Фељтон

Македонија како играчка за големите сили

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

der-balkan-1878

На Берлинскиот Конгрес 13.07.1878, под другото се донесе заклучок за суверенитетот на новонастанатите владари на македонска почва: Србија, Црна Гора, Босна, Бугарија и Романија. Овие нови држави требаше да служат како тампон држави помеѓу Османлиското Царство и Hazburшkata Монархија. Овој Берлински Конгрес го состави најтрагичниот момент за македонскиот народ. Овие новосоздадени држави беа поддржувани од Hazburskata Монархијата. Македонија стана најлошото “Буре Барут“ со бескрајни кавги помеѓу Бугари, Срби и Грци. После 1878 година Македонија се претвори во националистички ѓаволски казан кој беспомошно стоеше наспроти Османлиите. Бугарски, грчки и српски тајни друштва испробуваа со насилство да ги убедат домашните Македонци дека тие се Бугари, Грци или Срби. После 20 години насилство, македонското население од Бугарите и од Грците доби робовски статус.

deutsche-reich

Преку мировниот договор од Сан Стефано од 1878 година еден дел од Македонија и беше доделен на Бугарија со цел Македонија да се бугаризира. Но, бугарското задоволство за тоа траеше само цели три месеци. Бисмарк и западно европските држави кои не сакаа големо бугарска сила на балканот, подржувана од Русија на Берлинскиот Конгрес им ја вратија Македонија на Османлиите како плен. Оваа договорена ревизија и ден денес претставува шок за Бугарија. За оваа цел, Бугарија секогаш повторно повикува на договорот од Сан Стефано. Потиснувачите кои со векови поминуваа преку Македонија и кабинетските политичари кои во изминатите векови ја шуткаа Македонија ваму-таму како некој предмет на маса, никогаш не ги прашаа жителите од овие подрачја за нивно мислење.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top