Фељтон

Македонски преродбеници од XIX век (4 дел)

Факт е, дека сите оние македонски преродбеници кои го користат бугарското име како словенско се школувани по грчките училишта. Сите тие прво биле гркофили, за дури при крајот на својот живот да сфатат дека се Словени (тие го користат терминот Бугари), што потврдува дека дома, од нивните родители, дедовци не биле воспитувани дека се Бугари, туку напротив. Димитар Миладинов се школувал во Јанина, каде мнозинско население е влашкото, кое сите словенски народи ги нарекува со едно име – Бугари (Петар Драгашевич “Македонски Словени”, 1890 г., Београд).

Горноспомнатиот Славејков, во свој извештај за состојбите во Македонија од февруари 1874 г. до бугарскиот егзарх рапортира дека во разговор со македонските патриоти, забележал дека имаат прецизна мисла „Македонците не се Бугари”…и без оглед на цената сакаат да имаат своја сопствена црква. Тие имаат помош во нивниот сепаратизам од високи свештеници од Константинопол, пред се` Натаниел Охридски, Панариот Пловдиски и Архимандритор Харитон Карпузов; во борците за возобнување на македонска независна црква, Славејков ги вбројува и Кузман Шапкарев, Димитар Македонски, отец Зверклиј Зографски и отец Петар Димитров. Понатаму, Славејков зборува за здружувањето на македонските црковни општини со Ватикан, само за да се ослободат од бугарската Егзархија или како што вели Славејков: „Никој не бара вистинска унија со Римокатоличката Црква. Едноставно, тоа е средство за обновата на Охридската Архиепископија”. Претставникот на бугарската Егзархија во Македонија, известува дека македонското свештенство избрало и свои Митрополити на независната македонска црква, и тоа: отец Харитон за Митрополит Серски и Мегленски, отец Козма Пречистенски за Дебарски Митрополит, Отец Панариот за Пелагонски Митрополит, отец Нил Извороз за Солунски, Кукушки и Воденски Митрополит, отец Доротеј за Скопски Митрополит, отец Дионисиј за Архимандрит на струмичката епархија. Веќе претходно имало и унијатство со Ватикан на Македонците од Кукуш, Воден, Струмица и Малешево… (Две писма на П. Р. Славејков за македонизмот – Разгледи XIV, 5(1972), п.561-566).

Македонската борба за црковна независност одела заедно со борбата за национално ослободување. Бугарскиот Патријарх Кирил, за оваа македонска црковнонационална борба за независност забележува: Агентите и приврзаниците на унијата во своето писмо до солунските епархиски претставници беа споменале за решавање на “македонското прашање” преку унијата. За да го искористат докрај огорчувањето во македонските епархии, тие ги засилиле обвинувањата против Егзархијата… Како во 1860 г. кога агентите на унијата преку “България” што беа изработиле културно-национална програма за ослободување на бугарскиот народ од Патријаршијата преку склучување на унијата, така и сега тие се појавиле со определена програма за духовно-народносно ослободување на македонскиоте епархии преку унијата. Веке и во тековниот политички јазик на македонските дејци од тоа време се зборува за “македонско движење”, под кое се разбирало независно црковно ослободување. Тука има, еден момент од важен политички карактер: „Сепаратизмот се проширува од црковна на поширока народносна основа“. (Кирил Патриарх Български, “Егзарх Антим (1816-1888)”, стр. 549-550).

Ѓорѓи Пулески (1838-1894), во 1875 г. во својот речник на македонски-турски-арнаутски, дава дефиниција за македонска нација, па вели: „Народ се велат луѓе кои имаат исто потекло и зборуваат ист јазик, кои живеат и се дружат меѓу себе и кои имаат исти обичаи и песни и прослави, тие луѓе се нарекуваат народ, а местото каде што живеат татковина на тој народ.

Така, Македонците се народ (нација), а татковината им е Македонија (Пулески, „Резник од три језика, стр. 49, Белград 1875). Тој е исклучително интелегентен човек, самоук, не учел училиште, ни грчко, ни бугарско, ни српско; затоа, тој го пренесувал она што го слушал од своите домашни, од својот народ, дека се Македонци и секогаш се сметал за потомок на античките Македонци. Воедно, Пулески е и прв македонски историчар, со својата голема историја на македонскиот народ од 1660 стр., каде ја опфаќа историјата на Македонија од античко доба, па се` до 19 век, а покрај секој историски податок го има дадено користениот извор. За Пулески, Мијак е кратка форма за Македонец и тие биле гардејците на Александар Македонски, додека Брсјаците биле неговата брза коњаница. Кога човек подобро ќе се продума, Мијаците најверојатно се дојдени од Егејскиот дел на Македонија, од територијата меѓу Солун и Негуш, за што сведочат истите топоними во тој дел на Македонија и Мијачијата- с. Битуше, Маврово, Галичник (р. Галик во Егејска Македонија) и како Мијаци го користеле своето национално име во Илирик. Во Македонци, Пулески ги вбројува и црните и белите шопи и сите останати македонски словенски племиња. За преселбата на словените од зад Дунав вели, дека тоа се избегани Македонци, после Римско-Македонските војни и тие луѓе се враќале само на своите огништа (Славјано-Македонска општа историја, Софија 1893 г.). Во 1880 г. Пулески ја објавува и првата граматика на македонскиот јазик „Слогница речоска”, а во ракопис му остана обемната граматика „Јазичница”. Бугарската историографија, на Пулески му наметнува дека потпаднал под српска пропаганда, па затоа станал „македонист”, што е еден голем апсурд. Пулески никогаш не се школувал во Србија, ниту живеел таму, ами се борел за слободата на Бугарија со своја чета и живее од 1878 г. во Софија се` до својата смрт, 1894 г.

Кон македонските преродбеници ќе го придадам и Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907), истакнат македонски револуционер. Тој е образуван човек, посетувал духовно училиште во Одеса, Русија. Раководел со Разловечкото и Кресненското востание, за ослободување од Османлиското ропство и познат е неговиот “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет” на Кресненското востание. По уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4). Ова востание избувнува во источна Македонија, Малешевијата, на границата со права Бугарија, токму во периодот на формирање на бугарската држава 1878 г.. Македонската национална идеја е присутна: ослободување на цела Македонија и формирање една држава; востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130); што е ова, ако не веќе оформен народ, кој се сметал за едно исто, без разлика дали потекнува од источна, западна, јужна или северна Македонија? Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати…; за Бугарите се вели дека се само словенски браќа, чл. 186, но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61).

Македонска родољубива интелигенција во Русија, собрана е во петроградската македонска колонија, која го издава списанието „Македонски глас“, раководен од Димитрија Чуповски (роден во с. Папрадиште, велешко). За уредниците на „Македонски глас“, Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци,…туку посебна нација, Славо-Македонци (From the article „К македонскому народу“ (To the Macedonian Nation), whose author wrote under a pseudonym „Управда“, published in the journal „Македонскиј гобс“ – Орган сторонников независимој Македонии” (a Russian title which translates as „The Macedonian Voice – Organ of the Defenders of a Free Macedonia“), I, No.2, St. Peterburg, 27 јуни, 1913, п.26).

Не можејќи како да оправда постоење на македонска национална свест во 19 и 20 век, бугарската пропагандна машинерија, секој национален свесен Македонец од спомнатиот период го нарекува „србоман”, вклучувајќи го и Чуповски, Пулевски, Мисирков итн. Но, самите бугарски пропагатори си се вплеткуваат во мрежата од своите лаги, бидејќи колку се остри македонските национални дејци од 19/20 век против бугарската пропаганда, толку се остри и се борат против српската пропаганда. Доволно е да се отвори само некој број од „Македонски глас“, да се видат десетиците статии против српскиот режим во Македонија, да се прочита „За Македонцките Работи“ каде Мисирков говори за српскиот национализам и шовинизам.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top