
Ристо Поповски и Ангелина Маркус
Ванчо Михајлов кој во 1924 година го презеде раководството на ВМРО, за некои важеше за безобразен шеф на една банда убијци, а од други беше почитуван како апостол на македонската независност.
Германија со закаснување проба со помош од Ванчо Михајлов да оствари една независна Македонија, која ќе беше една сигурна база за Германците на југот од Балканското Полуостров. Во летото 1944 година со еден специјален авион, Михајлов дојде во главниот град од Македонија кој беше заземен од бугарските трупи. Неговото мислење беше, дека е предоцна за создавање една независна Македонија и се врати назад во Германија без да ја заврши работата. Тој живееше во Соединетите Американски Држави и од таму пробуваше да ја започне борбата на ВМРО против комунистичкиот режим во Југославија и Бугарија. Неговата идеја, од Македонија да направи една „Швајцарија на Балканот“ не била никогаш вака одалечена како денес.
Маршал Тито, комунистичкиот газда на Југославија и Ѓорѓи Димитров, газда на Бугарија, веднаш по завршувањето на војаната започнаа план за нивните две држави да се соединат и да формираат една федерација, како семе за еден во иднина мал „Советски Сојуз“, еден сојуз од републики на Балканот на кој требало подоцна да се приклучат: Романија, Унгарија, Албанија и Грција. Во рамките на оваа федерација по соединувањето, Македонија требало да формира една самостојна држава со деловите од Грција, Бугарија и Југославија. Советскиот Сојуз на почетокот мислеше дека вакво решение е поволно, затоа што се надеваше на овој начин дека ќе се прошири неговата моќ се` до Средоземното Море. Но, претпоствките за тоа беа комунистичките владетели од Југославија и Бугарија да останат верни и приврзани кон Москва.
Во 1947 година, Тито и Димитров два пати се сретнаа и се договорија за соединување на Бугарија и Југославија. Во еден таен договор, Димитров се задолжи да и` го отстапи на Македонија бугарскиот дел од Македонија, со кој ќе беа направени првите чекори за формирање Голема Македонска Држава во рамките на Југословенско-Бугарската-Балканска Федерација, како што мислеа дека ќе ја направат. Тогаш Маршал Тито изјави: „Ние ќе имаме една таква тесна соработка помеѓу Бугарија и Југославија така што прашањето за една федерација ќе биде само формалност. Ние мора да најдеме нови патишта за да ги поврземе нашите судбини едни со други, да ги делиме нашите извори за помош, на кратко речено, нашата соработка да ја направиме совршена во секој поглед.

Истовремено комунистичките Ребели од македонскиот дел кој беше заземен од Грција, под водство на Генерал Маркос и со активна поддршка од Југославија и Бугарија ја постигнаа највисоката точка на нивниот напредок. Во деловите што беа совладани од нив се создаде една прва македонска влада која тесно соработуваше со Белград и Софија. Пoсле победата, преку монархо-фашистичкиот режим во Атина немаше ништо повеќе околу отцепување на грчка Македонија. Ништо повеќе не пречеше на патот да се формира етничка Македонија со главен град Солун.
Но Тито и Димитров ја направија својата сметка без Сталин кој со зголемена недоверба ги следеше плановите за формирање на една Балканска федерација. Формирање на една втора комунистичка голема сила во јужна Европа, со Белград како против пол на Москва и со Тито како против играч на Сталин – тоа не можеше да го поднесе диктаторот во Кремел и без тоа веќе долго време беа сомнителни самостојните и самоволните акции на југословенските комунисти. За да можат подобро да ги набљудуваат и зауздаат, комунистичките партии од пратеничките држави во септември 1947 година го направија Коминформбирото за да ги прекрстат плановите за сојузот од Југославија и Бугарија. Во февруари 1948 година тој ги повика Тито и Димитров во Москва, така што на посетата Тито го заменуваа неговите три најблиски соработници: Кардељ, Ѓилас и Бакарич и го издоктрираа Димитров како еден ученик. Како опомена за последен пат, Тито во март 1948 година ги повика Советско-руските војни советници, а потоа сите цивилни специјалисти, со причина, да се однесуваат како пријатели. И кога сево ова не успеа, Сталин го презеде решителниот удар, исклучување на југословенските комунисти од Коминформбирото и бојкотирање на Тито и неговите соработници. Сонот од Тито и Димитров за една голема и моќна Балаканска федерација, беше завршен со исклучување на Југославија од Источниот Блок. Димитров кој поради старост и болест беше слаб, а не како порано силен борец, му се поклони на Сталин. Како реално мислеше, произлегува од еден разговор, кој откако се појави конфликтот помеѓу Белград и Москва со титовиот соработник Милован Дјилас, кој го посети во салонскиот вагон во станицата на Топчидер во Белград, каде се наоѓаше со една Бугарска делегација на пат за Прага: ,,Биди јак се` друго само по себе ќе се реши“ му велел Димитров на Дјилас и му ја стегнал раката.