Фељтон

„Експозе по македонското прашање“ – 1975 г. (3 дел)

mihail-sharinovski-solunski

mihail-sharinovski-solunskiМихаил Шариновски – Солунски (1932-1999), беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДОМНЕ, на Перт З.Австралија, во 1990/91 година.

Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година.

МИХАИЛ  ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ):

ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД  ДА СЕ ИЗВЕДЕ СО РАЗБИРАЊЕ И СПОГОДБА МЕЃУ ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА И ИДНАТА  НАРОДНО  ДЕМОКРАТСКА  БУГАРИЈА  И  ГРЦИЈА

На самиот почетоок на XX век во Одеса почнува да излегува списанието „Вардар”, издавано од македонскиот филолог и етнограф Крсте Петков Мисирков, кој со длабоко научно об-разложување во своите прилози ја истакнува етничката самобитност на македонскиот народ и укажува на патиштата по кои ќе се развива македонската национална афирмација во иднина. Мисирков во 1903 во Софија ја издава својата книга „За македонските работи” во која со длабока научна анализа го аргументира македонското национално постоење. Тој е и творец на македонскиот литературен јазик, кого што тој го изгради на централниот и најраспространетиот македонски дијалект и за него состави правоопис. Денешниот македонски литературен јазик кој е во употреба во СР Македонија е изграден на централниот македонски дијалект т.е. врз принципот што го постави Мисирков уште во 1903 година.

Во условите на двојно ропство – едно, турско политичко и второто, духовно- културно што го правеа трите туѓински национални пропаганди во Македонија, не беше можен еден природен развиток на процесот на македонската национална афирмација. Ова нешто беше многу добро разбрано од младата македонска интелигенција на која и стана јасно дека без политичка слобода македонскиот народ не може да ја оствари својата национална преродба и афирмација. Затоа, истите оние млади македонски интелектуалци кои почнаа да го издаваат списанието „Лоза”, кои беа затворани и прогонувани од бугарската полиција како македонски национал-сепаратисти, во 1893 година ја создадоа Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) која си постави за цел извојување политичка слобода за Македонија. Македонскиот народ под турската власт беше разделен од трите туѓински пропаганди, затоа водачите на ВМРО во таквите услови не го подигаа националниот аспект на македонското прашање. Нивната главна цел беше политичко ослободување на Македонија, за кое нешто тие настојуваа да ги придобијат сите жители на Македонија без разлика на нивната вистинска или пак само вештачка национална припадност. ВМРО настојуваше во своите редови да ги сплоти рсцепените македонски Славјани на “бугарска”, “грчка” и “српска” партија, да ги обедини во едно македонско политичко единство како предуслов и за идното македонско национално единство. Водачите на ВМРО знаеа дека само еден политички сло-боден македонски народ ќе биде способен со заеднички сили да ги отфрли туѓите национални пропаганди.

И покрај тоа што водачите на ВМРО покажаа голема дипломатска вештина кога не го поставуваа националниот аспект на македонското прашање, тие пак беа нападнати од бугарските официјални кругови за македонски национал-сепаратизам. Бугарските управувачки кругови сонуваа за Санстефанска Бугарија, тие во идејата на ВМРО за создавање самостојна маке-донска држава гледаа македонски сепаратизам, цепење  на “бугарската нација”. За да го осуети овој македонски политичко-државен сепаратизам, бугарската влада во 1894 година во Софија создаде една своја псевдомакедонска и псевдо-револуционерна организација под името “Македонски врховен комитет”. Оваа наемничка организација беше предводена од бу-гарски офицери и издржувана од бугарската влада, ВМК беше иредентистичка организација која агитираше за присоединување на Македонија кон Бугарија. ВМК почна да испраќа вооружени банди во Македонија, не да се борат против вековниот турски поробувач на македонскиот народ, ами да се борат против внатрешните револуционерни снаги на македонскиот народ предводени од неговата домородна организација – ВМРО. Бугарската влада со создавањето на својата наемничка организација ВМК, прва отвори контрареволуционерен фронт во Македонија. По примерот на Бугарија и Грција и Србија почнаа да испраќаат свои вооружени банди во Македонија… ВМРО беше принудена едновремено да војува на четири фронта: против вековниот турски угнетувач и против трите странски вооружени пропаганди. Во 1903 на 2 август, Илинден, избувнува во Македонија масовно востание предводено од ВМРО, кое во историјата остана познато како Илинденско востание. Тогаш во градот Крушево била прогласена  македонска република и избрана народна републиканска влада. Оваа прва република на Балканот, младата македонска држава, се одржала две недели, но таа остана златна страница во историјата на ослободителните борби на македонскиот народ. Илинден 1903, стана идеал на идните  македонски борбени генерации, идеал на македонската нација…

Во 1913 година, Македонија беше разделена меѓу Грција, Бугарија и Србија, а еден мал дел од неа припадна на Албанија. Балканските војни за поделба на Македонија немаа за македонскиот народ никаков ослободителен карактер, тие само го заменија турското ропство со три уште поварварски ропства. Турците во Македонија владееле повеќе од пет века, но тие не се стремеле да го денационализираат македонскиот народ, како што тоа веднаш почнаа да го прават трите негови псевдоослободители. Тројните освојувачи и окупатори на Македонија, војната против Турција ја прикажуваа како војна “за ослободување на браќата робови”, но тие во Македонија дојдоа не со солободителна ами со завојувачка мисија. Македонскиот народ ова нешто го разбра веднаш по воспоставувањето на власта на трите окупатори, кои веднаш со декретни и специјални закони сакаа од Македонците да направат Грци, Бугари и Срби. Македонската земја пливна во крвта на своите синови и ќерки кои беа клани и убивани од лажните ослободители. Грчката солдатерска и вооружените национал-истички банди во јужна Македонија направија масовни колежи на македонското население. Српската окупаторска валст искла и ис-тепа неколку илјади Македонци, претежно интелектуаци. Бугарската окупаторска власт ги убиваше бившите водачи на ВМРО кои се бореа за создавање самостојна македонска држава, а не за присоединување на Македонија кон Бугарија. Македонскиот на-род дигна снажен глас на протест… Него го дигна бројната македонска колонија од Петроград, која испрати Меморандум до владите и јавното мислење на трите балкански држави и до мировната конференција во Лондон. Во своите меморандуми македонската колонија во Петроград укажува на националната индивидуалност на македонскиот народ, на неговите вечни стремежи да заживее самостоен национален живот во сопствена македонска држава, на долгогодишната крвава и епска борба што ја водеше ВМРО за вистинско ослободување на македонскиот народ… Бара Србија, Грција и Бугарија да се повлечат од Македонија и да остават македонскиот народ да се организира во самостојна македонска држава… Макар што овие меморандуми не беа земени предвид од никого, тие остануваат скапоцени историски документи за тоа дека македонскиот народ ја искажа својата македонска национална индивидуалност и својот стремеж кон сопствен државен живот во самиот момент кога Македонија била искасапена од трите нејзини лажни ослободители.

Познато е дека бугарската националистичка буржоазија и нејзината мегаломанска влада во Софија не остана задоволна од својот дел од македонската пљачка добиена по Првата Балканска Војна. За да ги задоволи своите ненаситни освојувачки амбиции во Македонија, Бугарија ја предизвика Втората Балканска Војна во 1913 година, но беше катастрофално поразена и беше принудена поголемиот дел од освоените македонски територии во Првата Балканска Војна да ги отстапи на Србија и Грција. Букурешкиот мировен договор од 1913 година кој ја санкционира поделбата на Македонија на Бугарија и остави најмал дел од македонската пљачка.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top