Фељтон

Македонски преродбеници од XIX век (2 дел)

Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „Грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија… Зборот Бугар означува Словен“ (Петар Драгашевиќ “Македонски Словени”, 1890 г., Београд).

Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „Грчкиот селанец, македонските Словени секогаш ги вика Бугари… Кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија… Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим, а Бугарин е етнографски поим… Полухеленизираните македонски словени- Чифчии, помалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада “Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена”, Књижара Геце Кона, Београду 1906 год.).

Др. Јован Цвијиќ, познат српски етногеограф и академик, српската влада го има пратено во Македонија во 1905 г. и за големосрпски владини интереси има напишано дека Македонците се аморфна маса, без национална свест и книжевен јазик, кои имале симпатии и кон Србите и кон Бугарите, па лесно можеле да се претопат или во Срби или во Бугари. Но, истиот тој Цвијиќ, подоцна сведочи дека кога бил во Македонија, Македонците имале развиено македонска национална свест, па самиот се демантира и вели: „Малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци“ (Светозар Прибиќевиќ: „Диктатура краља Александра”, 5 поглавље, стр.128).

И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, ниту пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милинги и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација: „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ (1. Вицториа Цларк, Њхѕ Ангелс Фалл. А јоурнеѕ тхроугх Ортходоџ Еуропе фром Бѕзантиум то Косово Мацмиллан: Лондон, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT The British Orthodox Church).

Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин: „Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите Словени… го велеа со презреното име „бугари“. Грците… употребуваа името бугарин за да воплотат во него своието презреин’е кон се словенцко… Со името Бугари не крстиа Грците и нас Македонците. Но тоа прекрстуаин’е не иет и единствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава.

Во едни такви услови, кога Македонците учеле во грчки училишта и кога сеж словенско било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски. Македонските преродбеници биле во немилост од страна на егзархиските (бугарската црква) службеници во Македонија, кои имале за цел бугаризација на Македонците. Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавува статија под наслов „Македонското прашање“, каде прави осврт на македонското преродбенско движење, критикувајќи ги Македонците кои себе си се сметале за потомци на античките Македонци, додека други пак за чисти словени, но не и Бугари; приврзаниците на обете македонски партии ги нарекува “македонисти”. Славејков пишува: „…Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци… Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што“. Понатаму и самиот Славејков го опишува: „она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени“, каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот Бугарин означувал Словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти Бугари т.е. чисти Словени. Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славејков вели: „Идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот“, а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа „како знак на освестеност (македонска)“ на Македонците, додека бугарскиот народ се` уште не бил создаден или како што Салвејков вели: „неустроениот наш народ“. На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: „Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни“. Меѓутоа, треба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност „благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа“. Извор: (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник “Македония”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24).

И господин Генадиј, Митрополит Велешки (роден во село Подкожене, Поградец) ни кажува дека во 19 век, во Македонија поимот Бугар означувал чист Словен, дека сите словенски народи се Бугари, па тој запишува: „Од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа“. Покрај тоа што за г. Генадиј денешните Чеси и Словаци се Бугари, тој своето потекло го влече од античките Македонци, па за него Аристотел е „првиот учител во Грција, учител над учителите, чист Бугарин (Словен)“ (Извор: Симеон Радев, “РАННИ СПОМЕНИ”, наслов: “ПОСРЕЩАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА БЪЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ”, Ново, коригирано и допълнено издание под редакцията на Траян Радев, Изд. къща Стрелец, София, 1994).

Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „…бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Никола Попфилипов, македонски учител вели дека бугарскиот јазик е општ балкански јазик (вестник “Македония” Цариград, 6. Април, 1868 г.).

Јордан Хаџиконстантинов – Џинот, јасно кажува дека за него поимот Бугари значи Словени, па во неговата “Солунска Легенда” објавена 1859 г. во „Гласник друштва српске словености“ вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени), (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147). Варијанти на преписи на “Солунската Легенда” објавуваат и бугарски автори од 19 век, каде пак се гледа дека во Македонија, поимот Бугар, означуал само Словен, па во истата се вели дека Св. Кирил и неговиот брат Страхота (Св. Методиј) ја создале словенската азбука за просвета на “Бугарите” (Словените) од Моравија и дека кнезот на Велика Моравија бил “бугарски” кнез (Й. Иванов, “Български старини из Македония”, БАН, 1970 г. ).

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top