Фељтон

Историски и современи македонски парадокси – Случајот на Венко Марковски (3 дел)

venko-markovski

Виолета АЧКОСКА

venko-markovskiИсторијата на случајот Венко Марковски, без да го намалиме огромното значење на неговата дејност непосредно пред Втората Светска Војна во будењето и афирмирањето на македонската национална свест, не говото учество како член на ГШ на НОВ и ПОЈ на Македонија, асномските заслуги итн., сепак започнува непосредно по 9-ти септември 1944 г. кога тој престојува во Очественофронтовска Бугарија. Според досието на антидржавен и антипартиски елемент во кое ќе влезат и други македонски интелектуалци (Павел Шатев, Димитар Влахов), но, кои ќе останат во Македонија и ќе бидат репресирани на различни начини, наводно уште во тие први денови на создавањето на Демократска Федерална Македонија, започнал да ги обвинува македонските државни и партиски раководители дека ја србизираат Македонија (или попрецизно, дека продолжила србизацијата на Македонците од пред Втората Светска Војна)11. Веројатно тука потекнува неговиот прв грев, зашто братската љубов со Народна Република Бугарија, по 1948 г., по нападот на Информбирото врз КПЈ, беше заменета со беспримерна омраза12. Оние кои во било каква прилика, реално или со исконструирани искази, ја застапувале тезата за србизирање на Македонија, биле прогласени за идеолошки противници и антијугословенски фактори и казнети најсурово за „тешки престапи на велепредавство”. Тоа беше време во кое Македонците требаше еднаш засекогаш да бидат трансформирани во лојални југословенски граѓани, на кои радикално, остро им се пресекуваа сите папочни врски со Бугарија, земја кон која со децении гравитираше огромен број Македонци, барајќи спас најпрво од турските, а потоа од српските насилства. Дури и самите преговори за Југословенско-бугарска федерација кои будеа надеж за соединување на Вардарска и Пиринска Македонија се водеа со прескокнување на македонското државно раководство, односно директно Белград-Софија. Во тие рамки, сите оние македонски кадри (како на пример Петре Пирузе ≠ Мајски, Павел Шатев и др.) кои самоиницијативно превземаа некакви акции во Пиринска Македонија или меѓу македонската емиграција ширум Бугарија во однос на решавањето на македонското прашање, полека беа ставени во антијугословенскиот арсенал.

Венко Марковски беше етикетиран како сепартист и автономист, како припадник на македонското национално крило кое било разочарано од ставот на КПЈ македонското прашање да се реши како југословенско, врз федеративен принцип, но, без обединување на Македонија. Тука заедно се најдоа Методија Андонов – Ченто, Михајло Апостолски, Крсте Гермов (Шакир војвода), Емануел Чучков, Лазар Соколов, Петре Пирузе Мајски, Благој Хаџи Панзов, Димитар Влахов и бројни други македонски дејци кои се вградија во темелите на македонската држава. Во тие денови на

со здавање, во многустраноста на нивната дејност, особено место заземаше кодифицирањето на македонскиот литературен јазик и правопис. Токму во рамките на работата на комисиите за македонската азбука и правопис настанува и повидливиот судир на Марковски со официјалната тврда пројугословенска струја во Македонија.

Во дискусиите за јазикот, како член на првата Комисија за јазик и правопис заедно со Ѓорѓи Киселинов, д-р Ѓорѓи Шоптрајанов, Ристо Проданов и други, Венко упорно ја бранел тезата на Крсте Петков Мисирков дека за основа на македонскиот литературен јазик треба да биде земено централното македонско подрачје. Во аргументите кон ова гледиште, Марковски го приложувал и фактот што на ова наречје веќе пишувале некои македонски поети и писатели13. Во рамките на работата на комисијата се јавил основниот судир околу прифаќањето или неприфаќањето во македонската азбука да се земат некои српски букви со што македонската азбука

повеќе би се приближила и адаптирала на српската14. Притоа, додека Коневски тргнувал од чисто филолошки позиции, барајќи почисти и по едноставни решенија, кај дел од македонските творци бил присутен стравот од српската асимилација, при што какво било превземање на некаква српска азбучна варијанта, значело се уште да се остане под капата на големосрпството. Целата работа добила чувствителни политички димензии, така што на крајот, во таа макотрпна битка се замешал директно и ЦК на КПЈ, односно Милован Ѓилас кој инсистирал на српски варијанти. Според Венко Марковски, со ваквите решенија на азбуката, Македонците од Вардарска Македонија би се оддалечиле од оние во Егејска и Пиринска Македонија.

Против мешањето од Белград во кодифицирањето на македонскиот литературен јазик, покрај Венко, застанале повеќе македонски интелектуалци заради што паднале во немилост кај врвни државно-партиски функционери во ДФМ, директно подредени на српските политичари од југословенскиот врв15. За жал во тие денови на етикетирања и идеолошки дисквалификации, секое барање кое било во спротивност со сојузните директиви се ставало во арсеналот на непријателско делување против југословенското братство и единство, наводно во функција на некоја друга надворешна држава или голема сила.

__________________________________________________________________________________

11 А. Алексиев, Животните и творечките метаморфози на Венко Марковски,…, 19.

12 Александар Алексиев ќе запише дека, со додворливи стихови политички веќе „исшлифу Ваниот“ Венко Марковски бил „сигурен дека ги задолжил сите позначајни тогашни фактори на Балканот, па и пошироко, штедро делејќи им стихувани комплименти“ (А. Алексиев, исто, 18-19).

13 АСНОМ, Документи, том I, книга 1, Архив на Македонија, Скопје 1984, 244-245.

14 Како член на Првата комисија за јазик и правопис, Венко Марковски се залагал: 1. за создавање посебна македонска азбука; 2. бил против прифаќање на Вуковата (српска) азбука и нејзина примена во Македонија; 3. како основа на идниот македонски литаратурен јазик ги предлагал централните македонски дијалекти (релација Велес, Прилеп, Битола) и 4. сметал дека тврдиот знак (Í) е неопходен за идниот македонски литературен јазик. Ванчо Салџиевски, како завршен матурант и „партизански поет“ во декември 1944 г. влегол во Комисијата за јазикот. „На еден состанок за азбуката, вели Салџиевски, Венко на цел глас и удирајќи на масата извика: Да ја ослободиме македонската азбука од се` што е српско, бугарско, а и јазикот од турски зборови… На нашата азбука и фали букавата Ѕ и да ја ставиме. Ова сите го одобрија и се наведоа некои зборови кои ќе ја имаат таа буква“. (Ванчо Салџиевски, Контактирав со Венко, Утрински весник, бр. 2947, 27.03.2009).

15 Заради бројните несогласувања врз дооформувањето на македонската азбука и правопис работеле уште три комисии. Според д-р Новица Велјановски „Венко Марковски бил член на сите комисии, изнесувал свои ставови и мислења…, но тој никогаш не се спротивставил или во најмала рака барем да се откаже од работата на некоја од тие комисии поради несогласување со нејзините членови. Напротив останал член и на последната комисија (трета, односно четврта) која… на 3 мај 1945 година едногласно ја утврдила македонската азбука“. (Новица Велјановски, АСНОМ културолошки рефелексии, ЕН ЕС Реклам, Скопје 2003, 80-81)

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top