Фељтон

Македонска древна медицина

makedonska-drevna-medicina

Ангелина Маркус

makedonska-drevna-medicinaОткако постои човекот постојат болести и начини тие да се совладаат и да се спречат. Откако постои човекот постојат и војните, тие несреќи на човечкиот род. Тие извори на гнев и омраза, на крвна освета, на меѓусебно убивање за територија, за храна, за надмоќ, присутни се и сега. Изумреле цивилизации, народи, луѓе од сите раси. Врие котелот. Се претураат мртви од планинските врвови до морските дна. Природата го прави своето, човекот уште повеќе. Пукнува меур од космосот. Сите се научиле како да убиваат а не како да лечат.

Ги нема тие среќни времиња, боговите се умориле или не напуштиле. Медицината не е толку силна, клинка, се враќа во древноста, користи алтернатива. Во Македонија преживеале читачи на хороскопи, билкари, гледачи, бајачи, претскажувачи на судбината, луѓе со способност за пренесување на космичката енергија како во древните времиња на светите Врачи. Кај истите луѓе се здружиле и медицинските знаења. Кај предисторискиот човек најдени се траги од лечење на забите, бушење на черепот, ампутации на екстремитетите и соодветни

инструменти за тие интервенции. Познавањето на анатомијата и лекувањето било на високо ниво во склад со филозофското и научното знаење. Влажните грнци фаќале мувла, пеницилин. Кората од бреза ја користеле како аспирин. Опиумот, не само што ги ублажувал болките туку бил симбол на премин од свест кон несвесното, умирањето. Затоа теракотните чушки ги наоѓаме по археолошките ископини во гробовите, да го чуваат мирот, но и по фреските на повеќе македонски манастири.

Опиумот благо го опивал умот и при породувањето. Во енциклопедија пишува дека опиумот или макот од Македонија бил најквалитетен во светот. Кога веќе имаме толку докази за неговата употреба во медицината од древноста, како можеме да веруваме дека опиумот во Македонија го донеле Турците. Да не било обратно? Да не го однела фалангата македонскиот опиум во Индија? Медицината, од Македонија патувала на исток со Аргонаутите и со Динос и со Александровите царски лекари кои биле составен дел од фалангата и станале составен дел од македонската наука во медицината што се ширела по светот. Во Вавилон и од Египет до Тибет се чувствува македонско влијание во медицината и уште повеќе во Европа до XVIII в. кога од манастирите излегла науката од стегите на сколастиката и почнале да се прават болници какви што биле Асклепијадите низ македонските царски градови во древнина. Болестите кај сите луѓе и на сите континенти се исти, секоја новина брзо се прифаќала. Светската медицина и се оддолжила на македонската наука со прифаќање на многу македонски обележја. Особено на фармацевтскиот знак на змијата свиткана на стапот на Асклепио и медицинската заклетва на Хипократ што ја напишал во дворот на македонските цареви како царски лекар. Хипократовата заклетва се проширила по светот од фамилијата на Хипократ, синот Тесал, Дракон и зетот Полиб, сите царски лекари во фалангата. Како што и Асклепио со фамилијата, така и Хипократ ја зацврсти медицинската заклетва, двеипол илјади години во употреба низ целиот свет.

Тоа што е Аристотел за науките и филозофијата истото тоа е Хипократ за медицината. Тоа што Аристотел како припадник на лекарска фамилија го направил за медицината, исто толку Хипократ опкружен со многу научници има заслуга и за филозофијата. Сите големи луѓе, во било која епоха се надополнуваат за поголем успех на научните постигнувања. Така безброј

славни луѓе соработувале и со Аристотел и со Хипократ. Уште помногубројни се тие што си го нашле местото во Александрија, научен трезор на македонската култура, поддржана од Македонската царска династија на Птоломеи цели триста години.

МАКЕДОНСКА ДРЕВНА МЕДИЦИНА Скопје, Македонија, 2005 книга 20

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top