Фељтон

Граѓанската војна во Грција (1945-49): Грцизирање и тотално уништување на македонскиот народ (1 дел)

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

Другите корени од конфликтот помеѓу Белград и Москва не лежат во доктрината и идеологијата за борбата за власт, туку во една високо реална борба за власт, борба за хегемонија на Балканот, во која главните улоги ги имаа Тито, бугарскиот диктатор Ѓорѓи Димитров и грчкиот партизански Грнерал Маркос. За да се сфати оваа драма потребно е да се знае позадината. Оваа позадина беше Македонија, исто како што беше позадина за сите борби и Војни кои се водеа во последните години.

Во мај 1945 година секаде во Европа се славеше крајот на Втората Светска Војна, со еден исклучок во Егејска Македонија. Кога оружјето секаде мируваше, овде започнаа да се распламнуваат вистински диви борби. Сепак оваа војна е скоро заборавена, опишана од малку историчари и некои современици само нејасно се потсетуваат:

„Таму имаше и се случуваше нешто“.

Во Македонија имаше нешто. Селаните таму се сеќаваат многу добро дека беа убивани жени и деца грабнувани. Разрушени куќи, пропаднати ровови, `рѓосани тељој, и ден денес од таа војна и нејзината немилостивост се останати траги на македонската почва. Денеска нас ни е познато дека грчката држава беше свесна, која опасност и` произлегува од Егејска Македонија, во која 90% беа Македонци. Заради тоа ги вовлекоа Македонците во една Граѓанска војна. Комунистичката Партија ЕЛАС рекламираше ветувања: „Ако ние ја добиеме војнава, вас Македонците повторно ќе ви ја дадеме слободата и рамноправно ќе постапуваме со вас. Вие можете да ги задржите: вашиот јазик, култура и националитет“. На основа од оваа „измама“ повторно се разбудија македонските патриоти за да можат, па макар по цена на животот, тие и нивните потомци како слободни луѓе, да учат, пишуваат, зборуваат и пеат на македонски јазик.

Македонците контролираа широки делови од Македонија. Тие можеа на пример да запленат воена опрема од една цела девизија. Со тоа македонските партизани станаа една сериозна воена сила. Во октомври 1943 година, ЕЛАС заедно со македонските партизани го нападнаа силниот сојуз на грчкиот крал. Тогаш англичаните ја прекинаа испораката на оружје за ЕЛАС и почнаа да му испорачуваат на верното кралство и така го зајакнуваа. Од времето на запоседувањето, грчкиот народ беше раздвоен во многубројни групации, при што растеше бројката на оние кои соработуваа со Германците. Во есента 1944 година германските трупи се повлекоа од Грција. Во ова време со молба стапија националните грчки востанички групи за поддршка против комунистичката ЕЛАС. Во Македонија вистина дојде повеќепати до борби помеѓу македонските партизани и армијата на Германија во кои националните грчки партизани како сојузници соучествуваа. Многу Македонци беа заробени и во логори однесени, а потоа како „Евреи“ во логор за уништување беа убивани. Колкав беше бројот на протераните, до ден денас уште е непознат. После повлекувањето на германските воени сили се спуштија британските трупи во Грција. Борците од ЕЛАС веднаш се свртија против нив. Вака решително никогаш не се бореле, ниту против Германците, ниту против Британците.

На Грција и` се закануваше Граѓанска војна. Винстон Черчил се чувствуваше приморан за да нападне. Со дозвола на грчкиот крал Горги Втори  кој во ехсил живееше во Лондон. Тој сакаше да во сите кругови угледниот Ерцбишов Дамаскинос да го стави за регент, се` додека народот на кралот не му обезбеди сигурно враќање во татковината.  Черчил се наоѓаше на британскиот Брот „Ajax“, кој беше укотвен на пристаништето во Piräus и таму чекаше да дојде Ерцбишов Дамаскинос. Британските морнари го однесоа Ерцбишов Дамаскинос кај Черчил со еден чамец кој лежеше таму. Беа потребни долги часови за преговори, за да го убедaт, за да ја преземат власта.

Другиот ден Дамаскинос ги повика сите партии на една Конференција исто така и комунистите, со цел да се заврши граѓанската војна. Комунистите бараа да се оформи една нова влада во која половина од минстерските места како и министрите за правда и внатрешни работи да бидат во неа. На ова барање конференцијата се откажа и крвавата граѓанска војна продолжи уште две недели. Тогаш ЕЛАС беше спремна за прекин на огнот. Во меѓу време британските трупи беа засилени со голем замав, а освен тоа пред врата предстоеше Јалта-конференцијатa: Москва сега не сакаше комунистички експлозии, затоа што такво нешто ќе беше штетно за нејзиниот имиџ.

Во Февруари 1945 година се сретнаа Британците и партиите од граѓанската војна. Затворениците и заложниците беа ослободени и беше донесен заклучок за слободни избори и народно гласање во идната Влада. Трупите од ЕЛАС требаше да го предадат оружјето и да се растурат и тоа се оствари.

Мир! Конечно мир! Но оружјето што ЕЛАС и` го предаде на грчката армија беше старо. Модерните воени направи беа сокриени во планините. Комунистите се признати како легална партија, само барањата не беа исполнети; посебно оние барања од Македонците; тие не беа никогаш спомнати. Преку 4.000 ЕЛАС – борци од македонско потекло пребегаа преку границата во Албанија, Бугарија и Југославија. Таму тие формираа една нова Герилска Дружина, која настапуваше под името „Демократска Армија од Грција“ (ДАГ) (ДСЕ). Во ова здружение беа само 4% грчки комунистички претставници, а другите беа Македонци. Одговорноста ја презедоа грчките генерали на чело со Врховниот Командант Маркос Вафиадис, а не генералниот Секретар од ККЕ, Захариадис.

На 23 Април 1945 година под водство на (КПГ) беше формиран Националниот Ослободителен Фронт (НОФ) за Егејска Македонија. Од овој Национален Ослободителен Фронт (НОФ) во ноември 1946 година се формира „Комунистичката Партија на Македонија“ (КПМ/КПЈ).

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top