Фељтон

Македонски преродбеници од XIX век (3 дел)

Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо… Кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо… Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски… Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука т.н. кирилица… Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија и дека Македонците се исто со силните “браќа”, Русите. Шапкарев целосно ги извртува термините Словени и Бугари, па вели дека Словените живееле во Македонија од Апостолски времиња (1 век н.е.), додека Бугарите дошле во 7 век, се измешале со Словените и така настанал нов етнос. По Шапкарев, Светите Кирил и Методиј биле Бугари, а Словените биле античките Македонци.

За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар почнал да означува националност кон крајот на 19 век, кај Македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор Пърличев, Автобиография). Бугарите, Јордан Хаџи-Константинов Џинот го прават чист Б`лгарин, но тој во својата наставна програма, користел и српски наставни книги како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кунчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).

За Никола Прванов, бугарски пишувач на книги, бугарскиот јазик е општословенски, па вели: „да ги спречиме македонските браќа да го користат начинот на кој Србите ги изговараат БУГАРСКИТЕ зборови… да не го акцентираат првиот слог“ („Читалиште“ бр. 6, 1875 г.). Според цитатот на Прванов, тој смета дека и Србите говорат бугарски (мислејќи на словенски) и употребуваат „бугарски“ зборови.

Овде ќе презентирам и каква историја се изучувала во тоа време. За Паисиј Хилендерски, кого бугарите го сметаат за првиот бугарски историчар, Бугарите биле чисти Словени и сите јужни Словени се Бугари, па вели: „Од Балтичкото море, кај Брандибур, најпрво емигрирале Бугарите, а оние кои останале таму, се нарекуваат Словени (Славянобългарска история- „За славянските учители“, Паисий Хилендарски, а762 г.). Читателот веднаш ќе сфати дека за Паисиј, сите западни Словени се Словени, а сите оние кои емигрирале (најверојатно мисли на јужни и источни Словени) се Бугари! Во бугарските преписи од 20 век на историјата на Паисиј, се наоѓа и наслов за Србите, како посебен народ, но, имајќи искуство со бугарската историографија на „прилагодување“ на историјата за проповедање бугарштина, не е чудно ако овој наслов е додаден по 1898 г. за прв пат оваа историја е објавена во Бугарија; едноставо, не е можно да се пишува дека сите Словени кои емигрирале од прататковината се Бугари, а само Србите да не се. Денеска, бугарската пропаганда за да натури бугарски карактер на пиринските Македонци, тврди дека Паисиј е по потекло од Банско, иако по јазикот на пишувањето се докажува дека е од Софиско, поправо од Кралев Дол, каде што во почетокот на 20 век се` уште живее неговата фамилија ( “Отец Паисий Хилендарски е родом в с. Кралевдол (Софийско)” , Веле Кралевски, в. “Независимост” (броя от 15.Х.1923 г.) / “Нещо за езика на Паисиевата история”, Иван П. Кепов в кратката си статия в сп. “Родна реч” (1931/32 г., кн. II)). Читателот, само може да си замисли до каде оди бугарската пропагандна машинерија.

Современикот на Паисиј Хилендарски, отец Спиридон Габровски, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците е- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим… Илирите се нарекуваат Болгари… Од Болгарите произлегоа Србите…, а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот… Од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (c), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. Кънчев (c), предп. инж. Д. Кънев, печ. УИ “В. Априлов” – Габрово, ИК “Луна”, 2000 г. ; – Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Райков, БАК при НБ “Св. Кирил и Методи”, И “ГАЛ-ИКО”, София, 1992 г.). Пак имаме доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните „Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (најверојанто Хрватите, Црногорците и Словенците).

Денеска, бугарската историографија сака да ги прикаже македонските преродбеници како национално свесни Бугари, што е чиста глупост. Бугарската пропагандна машинерија, ни прикажува само по некoлку зборчиња од нашите преродбеници каде стои „Бугари“ или „бугарски јазик“х, но не целата содржина, плашејќи се да не се открие вистината, дека бугарско значело словенско.

Македонските преродбеници се сметале за директни потомци на античките Македонци, со македонска народна свест и тоа јавно го објавувале. За Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). И за Ѓеорѓија Пулески античките Македонци се чисти Словени (Славјано-Македонска општа Историја, Софија 1893 г.). Познатиот македонски учебникар за основните училишта во Македонија, Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Словени: „…Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари… Оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, па да зине земјата и да ги голтне“. (в. Македонiя од 16.02.1871). Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува: „[Прашање] Кои се оние Бугари (Словени), што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?  Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија. [Прашање] Од кого се покрстени тие? [Одговор] Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун…

Апостол Павле ги покрстил прво античките Македонци во Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени).

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top