Фељтон

Борбата на македонскиот народ против фашизмот 1940 – 1945

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

Кога избувна Втората Светска Војна на Балканот во 1940 година, Македонците се надеваа дека дојде крајот на грчката тиранија и ослободување на подрачјата заземени од Грците.

Бенито Мусолини – Дуче како водач на фашизмот и шеф на италијанската влада сакаше да покаже успех. Вредносна потреба, зависен за рум, амбиција и една трошка завист го натераа за на 7 април 1939 година да ја окупира Албанија со италијански трупи. Тој подфат успеа и така беше основана почетната база за понатамошни освојувања. Малото кралство од спротива, од другата страна на Јадранското Море, од претходно беше под италијанско влијание. Албанскиот крал Ахмед Зогу избега, а неговата војска остана да им служи на италијанските инструктори под знамето на Дуче. Италијанскиот крал наводно се истакнал против оваа операција, али беше радосен за круната од Албанија, која ја доби дополнително од >>Capo del Governo<< (Шеф на Влада), покрај царската круна од Етиопија. Важно е моќта од старото Римско Царство наново да се изгради. На 28 октомври 1940 година, италијанските војници ја нападнаа Грција и ги зазедоа Грција и Македонија.

general-papagoz

Генералот Папагоз издаде наредба за да се мобилизира грчкото и македонското население. Тогаш многу Македонци беа пуштени во првите борбени редови. Седум дена подоцна, грчката армија под команда на Генерал Папагоз го истера надвор од државата, левото крило од единаесеттата италијанска армија. Од страна на италијанската армија децата на големиот Александар повторно беа изгонувани од нивната татковина. Секој што не е запознаен со грчката историја не може лесно да си претпостави од каков невоен дух се исполнети грчките вооружени сили. Во Втората Светска Војна, Грција победи без да испука еден куршум. Се кажува дека грчката револуција беше победена од оние кои не стигнаа навреме да ги завршат подготовките за бегство. Надвор од местото за тренинг младите офицери не помирисаа барут, но тие обработуваа бирократски херојски дела и нивните говори се полни со пропагандни експлозии.

Втората Светска Војна – најцрн капитал од македонската историја!

mapa-vtora-svetska-vojna

На балканот во Втората Светска Војна, се повтори Берлинскиот договор од 1878 година. Во кој Донау монархијата на македонската територија ги формираше нејзините вештачки создадени синови. Тие сега на Донау монархијата (нивната мајка) и` останаа лојални и сега го покажаа своето право лице. Синовите Бугарија, Албанија, Романија, Грција, си отидоа кај својата мајка и и` се придружија, само Србија и` откажа послушност. По окупирањето на Грција од страна на германско-италијанските сили во април 1941 година, западниот дел од Егејска Македонија и дел од Леринскиот округ го зазеде Италија. Централна Егејска Македонија со Солунско била окупирана од Германија. Бугарија со согласност на Германија ја окупирала источната област од Егејска Македонија се` до реката Струма. Но Бугарите не биле сосема задоволни со окупрањето само на источниот дел од Егејска Македонија и нејзиното присоединување кон Бугарија. Тие претендирале и на останатите делови од Македонија, оние од договорот на Сан Стефано.

На сите оние кои со Букурешкиот Договор се здобија со дел од Македонија им беше дозволено во Македонија да врбуваат за својата нација, фактички беше дозволена тотална асимилација на Македонците, така што преку своите агенти Бугарија, Грција и Србија вршеа пропаганда на своја сметка, служејќи се со најстрашни прогонувања, полициски репресалии, силувања, бестијски оргии, измачувања и разни злодела врз македонскиот народ.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top