
По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и образовен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејќи ги Македонците дека се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се` до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите.
Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот Словен, со Бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот” стр. 39). Терминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот Бугар го заменил зборот Словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Фриедман 1975, стр. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски”, а нивните села ги нарекува „болгарски села” (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936).
Карта на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија – Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Паристрионци. Теофилакт Охридски, Грк, најверојатно родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано “Пространото Св. Климентово Житие” каде објаснува дека за него Бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари; Византија, своите поданици ги делела по географска-тематска, а не по етничка основа, па сите жители на една тема без разлика на етносот носеле исто име. Теофилакт и самиот себе си се сметал за Бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува: „Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата“ (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.) Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, Бугари за Грците биле Словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за “славенскиот или бугарскиот народ”, а јазикот во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил “прв епископ на бугарски јазик” (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV). Најголемата бугарска лага во историјата инаку, ниеден средновековен Македонец, Србин или пак тракоант (Словен) не го нарекол јазикот словенски- бугарски или пак Словените- Бугари. Но, мораме да ја разбереме позицијата на Византија и тогашните прилики на именување на луѓето, по географска, а не етничка основа. Грците на пример, се нарекувале Ромеи (Римјани), а нивниот јазик ромејски (римски) во целиот среден век, се` до крајот на 19 век, како оставштина од Византија; Грците биле дел од источното римско царство- Романија, па по тогашниот византиски обичај луѓето да се декларираат по географската припадност, тие биле Ромеи-Византијци. Инаку, многу познато е дека Грците не се Римјани, ниту пак имаат некаква лингвистичка или крвна врска со Римјаните. Инаку, ова византиско именување на луѓето по географската припадност, Бугарите денска го користат како најголем “доказ” дека Македонците се Бугари, што е најголемата бугарска лага.
“Краткото житие на Св. Климент”, уште наречено “Охридската Легенда”, за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува Бугари – Волгари. За словените, грчкиот автор во “Охридска Легенда” пишува: „Тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото Море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија“ (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски” , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Климент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на “бугарскиот народ” кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му” БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). Од тука гледаме, дека сите словенски народи на Балканот, Грците ги нарекувале Бугари во средниот век, бидејќи и Србите, Хрватите, Црногорците, Босанците т.е. сите кои ги населуваат Илирик, Далмација и Панонија за Грците биле Бугари. Дека навистина поимот “Бугар” означувал Словен, но не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на Димитриј Хоматијан, охридскиот архиепископ, ракоположен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале “по род Македонци”. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денеска Велестово) „по род Македонец” (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315.
Во 1891 г., католичкиот кардинал Ј. Питра објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Деметриус Хоматиан (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „То де генос Елкон ек Македонон” (Д. Ангелов, Принот КЈМ Народостите и Поземлени Относхенја во Македонија пп. 11-12 ет. сељ.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири. Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци”; се’ градско били „грчко”, градската облека била „грчка”, а селската „бугарска” (Wilkinson 1951: стр. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк”, а граѓанската носија за него беше „грчка носија… Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари”, мислеше „ние сме христијани”, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар” не по народност, ами по православно христијанство…” (А. Т. Балан, Една македонска теория, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818).
Според најновиот „Речник на современиот елински јазик”, зборот бугар – воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик”, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.).