Ангелина Маркус
Нема да тргнеме од славните имиња на Македонците кои тргнале во описменување на православниот свет пред илјада години. Тргнале и го оставиле Кирилското писмо од Охрид до Сибир и од Балтикот до Јапонија. На тие непрегледни простори, на една петтина од земјината топка милиони луѓе се служат со македонско писмо. Цели тајфи на репрезентативни луѓе ја шират просветата. Македонците ништо не прават сами. До нив се браќата, близнаците, роднините, народот, фалангата. Ако еден изостане другите продолжуваат и го оживуваат вечното наследство. Така е од предисторијата. Човек до човек, сè пославни еден од друг, прави космполити.
Во Неолитот, во печатите од Говрлево и писмото во Осинчани, Васил Иљов и Вангел Божиновски ги препознаа и ги прочитаа македонските букви и зборови стари 6 илјади години. На еден печат со еден збор „ѕирнал”, се откриваат многу податоци. Во тоа време во Македонија имало држава, трговија, царина и оверена контрола со печат за движење преку граница. Во другиот печат ја прочитале следната содржина:
„И целиот ум и` го зеде учителот”. Заклучокот е дека пред 6000 години во Македонија имало писмо, школи, ученици, учители, кога никаде во светот немало образование на генерациите. Свештениците, кралевите, учителите, филозофите, апостолите, Кириловите ученици отсекогаш го одржувале просветниот систем за систематско изучување на знаења од сите области и посебно учењата од филозофија и медицина. Сите македонски кралеви и цареви во својата држава организирале филозофски школи, медицински, воени школи и тренинзи во спортовите за настап на Олимписките натпревари. Таква организација постоела во секој македонски град по светот во градови по име Александрии, Филипи, Антиохии, Хераклиди. Тие градови и по две и три илјади години ги носат истите македонски имиња, истите градби и истите царски симболи и украси.
Искандер, Кабул, Кандахар и Аполонија, Пела, Теба. Таму се ширела филозофијата, медицината, писмото, драмите, уметноста со големо влијание. Така, на пример, низ цела Европа во замоци, собранија, театри се вградени македонски сонца и штитови, но најчесто македонскиот цвет и палмета. Науките со македонскиот ум најдобро се прифатени.
Во IV в. пред Хр. кога филозофијата и медицината биле на највисоко ниво. Да наброиме некои од тогашните филозофски школи.
Питагорејска школа од островот Сам заврши на Сицилија,
Милетска школа во Јонското крајбрежје И островите,
Елејска школа Ксенафон, Парменид, Зенон завршиле како и Питагорејците на Сицилија и Емпедокле на Етна.
Хераклит, Демокрит, Анаксагора од Ефес, Абдера и Акрагант иако без школи за своето учење делувале со своите системи врз сите други филозофски школи.
Стоичка школа продолжува и во Рим.
Епикурејската школа под влијание на Демокрит, во Рим ја развива Лукрецие Кар.
Софистите делувале насекаде.
Сократова дијалошка етичка метода врши влијание на Еврипид и Ескил за драмското творештво. Сократ и Фидие се убиени во Атина и како последни жртви го означуваат падот на културната компилација во град – државичката.
Платон се крие зад делата на Сократ и Софистите.
Аристотеловиот лицеум организиран како филозофска и воена школа, низ сите македонски градови, претставува врвен дострел во образованието. Тоа е најголема институција во огледна форма што извршила влијание врз светскиот образовен систем.
Гимназионат во почетокот создаден за школување на една генерација врсници, поточно за кралските другари на Александар, прераснува во школа за кадри потребни за целата држава, од сите профили. И пред Аристотел моделот за подготвување на борците од разни племиња е сличен во описот што го дал Хомер. Кралот раководи со светилиштето, со воините и со народот. Него го подготвува тим од учители за да стане водач на еднакво школувани аристократски синови, што и` припаѓаат на традицијата на совршенството во Македонија.
Аристотел имал среќа да се роди во богата аристократска фамилија што била во служба на македонските кралеви. Со генерации Аристотеловите претци; прадедо му, дедо му, и татко му биле царски лекари. И самиот Аристотел се родил, живеел и работел богато обезбеден за истражувачките потфати од самиот цар Филип II, а подоцна и од Александар. Царските лекари имаат долга традиција во македонските престолнини од Пердика и до Клеопатра VII и Јустинијан.
Царскиот лекар во Македонија бил енциклопедист. Целокупното научно сознание му било на показ. Тоа било предуслов Александар да биде тоа што беше и Аристотел да ја моделира целокупната научна мисла за иднината преку Александрија. Царските архитекти ја изградија Александрија, а царските филозофи и` дадоа душа за да се сместат Аристотеловите дела и методи за одржувањето на македонското мисловно научно богатство.
Аристотел, роден во времето на владеењето на Аминта, кога татко му Никола бил царски лекар во Пела, растел заедно со Филип II и како негов врсник може да се смета за кралски другар. Олинт, градот на мајка му и Стагира, градот на татко му биле доста несигурни, често ограбувани од атинските морнари -пирати. Идниот научен гениј не можел да се школува таму, сам, кога родителите му живееле во царските
дворови. Тоа значи дека и Аристотел имал царски другари како Ахил или царските другари на Александар, на кои учител им бил Аристотел. Школувањето на Аристотел било по богатите царски библиотеки низ Македонија и знаењата од природата и медицината од татко му, пренесувани од најранавозраст од колено на колено. Во негово време филозофите имале царско потекло. Хераклит, Демокрит, Емпедокле, Питагора, Хипократ и многу други на монетите и статутите ги гледаме со царска лента преку глава како кај Филип II и другите цареви до Персеј и боговите: Аполон, Асклепие, Артемида, Орфеј, Херакле. Тоа ни зборува дека Аристотел бил во друштво не само со царевите и филозофите туку и со боговите што многу значеле за Македонија.
Првото запознавање со филозофијата и природните науки не му биле прегледни. Формирал тим од 40 ученици и почнал систематизација на науките, таткото на сите науки. Во сите учебници, уште на првата страница, оддадено му е заслуженото признание дека ја формирал историјата, логиката, филозофијата, етиката, естетиката, физиката, биологијата, метеорологијата итн. Во тоа имал голема поддршка не само од Аминта туку и од Александар II, Пердика III, Филип II и особено од Александар III. Сите македонски владетели за време на неговиот живот, во секој царски град, граделе библиотеки и школи, лаборатории, паркови за непречено одвивање на научните истражувања, препишување и распростирање на научните дела. Македонците не работат сами. Им помагат фамилиите, другарите, учениците и од почитта кон царевите и боговите – тие го почнале првото подучување на народот.
Аристотел бил одличен организатор. Другари му биле генералите на Филип. Војска од ученици го средувала научниот материјал под негово раководство. Научната систематизација повлекла и синтеза. Да се види кое со што е сродно, што му претходи на тоа што е на повисоко ниво и сé да го пронајде своето место и во природата и во општеството. На прво место ја става логиката како наука за мислењето и методологијата.
Органон – системот на сите природни науки под заедничко име: природа или физика, ги подредува според заедничките закони. Интересен податок е дека и математиката ја определува како природна наука, бројките ги изразувале предметите.
Медицината спаѓа во списите Физика. На фармацијата и` посветил големо внимание да го оправда Асклепиевиот знак со змијата што Македонците им го дале на сите аптеки во светот. Аристотел го задолжил Теофраст својот ученик и наследник на Аристотеловата школа да собере сè што е познато во фармацијата во посебни списи, сè за билките, рецептите, лековите. Благодарение на тоа Аристотеловите дела долго биле учебници во Александрија. На тие дела неколку стотини години се школувале сите лекари во Римската империја, се правеле прирачници за лекување во арапскиот свет и во оригинал ги сочувале Аристотеловите дела. Тие се користеле и за Библијата и за Коранот. Се прошириле до Рим и до Шпанија, преку ренесансата ни се вратиле нам, денеска, пак да ги проучуваме како сега да се пишувани. Општочовечките вредности во тие дела секогаш се интересни за било кое подрачје од пишуваното. Стилот, дијалошката форма збиената мисловност ја дава македонската карактеристика на пишување и тогаш и сега. Во иста форма се и драмските текстови и сегашните компјутерски текстови. Коинциденција на компјутерскиот јазик и Аристотеловата логика ги затекна експертите во незнаење за Македонија и нејзините древни школи што постојано се актуелизираат.
Аристотел пред сè е филозоф. Ги собрал, ги подредил и ги објаснил сите филозофии во еден систем по сродност на темите. Едните имаат космолошка проблематика, другите антрополошка, Аристотел се надоврзал на постоечкото и создал потполн систем објаснувајќи ги законите во светот како целина, во природата, општеството, човекот и мислењето.
Аристотеловата школа може да се смета како прототип на сите видови школи низ Македонија, вклучувјаќи ги школите од Неолитот. Првата куќа што ја изградил човекот и допрела до нас, ни ги претставува космичките закони вградени во неа како знаења на неолитскиот човек. Тој принцип на градење присутен е до денес низ Македонија. Се почитува јужната сончева страна како олтарите во црквите и староградските куќи. Во куќите и палатите каде што живееле и живеат македонските фамилии е исто.
Во Македонија како што живееле фамилите на боговите, фамилиите на музите, фамилиите на Асклепио, Аристотел и Хипократ, фамилиите на царевите и фамилиите на народот, така живееле тајфите, учениците по школите и борците во фалангата. Тоа е македонскиот народ, што со таков начин на живеење, ја презема духовноста низ генерации, ја негува и ја пренесува од колено на колено, од дедо на внук, од древни времиња до сега и во иднина. Еј, Македонецу жив и здрав, те препознаваме по земјата до ѕвездите. Никој ништо не ти може. И кога си сам со тебе се сите.
Древната филозофија и древната медицина во основа ја имаат космичката традиција. Мораме да ја покажеме и сличноста на Аристотел и Хипократ и принципите, стилот и методот на нивните две школи. Нивната научна поставеност е како царски школи, во истите градови и со истите македонски луѓе. Не е воопшто случајно што Хипократ тргнува во медицината од филозофските толкувања на четирите елементи како и Аристотел. Истите луѓе им биле соработници и пријатели.
Филозофите до Аристотел, како основно битие, суштина на светот, ги земаат четирите елементи: земјата, водата, воздухот и оганот. Од нив ги изведуваат постоењето и структурата на светот како материјализам. На пример Демокрит вели дека светот е материја и простор. Просторот е само услов за постоење и движење на атомот. Атомот е во структура и на космосот и на човекот и на душата. Атомот на душата со најпрефинета форма е неуништив како секоја материја во основата на целокупната разновидност на светот. За Хераклит оган е вечен принцип на промени на сè постоечко.
За Протагора и другите софисти „човекот е мера за сè”.
За Сократ моралните вредности на човекот се најважни. Аристотел ги евидентирал различните филозофски толкувања за светот и човекот и ништо не отфрлил од предходниците освен идеализмот на Платон. Аристотел се надоврзал на толкувањето за четирите елементи во претходната филозофија и додал петти елемент нарекувајќи го етер. Етерот овозможува динамика, движење на сè постоечко. Движењето како усовршување, како развој во сèпосложна форма на космичката материја до живата природа и во тоа ги согледува единството на духовното и материјалното. Го согледува човекот што се раѓа, живее и мисли.
Филозофскиот систем на Аристотел е целосен, комплетен, како што е и Македонската држава, изразена преку неговата филозофија. Не постои проблем, на којшто Аристотел му пришол, а да не го претворил во тема и не му дал задоволувачко решение. Систематизацијата му овозможила синтеза. Големиот систем во Аристотеловата филозофија е услов за огромниот општествен напредок на македонската држава со сите функции, во било која сфера на живеењето.
Вака изгледа тој систем:
Онтологија–битие, суштина постоење на материјата.
Гносологија–рационално спознавање, логика, душа.
Движење–материјата се усовршува од ентелехија до форма.
Антропологија–човекот, материјално, физиолошко и мисловно битие.
Социологија–општество уредено со закон, држава власт.
Политика–Човекот како општествено битие.
Етички и естетски норми како теоретски научни и практични дострели на уметноста и моралот на луѓето.
Од една страна, давајќи одговор на сите филозофски проблеми во систем, Аристотел одговорил на потребата на филозфијата да се смета за мајка на науките. Од друга страна, со класифицирање на науките ги осамостоил нивниот натамошен опстанок. Сите науки се поврзани и обусловени меѓу себе и филозофијата како општото и посебното, така и теоретското и практичното. Аристотел го подигна превезот на мистериите и направи науката на посветените да биде достапна за сите. Аристотел како царски другар, како царски филозоф,
како царски лекар кулминира со филозофскиот систем и со диференцирање на науките. Со тоа овозможи развој на науките и медицината со иста таква поделба и гранки какви што се во современиот свет. Аристотеловото учење за филозофијата како најопшт закон за природата, општеството, човекот и мислењето ни го потврдува единството на светот во целина, низ кое се потврдува македонското битие. Тоа е филозофијаврз која е граден системот на македонската држава со сите функциии за да тргне во поход на обединување на целиот свет за слободно и среќно живеење на човештвото. Логото е наука и медицина. Науката открива, осознава, а медицината поправа, лекува.
Логиката не е само наука за вистинитото мислење. Таа е прва наука на Аристотел, орган за мислење. Тоа е зборот „логос” со значење закон, збор, поим, оган, наука. Логија е завршен слог на сите науки. Зоологија, психологија, биологија, космологија, антропологија, етнологија, театрологија, физиологија, армакологија; сите науки што го добиле името од Аристотел се спомнуваат во македонскиот славен IV в. пр. Хр., век на врвни постигнувања на сите подрачја во науките и општественото живеење. Логиката.
Аристотеловата филозофија во потполност соодветствува на македонското општество. Аристотеловата наука ни ја покажува иманентноста како поврзаност на разновидниот свет. Тоа е појмовно и терминолошко чистење. Тоа е умот што
го обогати македонскиот дух. Од филозофијата навлезе во библиотеките, во сите Александрии што Македонци ги изградија по светот. Оттаму Аристотел го сретнуваме како извор во христијанството и Исламот. Во целиот среден век се препрочитува во манастирите низ Европа и ги крши копјата со еретизмот и инквизацијата за конечно да блесне во Ренесансата и Романтизмот, подеднакво воодушевувајќи ги древните луѓе и народи. Низ сите тие милениуми медицината и фармацијата се верен придружник на филозофијата и науката. Медицината научно напредува но сèуште ги применува принципите во лековите и лекувањето што им биле познати на древните Македонци.
МАКЕДОНСКА ДРЕВНА МЕДИЦИНА Скопје, Македонија, 2005 книга 20