
Ристо Поповски и Ангелина Маркус
Крајот на „Големата Војна“ (1914-1918) и „мировните“ договори создадоа идеални услови за победниците и овозможија Грчкото кралство да ја продолжи својата политика на истребување на македонското население од Егејскиот дел на Македонија. Ако во периодот од 1912-1919 година грчката влада се стремеше да го реши ова прашање со воени средства, по 1919 година, со Нејскиот „мировен“ договор, ова прашање ќе биде решавано со политички средства, со што грчката држава ќе постигне големи резултати во правец на грцизирање на Егејскиот дел од Македонија.
Грците максимално го искористија историскиот момент создаден по Првата Светска Војна. Во текот на Париските „мировни“ преговори, територијалните и националните проблеми што постоеја не се решаваа на националност, на неделивост на националните територии и нации, туку со правото на сила, со наметнување на сопствените интереси, што беше природен резултат на една империјалистичка војна. Грчката држава во вакви услови му го наметна на Бугарското кралство.