
Ристо Поповски и Ангелина Маркус
Ниту во времето на Римјаните, ниту под ропство од дивите Авари, Монголи и Османлии не беа превземани системацки походи за истребување на еден беспомошен цивилен народ. Владините трупи убиваа, пљачкаа и силуваа; напаѓаа села и зад себе оставаа мртви тела, убиваа деца и закопуваа живи луѓе под земја. Тие имаа намера да се борат за среќа, слобода и да го победат комунизмот, но нивното ѕверство ги погоди малите луѓе. Останатиот дел од Европа имаше доволно сопствени грижи. 25.000 партизани беа отпуштени од регуларната грчка армија која беше поддржувана од САД и Велика Британија. Генерал Маркос добиваше помош од страна на Југославија, Бугарија, Албанија и Советскиот Сојуз.
Од 25 мај 1946 година буржуазијата почнува да се занимава со македонскиот проблем: „Како прво требаше да бидат преселени 80.000 Македонци од Грција“… Ова беше речено на првата средба договорена за водството и тактиката на сојузот, на која дискутираа Сталин и Захариадис. Кога Захариадис се врати во Грција, одново започнаа да се распламнуваат борбите, како резултат од тоа, скоро цела Македонија беше ослободена. Беа заземени стратешки важни села и планини; само големите градови беа под грчкиот кралски режим. Југославија под водство на Александар Ранкович кој беше трет човек на политбирото од КПЈ, ги снабдуваше македонските партизани со оружје во времето од 1945 до 1948 година: 35.000 пушки, 2.000 топови, 7.000 мinofrla~i, 10.000 мини, 12.000 комплетни војнички одела, 30 вагони со храна и 8.000 Македонци кои беа пребегани преку граница, ги испрати назад во Грција.
Грчката Влада се обрати во УНО. Цело лето во 1947 година се дебатираше за сигурноста во Грција, Советскиот Сојуз 5 пати го вложи неговото Вето, а УНО не можеше да го донесе мирот, а во Грција и понатака имаше измачувања и убивања. Во средината на јануари 1947 година во Грција се сретна истражната комисија на Обединетите Нации. Нејзиното дејствување предизвика привремено смирување на граничните инциденти и да изгледа смалена опасноста од надвор. Но економската и воената состојба во Грција се заоструваше, така што водачот на американската економска мисија Porter, американскиот претставник на истражната комисија од УНО Ethridge и американскиот амбасадор Mac Veigh се согласија, доколку САД не реагира навреме, ќе се сруши грчката економија и претскажаа превземање на власта од страна на востаниците. Преплашени од збунувачките извештаи од Атина, државниот потсекретар Acheson и министерот за надворешни работи Маршал информираа за сериозноста на ситуацијата и укажаа на тоа дека ова може да биде капитулација за Грција под Советската Влада, исто така и загуба на целиот среден и блиски исток, како и северна Африка, поради недоволна поддршка од САД и Велика Британија.
Британската Влада потсети на тоа дека двете земји (Турција и Грција) од стратешка и политичка причина, не смеат да паднат по советска власт.
Posle ednoglasen pregled od britanskiot povik za pomo{, преку одговорните министерства, претседателот Труман на 25.02.1947 г. одобри извршување на специјалната програма за поддршка на Турција и Грција. Владата подготви Закон за овозможување и за ослободување на неопходните финансии. Во еден доверлив разговор со водечките пратеници од конгресот, кон крајот на февруари 1947 година, министерот за надворешни работи Маршал направи нацрт на мотиви на оваа далекудофатна надворешно-политичка одлука: „Нашите интереси во Грција во никој случај не се ограничени на хуманитарни и пријателски импулси. Ако Грција се распадне во една граѓанска војна, возможно е една комунистичка земја да не може да се противи под советска контрола. Тогаш Турција ќе биде опколена и турската ситуација ќе биде уште покритична. Советската власт вака може да се прошири преку целиот Среден Исток до границата со Индија. Дејството на еден ваков развиток kon Унгарија, Австрија, Италија и Франција воопшто не може da se предвиди. Не е премногу да се каже дека ова е само почеток на една серија од кризи, кои советската власт можеше да ги прошири на Европа, Блискиот Исток и Азија. Не постои друга сила освен Соединетите Држави кои беа во состојба оваа криза да ја одбијат“.