Фељтон

Поразот на Вич и повлекување во Албанија

popovski-risto

popovski-risto
Ристо Поповски  и Ангелина Маркус

По долгогодишните подготовки на ДАГ за решавачката борба со монархофашистичките владини војски на Вич, на 10 август 1949 година непријателот почна силна офанзива на централниот фронт во месноста Полјанка и котата 1865. Офанзивата почна со напад на единиците на ЛОК при што беа употребени и други поголеми сили (авијација, топови, тенкови). По еднодневна борба монархофашистичките единици успејаa да ги разбијат единиците на ДАГ и да ги завземат месностите Полјанка и Рато и со тоа создадоа услови за завземање на Лисец и Превол и котата 1120 во планината Врба.

На 11 и 12 август силите на ДАГ под силен притисок на непријателските сили ја напуштија планината Лисец, а истовремено непријателoт продолжи да врши притисок на позициите на ДАГ на планината Малимади. Веќе следниот ден монархофашистите напредуваа кон селата Трново и Оштима. Исто така тие извршија јуриш кон селата Бесвина и месноста Превалец и по тешки борби успејаа да ги заземат.

На 12 август раководството на ЦК на КПГ, членовите на привремената демократска влада и членовитена Главниот штаб на ДАГ неочекивано ја напуштија македонската територија и преку месноста Африка кај Преспа преминаа во Албанија. Меѓу нив беа Никос Захаријадис, Јонидис, Парцелидис, Кокалис, Паскал Митревски и голем број на цивилното македонско население.

На 12 август борбите продолжија на котата 1120 на планината Врба, а нападот започна од селото Брезница, со што истиот ден беше заземено селото Желево. Тој и следниот ден единиците на ДАГ во паника ги напуштија позициите што ги држеа на котата 1807, 1919, 1932 и Бела Вода и безглаво се повлекоа кон Африка, преминувајќи на 13 август 1949 година на албанска територија. Тука пристигнаа и 11 дивизија на ДАГ во чиј состав се наоѓаше 18 и 102 бригада. Во Албанија се најдоа единиците на 105 и 103 бригада на ДАГ, еден Баталјон на 14 бригада, офицерската школа на ДАГ, единицата за обезбедување на главниот штаб на ДАГ и голем дел на македонското цивилно население.

feljton1

Поради повреда на честа и навреда – за Внимание и Достоинство!

Во една слободна Европа, особено овде во Сојузна Германија, така често и со задоволство се употребува зборот демократија: мораат поедини држави да ја имаат слободата, нивната земја така да ја именуваат како што тие сакаат и покрај тоа да не мораат да потклекнуваат под влијание на туѓа диктатура.

Најново од: Фељтон

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

To top