Фељтон

„Експозе по македонското прашање“ – 1975 г. (6 дел)

mihail-sharinovski-solunski

mihail-sharinovski-solunskiМихаил Шариновски – Солунски (1932-1999), беше претседател на ДООМ од 1977-1982 и потпретседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДОМНЕ, на Перт З.Австралија, во 1990/91 година.

Михаил е роден во с. Бапчор, Егејска Македонија, во 1932 година, а почина во Перт, Западна Австралија, во 1999 година.

МИХАИЛ  ШАРИНОВСКИ (СОЛУНСКИ):

ИДНОТО ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗВЕДЕ СО РАЗБИРАЊЕ И СПОГОДБА МЕЃУ ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА И ИДНАТА НАРОДНО ДЕМОКРАТСКА  БУГАРИЈА  И  ГРЦИЈА

На 2 август се одржа Првото заседание на АСНОМ на кое се ставија темелите на Македонската Народна Република во рамките на југословенската федерација. АСНОМ ги имаше сите особини на едно државотворно Народно собрание. Во неговиот Манифест упатен до македонскиот народ, АСНОМ прецизира дека Македонската Народна Репуб-лика која се раѓа во антифашистичката борба е национална држава на македонскиот народ, кој со оужје во рака ги остварува своите вековни  национални стремежи да живее слободен национален живот и во своја сопствена национална држава… Интересно е овде да се подвлече дека во овој историски момент БКП не само што ја признаваше националната индивидуалност на македонскиот народ ами и стоеше на становиште дека другите два дела од Македонија, Пиринска и Егејска Македонија треба да се присоединат кон Македонската Народна Република во рамките на ФНРЈ. Бугарските комунисти сметаа тогаш дека Македонската Народна Република треба да стане македонски Пиемонт, обединителна алка и за другите два дела од Македонија.

Есента 1944 година, Вардарска Македонија беше ослободена главно со сопствени сили од македонските партизански единици кои беа израснале во една вистинска македонска национална армија. Македонската Република како национална држава на македонскиот народ стана реализирано дело.

Исто така и македонскиот народ во Егејска Македонија со својот придонес прво во антифашистичката војна против окупаторите, а потоа и во Граѓанската војна на Грција се бореше за извојување национална слобода, за право на национално самоопределување. Учеството на Македонците во грчкото партизанско движење 1941-1944 година беше ма-совно. Уште помасовно тие учествуваа во Граѓанската војна во Грција. Повеќе од половината од сиот борбен кадар на демократската армија на Грција го сочинуваа Македонци. Во борбата против фашистичките окупатори, а потоа и против грчкиот монархофашизам, Македонците во Егејска Македонија покажаа пролетерска солидарност со грчките кому-нисти и со другите грчки прогресивни сили тие не созадоа свои одделни македонски воени единици ами се бореа со исти партизански и воени единици со грчките антифашисти. Но, тие гласно истакнуваа дека таа антифашистика  борба во која тие масовно учествуваат за нив има национално ослободителен карактер. Во антифашистичката борба во Гр-ција, Македонците се бореа масовно како сојузници на КПГ која им ја признаваше нивната македонска национална самобитност и им ветуваше дека по победата врз монархофашизмот новата народнодемократска Грција ќе го почитува правото на национално самоопределување на македонскиот народ. КПГ никогаш не ги  сметала Македонците  во Егејска Македонија за Бугари. Постојат голем број историски документи издадени од КПГ во кои се истакнува националната самобитност на македонскиот народ. Во текот на Граѓанската војна, Македонците од Егејска Македонија имаа свое политичко тело Ослободителен фронт во Егејска Македонија… Не треба да се заборави дека во делот на Егејска Македонија кој 1941 година беше ставен под бугарска административна власт, Бугарите беа дочекани како нови поробувачи на македонскиот народ. Уште во 1941 година избувна Драмското востание против бугарскиот окупатор во кое зеде учество не само грчкото население ами и Македонците.

При трагичниот завршеток на Граѓанската војна 1949 година, окоу 60.000 души македонско население од Егејска Македонија беше принудено да ја напушти својата родна земја и да избега во Југославија и Албанија, а потоа се настани речиси во сите европски социјалистички земји… Оваа многубројна македонска емиграција во социјалистичките земји може да биде сведител за тоа што се Македонците по националност… Ако раководствата на споменатите соци-јалистички земји спроведат плебисцит меѓу Македонците нема никој да се изјасни Бугарин по националност ами дека сите ќе се изјаснат Ма-кедонци по националност. Во некои од овие социјалистички земји Маке-донците имаат и свои македонски училишта во кои нивните деца го учат македонскиот литературен јазик и македонската национална историја. Ако Македонците биле Бугари, тогаш овие Македонци кои живеат како слободни луѓе во социјалистичките земји немаа зошто да кријат дека се Бугари и своите деца ќе ги испраќаа во бугарски, а не во македонски училишата. Неколку илјади Македонци од споменатите социјалистички земји за да живеат полн национален живот се иселија во СР Македонија во Југославија. Други неколку илјади од нив еве со години чекаат на ред да се иселат во СР Македонија. Ако овие луѓе биле Бугари тогаш тие ќе бараа да се населат во НР Бугарија, а не во СР Македонија? Меѓутоа, никој од нив не се населува во Бугарија, а напротив, голем е бројот на македонската емиграција во Бугарија која по национални причини сака да се насели во СР Македонија.

За време на Втората Светска Војна и Македонците во Пиринска Македонија востанаа со оружје во раце против власта на бугарската фашистичка држава која ги угнетуваше и национално и социјално. Првите партизански одреди во Бугарија беа формирани од македонските патриоти во Пиринска Македонија уште во летото 1941 година. Тоа беа истите оние македонски патриоти кои меѓу двете светски војни стоеа на челото на ВМРО (обединета) и функционери на БКП во Пиринска Македонија… Во голем број прогласи и други документи упатени до македонскиот народ во Пиринска Македонија тие истакнуваа дека македонските партизани се борат не само за уништување на фашистичкиот режим ами и за национално ослободување на македонскиот народ и за негово обединување во соп-ствена македонска држава. Денешната бугарска историографија грубо ја фалсификува историската вистина кога партизанските одреди во Пиринска Македонија ги прикажува како бугарски партизански одреди. Пиринските партизани беа македонски, а не бугарски патриоти… Партизанското движење во Пиринска Македонија ќе си остане за навек златна страница во историјата на национално-ослободителните борби на македонскиот  народ.

На 9 септември 1944 година падна фашистичкиот режим во Бугарија и беше воспоставена нова народнодемократска власт на Отечествениот фронт, но фактичката власт во новата Бугарија беше во рацете на бугарски… Решавањето на македонското национално прашање во бугарскиот дел на Македонија беше ставено на дневен ред пред но-виот режим во Бугарија… Бугарските комунисти кога дојдоа на власт мораа да ги исполнуваат своите ветувања што му ги даваа на македонскиот народ во тек на долги години. Решавањето на македонското национално прашање од страна на НР Бугарија беша станала неизбежна работа и од фактот што новата Федеративна Југославија му ја беше признала на македонскиот народ неговата национална индивидуалност. Во антифашистичката војна се беше родила НР Македонија како национална држава на македонскиот народ, во која и Македонците од Пиринска Македонија гледа остварување на вековниот идеал на сите Македонци. Во овој момент кога Југославија им ја призна националната индивидуалност на Македонците во Вардарска Македонија, НР Бугарија не можеше да не им ја признае националната индивидуалност на Македонците во Пиринска Македонија. Без секакво двоумење, јасно и гласно БКП кога дојде на власт есента 1944 година ги призна Македонците од Пиринска Македонија како составен дел на македонската нација и како прв чекор во реша-вањето на македонското прашање и им даде национална културна автономија. Со оглед на тоа што поголемиот дел од македонскиот народ државноправно се беше оформил во својата национална  држава НР Македонија во рамките на ФНР Југославија, тоа и БКП сметаше дека дефинитивното решавање на македонското национално прашање треба да се направи со приклучување на Пиринска Македонија кон НР Македонија во рамките на југословенската федерација. Ова гледиште беше истакнато во резолуцијата на ВИ  пленум на ЦК на БКП кој се одржа во 1946 година. Во таа Резолуција се велеше дека постапките околу приклучувањето на Пиринска Македонија кон НР Македонија ќе бидат одредени со специјален меѓудржавен договор меѓу НР Бугарија и ФНР Југославија. Југославија од своја страна требаше да иж отстапи на Бугарија две околии населени со бугарско население – Босилеградската и Царибродската, кои припаѓаат кон српската република во Југославија. Истата Резолуција предвидуваше за периодот додека не биде  склучен тој меѓудржавен договор меѓу Бугарија и Југославија, националното единство на Маке-донците од Вардарска и Пиринска Македонија да биде воспоставено со национално културно единство и со олеснување на граничното преминување од едниот дел на Македонија во другиот. Партиската организација во Пиринска Македонија доби директива од ЦК на БКП да ги подготвува македонските народни маси за идното присоединување на Пи-ринска Македонија кон Народна Република Македонија”.

ДАРМ, ф: ДООМ,  Михаил Шариновски (Солунски), Експозе по македонското прашање, кут. 3

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top