Фељтон

Песната на Орфеј (2 дел)

orfej

Христо Крстевски

orfej

Пишувајќи за уметноста како лирска визија во инспирираниот оддел за Пиндар, каде се проучени неговите врски со стариот орфизам3 и музичката уметност, Аница Савиќ-Ребац во интерпретацијата на вдахновениот Миодраг Павловиќ, во есејот „По трагот на античката естетика“, добива ваков одглас:

„Зошто Грците како хипнотизирани ја слушале музиката како што ги прикажува сликата на една ваза. Се тврди дека влијанието на музиката било уште поголемо отколку она на поезијата. Зошто сметале дека поезијата овозможува да се продре до вистината на интелигибилниот свет и настојувале да дојдат до таа вистина преку неа, тоа е прашање на конституционалниот сензибилитет на нивните сетила и биолошката основа на еден исклучителен менталитет. (Не знам дали во тој поглед и словенските народи се помали меломани! – моја забелешка). Пиндар од височина разговарал со сицилијанските тирани, на Хомер му се одавала култна почит како на херој, поезијата е во некоја рака поважна од историјата, судбината ѝ била наклонета на поезијата, за што зборува и „Елениниот парадокс“: до Тројанската војна дошло само затоа за да имаат поетите за што да пеат“! (Да се присетиме во овој контекст и на Кјеркегаард, кој вели: „Да не бил Хомер, Тројанската војна ќе си останела во правот на историјата како една најобична локална кавга“!).

Нема сомнение дека дихотомијата помеѓу идеалот нa Аполоновото сфаќање на уметноста и Дионизискиот принцип на некој начин се одразува и врз целокупното сфаќање за уметноста како поле на свесното и несвесното, на реалното и апстрактното, на предметното со имагинативното и фантастичното. Тоа е присутно уште во митовите, каде имаме судир помеѓу Аполон и Марсиј и Орфеј со Дионис. Аполон жив го одерува Марсиј (претставникот на богот Пан) зашто го победил во музичкиот натпревар. Менадите-бахантките следбеничките на Дионис, го растргнуваат Орфеј, бидејќи е верен на Аполон и го одвраќа народот од оргиите на Дионис. Овие мотиви и митови ја содржат основата на митската естетика:

– спротивноста меѓу аполонското и дионизиското;

– разумот и мерката – екстазата и пијанството;

– лирата и китарата против аулосот и диаулосот;

– Аполон и Атина против Марсиј и Дионис со бахантките;

– Хомер и Пиндар – уметноста како лирска визија – уметничкото сфаќање на „класичното“ и „романтичното“, како пренесено и наследено поимање за магистралните уметнички детерминанти.

„Судирот помеѓу аулосот и китарата се решава како судир помеѓу Дионис и Аполон со помирување, со компромис. Кога е изведен тој компромис помеѓу двете божества во Делфите, кој понекогаш (и најчесто) одел до идентификација, не се знае; но јасно е дека аулосот е веќе сосема одомаќен во Делфи во 6 век (Еврипид, Ликимнија) и дека таму спојот меѓу аулосот и китарата ја изразува култната врска меѓу Аполон и Дионис. Орфеј многу често се сфаќа како митски носител на тоа помирување. Оваа мудра постапка на делфиските свештеници создава мост помеѓу спротивностите. Така, судирот помеѓу „ловорот и бршленот“, интелектот и страста, „мозокот и срцето“, трезноста и екстазата, а во потесна смисла инспирацијата и свесната уметност – тој судир, бездруго, ќе живее и понатаму во елинската филозофија, естетика и продуктивна уметност, во разни видови, до крајот на антиката“, пишува Аница Савиќ – Ребац во својата Античка Естетика.

Светски познатиот елинист Милош Ѓуриќ, во својата „Историја на елинската литература“, вели дека „во најстаро време нема песна без музика, ниту музика без песна. Најстариот музички инструмент бил китарата или формингот, кој го придружувал пеењето на религиозните песни, како и пеењето на јуначките песни. Во Хомеровата химна „Херма“ се појавува и лирата. Елинската уметничка лирика влезе во живот преку музичкото движење, кое во 8 век настана под влијанието на богатите земји Фригија и Лидија, кои тогаш необично процветаа и кадешто во народните прослави музиката завземала видно место. Од Лидија Елините ја прифатиле пектидата (Херодот 17), која имала 7 жици, додека елинската китара имала само четири и магдидата, која имала дваесет жици“…

Во продолжение се споменуваат уште и инструментите: лироликите феник и барбитон, кој во Елада го вовел Терпандар, а со кој љубеле да се служат Сапфа, Алкеј и Анакреонт и харфоликите санбика, која ја вовел Ибик и тригонон, со тонови што за октава биле пониски од пектидата, потоа јамбика и клепси-јамб, со кој се следело говорењето на јамбот. Од Фригија е дојдена шупелката (аулосот), која потсетувала на денешниот кларинет, или обоата. Веќе рековме дека разликата меѓу китарата и аулосот е во тоа што тоновите на првата, човека го смируваат, а пак на втората возбудуваат и вознемируваат. Аулосот е поврзан со оргијастичките култови на богот Дионис и фригиската Кибела. Аулосот, шупелката, не се правела од трска, ами од шишмир-дрво, што се наоѓало во Беректинската гора, но се правела и од сикомора. Најголем свирач на аулос бил Олимп од Фригија, кого Плутарх го сметал за основоположник на убавата музика. Тој пеел аулетички номи, со што дал полет на елинската аулетска музика. Со аулос се свирело многу во Беотија, татковината на најславните свирачи Скопелин, Ортагора, Исменија, Хрисогон, Тимотеј, Проном, Антигенида и др. Од другите елински музичари познати се Терпандар од Антиса на Лезбос кој пеел китародички номи и за кој се зборувало дека ја пронашол прочуената лира на Орфеј, потоа е мошне познат Клона од Теба на Беотија, кој компонирал ауделички номи. Всушност со номите започнува и книжевниот живот на елинската лирика. Тоа се основоположниците на елинската музика и лирика. Формата и содржината на таа музика се огледа во монодијата: елегијата, јамбската поезија и мелика, а потоа и во хорската лирика.

Во својата „Историја на елинската литература“ Милош Ѓуриќ зборувајќи за новата посветеност на Елините, ги расветлува појавните форми на новата религиозност низ хиеретското и профетското пеење. Тоа во прв ред служело во култот мистериските религии, од кои најпознати се: елевсинската, самотрачката и орфичката. На сите три им е заедничко барањето пат до тајната на животот, смртта и воскреснувањето. Тој вели:

„Во Елевсинските мистерии таа тајна е сврзана со култот на Деметра и нејзината ќерка Персефона; во самотрачките култот на богот Кабир и неговиот син, кој во тебанскиот се вика Момче, а во самотрачкиот Кадмил; орфичките мистерии стојат во врска со тајните на Орфеј, кои се потпираат на култот – на хтоничниот Дионис Загреј. Друга заедничка црта на тие религии е дамнината на нивното настанување и тајното вршење на култовите. Тие цветале и живееле на елинската земја при освојувачите од север да продрат со своите нови богови и да утврдат т.н. хомерска или уранска религија, религијата на господарите, која ги ширела урано-патријархалните, а ги отфрла хтонско-материјархалните култови, прастарата вера на затекнатото житејство. Сите тие култови се вршеле ноќе, тајно дури и тогаш кога во елинскиот свет стекнале афирмација и како и елевсинските, уживале државна заштита. Со елевсински мистерии се поврзува Мусеј, а со орфичките Орфеј, врзан култот на богот Дионис, кој во 7 и 6 век кај Елините дошол од Тракија и Македонија.

Тој култ отпрвин имал оргијастички облик, но на елинското тло, под влијание на аполонската религија, се облагородил. Неговото основање традицијата му го припишува на Орфеј (Аriѕt. Ran 1032, Еur. Rhes, 943 ѕѕ), за кој се зборувало дека татковината му е Пиерија, и дека е син на Тракиецот Еагр (Рlat. Ѕуmp. 179 D), и на Калиопа, првенка на Музите (Timoth. Регѕ. 234).

Остатоците од списите кои нему му се припишуваат како и орфичката книжевност, во која религијата се сврзува со полуфилозофски спекулации, покажуваат дека орфичкото учење имало своја догматска теогонија и космогонија, систематска и практична теологија, и со тоа истото се разликува не само од државната религија, туку и од останатите верски заедници, каде свештениците и посветените не биле врзани за никакви догми. Најпознат претставник на орфичката секта од VI век бил Ономакрит од Атина, за кого се споменува дека бил претседател на онаа комисија на која Писистрат I наредил да ги собере Хомеровите песни. Бил мошне омилен на дворот на Хипарх, на Писистратовиот син, каде му било доверено да ги собере, обработи, дополни и уреди Мусеовите пророштва. Но дека не постапил најсовесно, сведочи и Херодот со тврдењето дека бил прогонет од Хипарх. Ономакрит не само што ги редигирал песните препишувани на Орфеј и Мусеј, туку и самиот испеал епови, пророштва и упатства.

Како орфички поети се споменуваат уште и Орфеј од Кротон, Орфеј од Камарина, Бронтин од Метапонтија, Керкоп, Никоја од Елеја, Тимокле од Сиракуза, Зопир од Хераклеја и други.

Податоци за Орфеј, за орфичките поети и остатоците од орфичката книжевност се наоѓаат собрани во Зборникот на О. Керн Orphicorum fragmenta, Berollini 1992, M.P. Nillson „Early Orphism and Kinded religious movements, Harv. Theck Rev. 28 (1935, 183-230 Jane E. Harrison „Pro-Legomena to the Study of greek Religion“, 1922, ЗбЗѕѕ; О.Кеrn „Religion der Griechen I 1936, II 1935, III – 1932 (passim); К. Ziegler „Orpheus“, Re XVIII1 (1939) 1200-315; A. Vilihar „Orfej in orfeizem“, Ljubjana, 1931.

3ОРФИЗАМ- Старогрчката поезија во која се изразува учењето на орфичарите, најважиата мистичка и катарактичка религиска секта во грчкиот архајски период (7-6 в.). Богатата орфичка книжевност постои во Грција од 6 в. пред н.е. сђ.) до доцната антика, но песните што се сочувани потекнуваат главно од 2 и З в. од н.е., па и подоцна. Таков е, покрај 87 о.- химна-, епот за Орфеовото патување со Аргонаутите (Аргонаутика, 1376 – хексаметри) и епот за каменот и неговата маѓепсна сила (Литика, 774 хексам.). Орфизмот, како и другите мистички религии (оргијастички и екстатички култ на богот Дионис, Елевсинската мистерија) е од странско потекло и потекнува од Тракија, или Македонија. Како негов основач се споменува Орфеј, древниот митски пејач и свирач, синот на Аполон (или тракискиот крал Егр) и Музата Калиопа Орфичкото учење зборува за постанокотна светот (космогенијата), за боговите (теогенијата) и луѓето (антропогенијата). Јадро на тоа учење претставува сфаќањето за двојната природа на човекот („телото е гробница на душата“), за доброто и злото, за овој и оној свет, за човековата вина и селењето на душите, за можностите за спасение и блажениот живот на оној свет (сотериологија). За очистување орфичките правила се строги и бараат ритуално очистување во секојдневниот живот (катарса). РЕЧНИК НА КНИЖЕВНИТЕ ТЕРМИНИ, Нолит, Белград, 86 г.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top