Проблемот на улогата на личноста во историјата претставува особено ва жен сегмент во проучувањето на најновата историја на македонскиот народ, со оглед на задоцнетото создавање на современата македонска држава-нација и перманентната изложеност на асимилации на Македонците во туѓодржавните владенија на Балканот во XIX и XX век (црковни, просвет ни, политички). Притоа, во периодот по Втората Светска Војна, кога се случуваа динамични и радикални општествени трансформации во Бугари ја и Југославија, под диктат на државно-партиските структури, според по требите на актуелниот миг, се создаваа пожелни историски матрици.
Со различни методи на репресија, агитација, еднострани толкувања, контрола над историчарите итн., во рамките на официјалната македонска историографија беа оцрнети или исклучени од колективната меморија на македонскиот народ бројни дејци, револуционери, значајни личности за нацијата, но, несоодветни за идологијата. Се промовираа црно-бели слики на улогата на историските личности, така што изостанаа посериозни анализи за бројни полемички прашања и контроверзи од нашето минато.
Со воведувањето на политичкиот плурализам по 1991 г. се отвори и Пандорината кутија, при што дел од личностите од минатото станаа пред мет на медиумски и партиски дебати во кои се покажа недостаток на чувство за компетентните анализи на македонските историографи. Во овој контекст, можеби една од најконтроверзните личности за периодот по Втората Светска Војна е личноста на Венко Марковски2.
Во неговиот творечки век и политичка кариера, условно, можат да се разграничат две етапи: „македонска” и „бугарска”, кои се движат во релацијата – од воздигнат поет на македонската слобода и самобитност до дисидент и бугарски политички миленик чија новосоздадена поезија на бугарски јазик му отвора пат кон звањето бугарски акдемик; или тоа е патот на себесамиот Венко – од создавање кон себеуништување.
Венко Марковски е уште еден политички емигрант во македонската историја кој бил употребен во политичките пресметки помеѓу Југославија и Бугарија. Неговиот престој во НР Бугарија треба да биде предмет на по себно истражување за кое сеуште не се создадени потребните услови. Најпрво, во РМ важат рестриктивни прописи во користењето на полициските досијеа, не е спроведена лустрација која би ги опфатила и оние кои биле задолжени за дисквалификација на Венко, а многу искази и документи, како и агитпропот во дневниот печат биле во функција на оправдување на поединци или служби во создавањето на „црното досие Марковски”.
Официјалната политика на Бугарија, исто така, и денес го негира постоењето на посебноста на македонскиот народ, а токму Венко Марковски во еден период им послужил во реализацијата на таквите антимакедонски цели.
Притоа е присутна наталожена патина на многу исконструирани искази, документи, политички фабрикувања, партиска пропаганда итн.
Така, заради големата инволвираност на политиката, заради стравот на историчарите да се зафатат со контроверзни теми, но, и заради недостаток на релевантни документи, до денес македонската историографија не ги осветли до крај, со доволна доза на историска дистанца и непристрасност (sine ira et studio), животните пресврти и трагиката на овој Македонец кој заради објективни и субјективни причини се трансформирал во своето етничко определување. Всушност, дводомни писатели има многумина3, но, можеби никаде етничките проблеми не се толку чуствителни И исполитизирани како на Балканот, особено во однос на македонската национална посебност која до денес е предмет на многустрани негирања (заради нереализираните до крај големодржавни идеи од XIX век на балканските соседи на сметка на Македонија). Така, целиот „случај Венко Марковски” настанува токму околу неговата националност, кое што е клучно при оценувањето на неговото творештво, а особено на неговата личност која се затемнува во македонската книжевна историја и историографија4, воопшто, со прикажување на еден наводно болно суетен човек кој сакал да биде водечка личност во сите сфери на младата македонска држава. Ваквите крајно негативни конотации, при темелното истражување на состојбите, фактите и исказите отпаѓаат како уште една конструкција во контроверзното „досие Марковски”.
________________________________________________________________________
2 Не само во политичка смисла, туку и како творец, Венко Марковски, во историјата на македонската литература е оценет како …најконтроверзен и најтрагичен поет во целокупната нова македонска книжевност! (И отпадник од неа! – барем според денешниве согледувања на нашата книжевно-историска наука) (Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, Мисла, Скопје 1990, 102).
3 Независно од се, книжевното дело на Венко Марковски, создавано до неговото де зертирање во Бугарија, легитимно и припаѓа на македонската литеаратура. Во тоа нема и не би требало да има кави било дилеми. Но, како и во однос на личноста и делото на Брадина, Крстиќ, Цеко Стефановиќ, иако нивните животни и творечки судбини се различни, така и во однос на Венко Марковски науката мора да се определи во духот на еден свој основен критериум… Според него само едно нешто безалтернативно е не прифатливо: со валканата вода на нивните политички биографии да се исфрли и нивното книжевно дело!
(М. Друговац, цит. труд, 147-148). 4
Но, …Има и еден друг Венко Марковски што се роди и израсна во Скопје и уште мошне млад, во тешки ропски околности, го почуствува пулсот на народните стремежи и смело и несебично тргна во борбата за национална слобода, користејќи го пред се‘ македонскиот роден збор за создавање поезија со знамето на мечтателна слобода.
(Блаже Ристовски, Портрети и процеси 2, Култура Скопје 1989, 431).