугарската, ни српската нација не постоеле во денешната смисла на поимот нација… Овие туѓински национални пропаганди созда-ваа во македонското население грчки, бугарски и српски “партии”, но тие не можеа да го однародат тоа население, затоа што тоа во себе ги содржеше сите особености на еден самобитен народ. Фактот што македонскиот народ во ЏИЏ век успешно ја одб-рани својата етничка самобитност од денационализаторските походи и инвазии на неговите соседи е најдобриот доказ дека тој народ никогаш не припаѓал на грчката, бугарската или српската етничка целина. Во времето на националистичките про-паганди на балканските буржоазии во ЏИЏ век Македонија беше турска провинција. Турската власт не се грижеше за просветата на немуслиманското население, таа грижа таа ја беше оставила во рацете на грчката, бугарската и српската црква, кои рако-воделе и со училишното дело. Сите училишта во Македонија припаѓа на гореспоменатите три цркви. Во овие туѓински учи-лишта балканските буржоазии кои сонуваа за создавање голема Грција, голема Бугарија и голема Србија, насадуваа во маке-донските деца грчки, бугарски и српски национален дух и патриотизам… Тројната денационализаторска и асимилаторска политика беше создала таква трагикомична положба во Македонија што од едно исто семејство еден брат стануваше “Грк”, друг “Бугарин” или “Србин”, или пак таткото беше “Грк”, а неговите синови “Бугари” или “Срби”! Често беше минување од една “на-ционалност” во друга, т.е. од една национална “партија” во друга… Родителите на децата добиваа од странските пропаганди пари ако своите деца ги пуштат во грчко, бугарско или српско училиште. Имаше и такви случаи што некои Македонци годишно по неколку пати си ја менуваа “националната” припадност….
Во 60-ите години на ЏИЏ век во Македонија се јавува движењето на „македонистите”, кое ги отфрлува туѓинските национални идеологии кои се импортираат во Македонија од странство и прави обид за формулирање на една македонска наци-онална идеологија, која се заснова врз специфичниот историски развиток на македонското Славјанство, врз неговата самобитна култура и врз посебноста на македонскиот јазик. „Маке-одонистите” работат, јазикот на македонското Славјанство да го направат посебен книжевен јазик и тие проповедаат дека Македонците не се ни Грци, ни Бугари, ни Срби, туку дека се самобитен народ со своја сопствена култура, јазик и историско минато. „Македонистите” пишуваат и печатат учебници на македонски јазик со кои тие сакаат да го истиснат од Македо-нија бугарскиот литературен јазик, кој веќе бил оформен, но тој експортиран од бугарската пропаганда во Македонија како литературен јазик, бил туѓ за Македонците. Битката што ја воделе „македонистите” за сопствен македонски литературен јазик била и битка за афирмација на македонската националност, преку родната македонска книга „Македонистите” истовремено буделе национална самосвест во македонските народни маси. Со ретки исклучоци, сите овие „македонисти” беа образувани во училиштата на бугарската и грчката буражоазија. Многумина од нив беа и на служба во Бугарската егзархија како учители во нејзини училишта. „Македонистите” беа жестоко напаѓани од тогашниот печат на бугарската буржоазија, а Бугарската егзар-хија ги отпушташе од служба и ги оставаше без средства за живот. Тогашниот печат, “македонистите” ги нарекуваше и “сепаратисти”, бидејќи тие тврдеа дека Македонците се посебен народ, а не Бугари… Националната афирмација на македонскиот народ е процес кој трае повеќе од еден век. Денес кога националната афирмација на македонскиот народ е историски факт и реалност, македонскиот народ е горд со своите некогашни „Македонисти”. Од ЏИЏ век, тие негови први национални апостоли, какви што биле: Ѓорѓија Пулевски, Димитар Македонски, Теодосија Скопски, Венијамин Мачуковски, Кузман Шапкарев, Пар-тенија Зографски и други.
Со „македонистите” отпочна првата фаза во македонската национална афирмација… Туѓинските пропаганди успеаа да го прекинат и задржат процесот на македонската национална афирмација, но тие се мамеа кога мислеа дека идеите на „Македо-нистите” за национална самобитност на македонскиот народ се уништени. Две-три децении подоцна, идејата на „Македонистите” за национална индивидуалност на македонскиот народ беше из-несена на историската сцена од една дуга, помлада, македонска интелектуална генерација. Во 80-те години на ЏИЏ век македонското студентство во Софија почна да го издава списанието „Лоза” кое ја изнесуваше вистината за етничката самобитност на македонскиот народ и го искажуваше својот револт од туѓите национални пропаганди кои како неканети гости дошле во Македонија за да уништат сеж што е сопствено и карак-теристично за Македонецот – неговата култура и неговиот нацио-нален самобит… Издавачите на „Лоза” си беа поставиле цел да работат на истиснување на туѓинскиите национални пропаганди во Македонија, да работат за национално будење и афирмација на Македонскиот народ.
…Издавачите на „Лоза” беа нападнати во бугарскиот печат како македонски национал-сепаратисти и против нив се бараа остри санкции од страна на бугарката државна власт, која не задоцни да го забрани списанието на македонското студентство, а неговите издавачи да ги затвори или да ги прогони од Бугарија… Тогаш од Бугарија беа прогонети и идните македонски револуционари Даме Груев, Петар Поп-Арсов и други, кои преминаа во Македонија под турска власт и таму почнаа да го организираат народот за револуционерна борба… Само де-сетина години подоцна и македонското студентство во Петроград се организира во своја Македонска литературна дружина и почна да го издава на руски јазик весникот „Македонски глас”, кој вес-ник имал мото: „Ние Македонците не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ако овие народи ни помогнат да се ослободиме ние ќе им кажеме благодариме, но тие нека не забораваат дека ние сме Македонци”. „Македонски глас” го запознавал руското општествено мислење дека Македонците не се ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ами дека се самобитен народ. Сите броеви на „Македонски глас” се сочувани…
Продолжува наредна среда