Фељтон

Активностите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

vmro1

Со повлекување на границите преку Парискиот договор, ВМРО не беше задоволна и понатаму се трудеше за една мала војна и секогаш напаѓаше од Бугарија на југословнска територија, така што ги отежнуваше односите на двете држави. Едно претпазливо приближување пропадна, посебно преку еден инцидент кај Крива Паланка во почетокот на август 1926 година, кога партизаните од ВМРО после подолги борби се повлекоа на бугарска територија. После понатамошни ВМРО атентати, во почетокот на 1928 година Белград објави потполно затворање на границата со Бугарија. Прв пат после тоа во Јануари 1930 година можеа граничните положби повторно да се нормализираат. По некои проценки се кажува дека ВМРО од 1919 до 1937 година, направиле отприлика 2.800 атентати на југословенска територија. Најспектакуларен беше атентатот што ја погоди целата интернационална политика кога во Марсел 1934 година беа убиени, Српскиот Крал Александар I и Францускиот Министер за Надворешни работи Бартхоу. Тоа се случи кога припадникот на ВМРО, Владо Македонски Црноземски заедно со една tajna групација од хрватските усташи го направија овој атентат. Иако од 1934 година после една офицерска побуна во Бугарија, ВМРО беше официјално забранета, но организацијата и понатака ја водеше нејзината мала војна.

vlado-makedonski-crnozemski
Владо Македонски Црноземски

Со прашањето околу српскиот терор во Македонија и праведноста на револуционерните борби што ги водело македонското население за ослободување на татковината по завршувањето на Првата Светска Војна, се занимавала и Француската Лига за човекови права. Секретарот на лигата Андри Герњу, одговарајќи на најгорчливите прашања околу борбите на

vlado-makedonskiВМРО во Македонија истакнал: Моето мислење за Македонија е просто: нема да има мир на Балканот се` додека не се реши прашањето за Македонија. Ако се инсистира Македонците да бидат праведници кон своите соседи, треба да се претпочита пред се`, законот за праведност кон самите Македонци… Тие сакаат Македонија да биде афтономија, тоа е нивно право, а наш долг е да им го обезбедиме тоа право.

Германските и австриските текстови и коментари по војната, кои се однесуваа на Македонија и на личноста на Тодор Александров, исполнети се со чувство на пријателство. Германците и Австријците пишуваат: Македонецот е многу итар, трудољубив и не сака ништо повеќе од тоа, да си го поседува своето со крв натопено парче земја. Покрај четниците, таму ќе ги видиме еден покрај друг, селанец и студент, учител и ученик, стари и млади и сите се потчинети пред многу строгите правила на организацијата, изработени само за ослободување на татковината. Решение: Македонија на Македонците, нема да згасне. Ова решение ќе ги занимава за долго време европските дипломати.

Јас не сум сигурен, дали Македонците знаат кој е Цар Душан и што има сторено тој, но јас можам со сигурност да гарантирам дека сите Македонци знаат кој е Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев и особено кој е Тодор Александров – хероите на македонскиот народ, Македонците со почит стојат пред тие имиња.

Името и делото на Тодор Александров, како и праведната борба на ВМРО по Балканските и Првата Светска Војна многу се присутни и во печатот и во дипломатијата на далечна Америка. Така, на 10 август 1924 година, весникот „Work Times“ за Тодор Александров и за ВМРО пишува: „ВМРО е организирана до совршенство, со своја пошта и центри за разнески, со своја милиција и одлично вооружени сили, располага со сопствена култура, економска политика и претставува една вистинска држава, мистериозна и силна и која има строго определена цел: „ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА СЛОБОДНА ДРЖАВА СО ГЛАВЕН ГРАД СОЛУН“.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top