Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999), беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДОМНЕ, на Перт З.Австралија, во 1990/91 година.
Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година.
МИХАИЛ ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ):
ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗВЕДЕ СО РАЗБИРАЊЕ И СПОГОДБА МЕЃУ ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА И ИДНАТА НАРОДНО ДЕМОКРАТСКА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА
…Откако балканските освојувачи на разбојнички начин си ја разделија Македонија, тие извојуваа пред светот дека македонското прашање е конечно решено, но тие заборавија дека во окупираните од нив делови на Македонија, тие затекнаа еден жилав народ кој за ништо на овој свет не сака да се откаже од својата македонска националност. Под тројното балканско владеење, македонското прашање пак излезе на историската сцена, но овој пат во кристално чиста македонска наци-онална форма. Додека под турското ропство кога во Македонија работеа туѓите национални пропаганди на македонското прашање шпекулативно му се даваше бугарска, грчка или српска национална боја, дотогаш под окупаторската власт на Србија (Југославија), Грција и Бугарија, самиот македонски народ на македонското прашање му даде македонска национална боја. Ова нешто македонскиот народ прво го даде со својот масовен отпор на денационализаторските окупатосрски режими, а потоа и со организирана револуционерна борба за своето национално ослободување од Србија, Грција и Бугарија…
Отпорот против српската денационализаторска политика доаѓаше од сите слоеви на македонскиот народ. Се смета дека за 23-годишното постоење на бивша Југославија околу 50.000 Македонци минале низ српски затвори заради својот отпор на големосрпскиот режим. Големосрпската управувачка клима од Белград согледа дека македонскиот народ масовно го отфрла србизмот, затоа таа почна да населува Срби колонисти во Македонија на земјата што насилно им ја одземаше на македонските селани.
Македонската интелектуална генерација која израсна од српскиот режим, стана градител на една вистинска македонска национална преродба, остварена со илегална или полуилегална литературна дејност на забранетиот македонски јазик. Се роди цела една македонска национална литература со делата на писателите: Кочо Рацин, Коле Неделковски, Венко Марковски, Мито Богоевски, Ристо Крле, Васил Иљоски и други. Литературата на еден народ, особено во тешките за него историски моменти, е одраз на неговиот национален дух, на неговите национални идеали и стремежи. Оваа нова, национално прерод-бенска литература, напишана на забранетиот македонски јазик, се јави како одговор од страна на македонскиот народ против српскиот јазик, српската култура и српската националност кои му беа насилно на-метнувани: таа нова македонска литература беше огледало на неговата македонска националност. Ако Македонците биле Бугари, тогаш во таа литература родена под српскиот режим ќе беше искажан бугарски национален дух, но во неа нема ни трага од сето тоа, а доколку Бугарите се спомнувааат во некои песни тие се изедначуваат со Србите и Грците како национални поробувачи на македонскиот народ.
Делот на македонскиот народ кој падна под грчка власт не само што врз него примени најварварски денационализаторски методи ами почна да ги истребува и физички, направи спрема него вистински геноцид. Кога Грција ја воспостави својата окупаторска власт во Егејска Македонија, грчкото население во неа изнесуваше помалку од 10%, додека македонското изнесуваше повеќе од 60%. Останатите 30% ги сочинуваа Турци, Евреи и Власи. Окупираниот дел од Грција имаше слав-јански лик, затоа грчките окупатори се зафатија веднаш со работа да го изменат етничкиот лик на македонската земја. Правата грчка власт ги прогласи македонските Славјани за “славјаногласни Грци” и на тој начин не сакаше да признае дека на нејзината државна граница постои славјанско национално малцинство на кое треба да му се дадат национални права. Потоа, кога постоењето на ова малцинство не можеше да се одрече на мировните конференции, Грција зеде обврски (на конференцијата во Лозана 1922 г.) дека на славјанското население во Македонија ќе му даде училишта на неговиот мајчин јазик. Меѓутоа, Грција не исполни ништо од земените обврски. Македонците не само што не добија училишта на својот јазик, ами на нив полициски им беше забрането да го употребуваат својот јазик и во меѓусебни разговори… Илјадници Македонци беа претепувани од грчката полиција затоа што меѓусебно зборувале на својот мајчин јазик, па дури беа изведувани пред судови и казнувани со затворски казни и со заточение на грчките пустински острови…
За да го намали процентот на славјанското население во Македонија, Грција се спогоди со Бугарија за меѓусебна размена на население – грчкото од Бугарија и “бугарското” од Македонија. По силата на оваа спогодба околу 100.000 Македонци од Егејска Македонија насилно беа иселени во Бугарија како “Бугари”, иако тие тоа не беа ами беа Македонци… Меѓутоа, дека не се работело за никакви “Бугари од Македонија” кажа и самата грчка власт, кога славјанското население во Егејска Македонија го призна како “српско” во една нејзина спо-годба со Југославија. Но, најдобрата потврда за тоа дека славјанското население под Егејска Македонија не било никакво бугарско население кажува многубројната емиграција од овој дел на Македонија во Австралија, Канада и Америка. Меѓу двете светски војни околу 100.000 Македонци за да се спасат од теророт се иселија во прекуокеанските земји, каде се организираа во свои македонски национални црковни, културни и политички организации. Во овој иселен дел од македонскиот народ нема ни трага од некое бугарско национално чувство. Напротив, иселените Македонци од Егејска Македонија станаа иницијатори и организатори на националниот живот на целокупната македонска нацио-нална емиграција. Никој подобро од нив денеска не ја брани македонската национална самобитност. Тие издаваат весници на маке-донски и англиски јазик во кои ја осудуваат грчката денационализатор-ска политика ами и онаа што денес во Пиринска Македонија ја прави бугарската власт. Тие ги издаваат во Австралија весниците „Македонски весник” и „Месечни новини”, а во Канада „Македонски глас”, во кој нај-остро се осудува и антимакедонската политика на НР Бугарија. Ако оние македонски иселеници од Егејска Македонија во стариот крај биле Бугари, тогаш тие ќе беа тоа и сега во Австралија, Америка и Канада каде што имаат полна слобода на изразување на нивното национално чувство. Меѓутоа, не само што нема во нив бугарско национално чувство ами тие дигнаа власт во надворешниот свет дека Македонците не се Бугари, како што не се Грци или Срби. Македонската емиграција од Егејска Македонија во прекуокеанските земји има најголеми заслуги за организирањето на националниот живот на Македонците и со тоа докажа дека, напуштајќи ја македонската земја таа со себе донела македонско, а не грчко или бугарско национално сознание.
Во Македонија под бугарска окупаторска власт, позната и како Приринска Македонија, македонскиот народ беше изложен и уште е изложен на денационализаторска политика, неговата национална идивидуалност е негирана и нема најелементарни национални права.
Во Бугарија на Фердинант и Борис Кобуршки, која речиси цело време беше управувана од фашистички режим, Македонците во Пиринска Македонија и бројната македонска емиграција во Бугарија, беа прогласени за “чистокрвни Бугари”. Бугарскиот режим меѓу двете светски војни не допушташе никаква манифестација на македонското национално чувство, но Македонците во Пиринска Македонија и македонската емиг-рација наспроти сиот терор пак го искажуваа своето македонско националнпо чувство. После Првата Светска Војна левото крило на бив-шата ВМРО се организира во ВМРО (обединета) со цел да се бори за ослободување и обединување на Македонија во одделна државна единица, но во рамките на една балканска федерација, која треба да биде остварена со прогресивните снаги на сите балкански народи. ВМРО (обединета) дејствуваше во сите три дела на распарчена Македонија, а на нејзино чело стоеа убедени марксисти какви што беа Димитар Влахов, Панко Брашнарот, Лазо Трповски, Владимир Поп-Томов и др. Многумина од раководителите на ВМРО (обединета) беа членови на југословенската, бугарската и грчката комунистичка партија… Во 1934 година, ВМРО (об) зеде свое становиште по прашањето за националната припадност на македонското Славјанство. Во специјална декларација ВМРО (обединета) изјави дека Македонците не се ни Грци, ни Срби, ни Бугари ами самобитен народ, кој сега се наоѓа под тројно национално ропство, но кој се бори и има право на слободен национален живот и на национално самоопределување.
Најголема активност ВМРО (обединета) покажа во Пиринска Македонија каде што работеше посебен комитет на ВМРО (обединета) за Принска Македонија. Немаше град или поголемо населено место во Пиринска Македонија каде што ВМРО (об) немаше свои месни организации. ВМРО (об) во Пиринска Македонија водеше борба против денационализа-торската политика на бугарскиот окупаторски режим. Во еден свој проглас до македонскиот народ во Пиринска Македонија ВМРО (об) велеше: „Како што Македонците во Егејска Македонија не се Грци, како што Македонците во Југославија не се Срби, така и Македонците во Бугарија не се Бугари”. На времето овој проглас беше масовно распрос-транет во Пиринска Македонија и тој наиде на еднодушно одобрување од пиринските Македонци, бидејќи тој одговараше на нивните вистински национални стремежи.
ВМРО (обединета) беше македонска национална организација која беше предводена од првата генерација македонски комунисти и таа работеше во тесни врски со КП на Југославија, Бугарија и Грција. Овие комунистички партии го поддржаа становиштето на ВМРО (обединета) за националната индивидуалност на македонскиот народ и во нивната про-паганда во Македонија тие ја осудувааа денационализаторската политика на трите балкански буржоаски режими.
Продолжува