
Ристо Поповски и Ангелина Маркус
Веднаш после исклучувањето на Југославија од Коминформбирото, Димитров изјави дека не е ништо променето во пријателската врска помеѓу Бугарија и Југославија и уште во јули 1948 година потпишаа договор за културна соработка помеѓу двете земји. Неколку недели подоцна Димитров капитулира, кога тој на една посебна седница во Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Бугарија се реши на согласност, преку што беше признато како „Неспорна Вистина“ дека Советскиот Сојуз и Руската Комунистичка Партија се водечки и со преовладувачка улога во борба против фашизмот и во одбраната на мирот, демократијата и социјализмот. Малку подоцна Бугарија во хор се согласи на коминформистичка потера против Југославија, каде Македонското прашање повторно беше тема за обвинувања и навредувања во Софија и Белград. Но Сталин ја изгуби довербата во Димитров и не можеше да се ослободи од стравот, дека еден ден и тој може да тргне по патот на Тито. Во април 1949 година во Софија дојде една вест дека Димитров е на боледување и се наоѓа на лекување во Советскиот Сојуз. Како министер, преседател и генерален секретар од Комунистичката партија на Бугарија, тој бил ослободен од функција. Потоа никој не слушна за Димитров се` до 2 јули 1949 година, кога дојде веста од Москва дека „Димитров после долги и тешки страдања од шеќерна болест починал во Санаториумот Бердика во Москва. Неговото тело беше чувано во зградата од синдикатот во Москва и како прв Сталин самиот чуваше 5 минути почесна стража.

Во Софија никој не сакаше да верува за неговата природна смрт. Кога тој во април отпатува во Советскиот Сојуз, не само што целиот негов имот него и неговата голема библиотека ја понесе со него, така што тоа значеше дека нема да се врати во Софија, но исто така не се надеваше на неговата скора смрт. Има озборувања дека Димитров се противел на „поканата“ од Советскиот Сојуз и дека болничарите што го придружувале на пат за Москва, биле агенти од руската НКВД кои имале наредба да го однесат во Русија „жив или мртов“. Вистината за смртта на Димитров најверојатно нема никогаш да се дознае, но сигурно е дека неговата смрт му одговараше на Сталин.
Исто и четвртиот главен фактор во играта за Македонија, грчкиот партизански Генерал Маркос диживеа слична судбина. Овој некогашен тутунски работник со црни мустаќи не поседуваше војна и политичка способност, но имаше артистички талент и една невообичаена мерка на демагогија. Тој пред војната како комунистички агитатор и член на Централниот Комитет на Комунистичката Партија ги запозна повеќето грчки затвори и покрај тоа беше депортиран во Егејска Македонија. За време на војната тој од таму избега и стана водач на комунистичката партизанска армија Е.А.М. Тој играше важна улога во атинското востание во декември 1944 година. Потоа замина за Москва и од таму во 1946 година се врати во Грција како Генерал Маркос за да ја преземе командата од комунистичката граѓанска армија во борба против владата од Атина. Генерал Маркос вистина доби помош од страна на Југославија, Бугарија и Албанија, но не добиваше повеќе помош од Советскиот Сојуз. Кога тој во декември 1947 година повика една против Влада и сам во неа се постави на избори за министер, тогаш UDSSR му го одби дипломатското признавање. Во 1947 година Ослободителната Армија која беше под негова команда, мораше без успех да го прекине нападот на градот Konica во Македонија и покрај бројна надмоќност во неговите трупи. Во текот на офанзивата која водеше жестоки борби, од Маркос командуваните сојузници беа во тесно дефанзивна положба. Дури самиот Маркос мораше неговиот Генерален Штаб да го премести на албанска територија. Уште пред да биде побиено востанието, Маркос поради тајните преговори со Тито и Димитров беше повикан на одговорност во Москва. Во почетокот на февруари 1949 година беше официално изјавено дека тој е разрешен од сите политички и војни функции. Од тогаш Маркос без трага е исчезнат, но некои во Атина мислат дека тој се наоѓа во Севетскиот Сојуз.
Кога Сталин ја дочека југословенската делегација во Москва, тој кажа: „Ние не сме согласни со мислењето на нашите југословенски пријатели и понатака да ја поддржуваат револуцијата во Грција. Оваа борба е безсмислена и без изглед на успех. Дали вие сериозно мислите дека Голема Британија и Америка, двете најголеми сили во светов, ќе ви дозволат една комунистичка политика на Средоземно Море? Глупости!