Фељтон

Македонија во вековната промена

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

makedonien-terror

Македонија – тоа е правиот Балкан, кој е најдивиот и најубавиот, Балкан со неговите стрмни планини, густи шуми, длабоки котлини, диви неповрзани жуборливи реки…

feljton3-1

feljton3-2

Но се случи тоа што никој не го очекуваше: Македонскиот народ ја објави неговата посебна желба и го прифати предизвикот од Големите Сили и соседи на негов начин. Додека ново формираните држави Србија, Романија, Грција и Бугарија веќе ја имаа својата слобода од Османлиите и Македонија веќе не сакаше да биде под старателство на други. Македонија беше зрела за пресврт. Македонците од долги и тешки потиснувања сами имаа свои сознанија и не се чувствуваа ни како Бугари, ниту пак како Срби. Македонија конечно ја откри својата душа и така се покрена востанието на се` или ништо. Во планините и долините Македонците се формираа за вековниот пресврт како ослободителни борци и комити во мали вооружени единици. Една мала војна без фронт, огнена и грозна го вчудоневиди целиот свет. Првите европски организирани партизани настапија на европската бина. Го потресоа веќе занишаното Османлиско Царство – една борба без милост која со години траеше, едно бојно поле на кое што и ден денес се живи сенките на оваа историја. Од Вилает Манастир (турски: Провинц) на втори октомври 1902 г. беа пријавени борби помеѓу Македонците и османлиските трупи. Македонските единици ги тероризираа сите оние што не се Македонци и тоа на Османлиска територија. Кога револуционерните немири се закануваа да се прошират во едно востание, владата од Костантинопол испрати војска во регионот. Целта им беше да ги уништат бандитите кои се составени од македонски комити – од Софија организиран македонски ослободителен покрет, со цел Македонија да е ослободи од османлиските поробувачи. Османлиските баталјони напаѓаа невнимателно на потполно беспомошните села, посебно во подрачјата на Вилает Манастир. Во прва линија сакаа да ги уништат македонските куќи. Луѓето се криеа во подруми и на други места. Со нередовни но долги бомбардирања од артилеријата трбало да омекне востанието. Така повеќето Македонци беа принудени да ги напуштат своите куќи, имоти и се` друго што имаат. Во спротивно ќе беа убиени или ќе беа во заробеништво, еден вид робови. Османлиската тактика беше многу ефективна, со што македонското цивилно население не претпоставуваше дека војната ќе почне со вакво брутално насилство.

Жителите од нападнатите села не беа вооружени. Тие не беа подготвени и не се надеваа дека ќе треба да ги бранат животите на децата, жените и старите. Се` повеќе и повеќе се повлекуваа каравани со бегалци и протерани, затоа што куќите им беа ограбени и срушени, така што таму практично не беше возможно да се живее. Многу од тие што останаа беа брутално мачени и убиени. Ситуацијата на преживеаните беше крајно критична, затоа се одлучија да бегаат во централниот дел на Македонија, каде им се овозможуваше голема сигурност. Неиздржливата ситуација ги натера Македонските Гемиџии (Атентатори и Саможртвување) составени од 13 лица која до тогаш беше единствена терористичка организација. На 29.04.1903 г. за прв пат се појави во јавноста со бомбашкиот Атентат на филијалата од Отоманската Банка во Солун.

feljton3-3

feljton3-4

Како последица од експлозијата и борбите помеѓу македонските Атентатори и Османлиската Полиција погинаа многубројни Луѓе. И следните денови го потресоа експлозивни удари македонскиот пристанишен град и така на четврти мај, Османлиската Управа објави воена состојба. Немирите во македонските подрачја кои потпаѓаа под Османлиското Царство, започнаа во 1902 година. Целта на револуционерниот покрет е ослободување на земјата од османлиско ропство. Во овој покрет како важен носител припаѓа В.М.Р.О. (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) која во 1893 г. беше создадена од млади македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Под водство на Даме Груев и Гоце Делчев оваа организација се стреми за афтономна држава. Најзначајно ќе биде Илинденското Востание во Крушево. Да се потсетиме и на политичките водачи на ова востание и неговиот штаб: Никола Карев, Тодор Христов и Томе Никлев. Овие тројца се решија да ја ослободат цела Македонија и многу други ги поставија во радикални социјалистички идеи. Карев, како татко на десетдневната Крушевска Република се смета за најголем Македонец и ден денес во нашиов век. Тој и неговите соборци го поставија темелот на кој и денешните Македонци се гордеат. Десет дена траеше жестоката борба во која малубројните востаници се бореа против 8 или 10 пати побројни Османлии: 26.000 македонски востаници против 350.000 Солунска војска. Кон крајот на годината кога е крваво победен Ребаљонот, се покажаа и грозните резултати: околу 1000 револуционери погинаа, 5000 цивили беа убиени, 200 села беа до темел разрушени и 12.000 Куќи беа испустени. Една борба од херои против една армија, човек против човек. Османлиите ја зачуваа предноста. Нивната казнена експедиција од масакрот во Крушево ја затресе и ја разбуди целата светска совест. Се случуваа воени злодела и злодела на мртвите што беа на најлош начин убиени и тоа ја прекина секоја надеж. Само малку од нив можеа да се спасат, а меѓу нив и Никола Карев. Човекот што сакаше да е ослободи Македонија умре 2 години после неговата загубена битка. Тој не доживеа да види како неговата татковина беше замешана во Балканските Војни од 1912 до 1913 година.

feljton3-5

На 1/3.10.1903 г. во Mürzstag (Град во Германија) на една царска ловџиска средба имаше еден разговор за кризата во Македонија. Царот Николај II од Русија, Царот Франц Јозев I од Австрија и Унгарскиот Крал се сложија за заеднички настап за македонското прашање. Двајцата монархисти на 1 октомври отпатуваа заедно на Алпите во лов на патки. На пат за Mürzstag беа придружувани од нивниот Министер за надворешни работи Владимир Н. Граф Ламздорф од Петерзбург и Агенор Марија Адам Граф Голуховски од Виена. Се водеа разговори за напрегнатата ситуација на Балканот и за преземање евентуални мерки против порастот на воената опасност во тој Регион. Во Софија и Константинопол непомирливиот став, создаде немири кај Европските Сили, особено кај противниците што беа натерани да ги мобилизираат своите трупи кои беа поминати преку граничниот појас. За една воена пресметка со последици од промена на територијалната положба останатите земји сепак не беа заинтересирани. Посебно Русија и Австро-унгарија сакаа еден конфликт да одбегнат, од кој можеше да биде погоден нивниот набљудувачки авторитет. Заради тоа во ловџискиот дворец се изработи една програма за понатамошен напредок која беше така наречена Мурцтагер план кој се сочинуваше од повеќе точки. Во овој план големите две сили се договориле, колку што е можно повеќе да се одложува поместување на границите на Балканот и се договорија да се врши голем притисок врз Османлиското Царство, да се спроведат реформите и да се реорганизира жардармеријата со европски офицери кои ќе се наоѓаат во Македонија, како и подобрување на квалитетот на живеачката како шанса за прекин на немирите во Македонија. Иако Османлиите веќе во февруари најавија еден позитивен руски-остерајхски проект, неговото реализирање се случуваше многу бавно. Грчките бишофи и конзули го презедоа водството на покретот. Нивна задача беше пред се` да собираат пари, а потоа да направат банди и да ги вооружуваат. Потоа требало бандите да се стават под команда на резервните офицери од грчката армија и да бидат пратени во Македонија. Овие банди имаа извршено најстрашни злосторства, така што со вакви злосторства се прослави и Албанската Бригада. Само од 1904 до 1906 година беа живи изгорени 70 жени (43 во Вилает Манастир, 28 во Вилает Солун) и 24 малолетни деца беа заклани со бајонет и на оган печени.

Најново од: Фељтон

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

Дел од патувањата на Лефтер и Мара на Балканот (25)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Една недела пред 26 јули 1963 год. со воз отидовме во Опатија. Кога излеговме од автобусот, зашто од Риека до Опатија патувавме со автобус, цела Опатија сјаеше од светилки. Секаде по улиците се движеа западни коли – од мерцедес до бе-ем-ве – а во Унгарија […]

Најнови вести

To top