Фељтон

Македонската царска медицина и Хипократ (1 дел)

hipokrat

Ангелина Маркус

hipokratХипократ роден во Кос 460 г. пр. Хр. живеел и работел низ Македонија и починал во Лариса во 370 г. роден во медицинска фамилија од татко Хераклид (благородник) и мајка Фенерета. Татко му Хераклид и дедо му Хипократ биле лекари и ја продолжиле медицинската традиција во поколенијата, пренесувана од колено на колено, а исто и имињата Хипократ и дедото и внукот, како кај Македонците се пренесувале кај царевите: Филип V, Александар IV, Клеопатра VII, Птоломеј XIV, Константин XIII. Кај старите македонски фамилии тајфи од разни професии лозата се протега со илјади години.

Хипократ бил опкружен со многу истакнати личности,

како Демокрит, каде што му бил на гости во Абдера, потоа софистот и оратор Ѓорѓија во Лариса. Со сигурност се знае дека Хипократ престојувал во Пела 10 години за време на Пердика, Архелај, Аминта, каде што ја пишувал Заклетвата помеѓу 380 и 370 г. пр. Хр. Се среќавал со историчарот Теопомп и Тукидид. Другарувал со Еврипид и Агатон, го познавал Сократ. Така неговата личност се изградила во фамилијата, царските семејства и македонската интелигенција од крајот на V век до половината на IV век пр. Хр. Тој одблизу се запознал со Македонија каде што нашол засолниште и успешна научна соработка. Се движел меѓу царските луѓе и ги лечел. Самиот со царско потекло како и многу негови кралеви филозофи имал

право на ковање пари со својот лик. Питагора, Анаксагора, Демокрит, Хераклит, Емпедокле, сите филозофи и научници како Хипократ со царско потекло, стоеле настрана од Атина во времето на Пелопонеските војни, притоа создавајќи дела во служба не само на Македонците, туку дела со светско значење. Да ги жалиме тие што во Атина биле убиени како Фидие, Сократ, Протагора и многу други протерани, што се спасиле во Македонија и како моќни македонски тајфи го обогатиле векот и светот со општопознатите дела од филозофијата и медицината. Хипократ патувал по островите Кос, Книд, Тасос и по градовите Абдера, Лариса, Пела и насекаде градел болници–Асклепијади и во соработка со лекари од фамилијата и другари од науките ги пишувал медицинските книги познати како Хипократов корпус. Не отишол во Атина да го лечи Перикле

кој умрел од колера. Не отишол ниту во Персија кај Артаксеркс да биде царски лекар во туѓина. Во Македонија имало најповолна клима и за живеење и за работење. Македонската држава го организирала и го финансирала школувањето и издавачката научна дејност на така обемни дела и на Аристотел и на Хипократ. Во секој македонски царски град библиотеките се полнеле со списи од сите науки. Учениците и соработници со врвна стручност ги препишувале и дополнувале делата и на Хипократ и на Аристотел. Тие во Македонија одиграле голема улога. Незамисливо е еден човек како Аристотел да напишал толку книги сам без помош на соработниците. Истото прашање се однесува и на Хипократ и на Тукидид и на многу други истакнати личности. Дали

Еврипид можел да напише толку драми? Никој не се прашува дали Александар можел да изгради стотина нови мраморни градови. Тимската работа стои зад сите тие славни луѓе во милениумски периоди, како и исклучителност на дарба и организација во работењето на македонскиот човек. Боговите, царевите, хероите и народот во Македонија претствуваат најголем и најдолго постоечки тим, за да се објаснат и фамилијарните тимови во медицината. Уметничкото творештво во скулптурата, мозаиците, фреските исто така се должи на тимска работа, тајфата, предводена од надарениот човек во една професија и сепак да го потврди македонскиот бит и карактер воопштено.

Многумина од научниот свет, се интересирале како за Хипократ така и за неговите научни медицински дела. Пред сè Аристотел, неговите ученици Менон и Теофраст, потоа Евратостен, Сорен, Гален и други следбеници на Хипократовата медицина. Во Александрија, во македонската научна престолнина, се устоличиле целокупните дела на Аристотел и Хипократ. Тоа го направиле долгогодишните библиотекари Теофрат и Ератостен каде што филозофијата и медицината се чувале едно до друго, со меѓусебно влијание, како космолошки науки поврзани со луѓето. Исто онака како што бил Хипократ поврзан со голем број филозофи. Тие влијаеле на неговата медицина. Со право можеме да кажеме дека Хипократ

од етичка и физиолошка страна се занимавал со филозофска медицина. Тоа ни го покажуваат насловите на неговите дела, методот и содржината. Заедничките основи и мироглед на филозофите и таткото на медицината е логичен доказ за нивната заедничка припадност. Патувањата по истите простори и градови на Херодот, Питагора, Демокрит, Анаксагора, Емпедокле и други филозофи и научници ги поминал и Хипократ. Сите тие поминале од Скитија, Египет, Егејот преку Македонија до Сицилија. Сите тие го збогатувале искуството како патувачки лекари и Софистите, како патувачки учители филозофи.

Ги посетувале македонските школи и болници и им давале едукативна помош на локално ниво, на помалите населби, околу големите царски градови. Многу често и филозофите и лекарите патувале заедно со македонските цареви по единствената македонска држава. Ако во митологијата Македон и Скит биле браќа, нормално е Филип II да побара помош од Скитите во опсадата на Перинт и Визант. Нормално е и патувањето во научни цели на сите овие космполити од Македонија. Уште понормално е влијанието што го извршиле во градбите и симболите, артефактите, украсите и оружјето што ги полнат музеите со исти предмети како во Македонија.

Дали Хипократ патувал во Скитија и зошто тоа не се спомнува во ниеден податок за неговиот живот? Бил, патувал, подучувал, лечел и оставал прирачници и рецепти. Бил и во Остија каде што му подигнале биста во IV век пр. Хр. која неодамна е откриена од археолозите. Хипократ сам си правел споменици преку своите дела.

Преврзување на нозе и вадење заби. Сцени од животот на Скитите, IV век пред Христос

Не можел да не биде во Скитија, а да дава описи со најситни детали од начинот на нивното живеење и последиците по здравјето. Ја проучил „скитската болест” – машката импотенција и ја објаснил со големите студови, стегнатата облека и долгото јавање на коњи по степите при ловењето. Космичката средина, обичаите и начинот на живеење ако не биле ускладени – била доволна причината за болеста.

Хипократ на чудесен начин ја вклопил филозофијата во медицината. Го подредил секој поединечен начин на некој општ принцип. Го оставил во потсвеста на народот суеверието и поврзаноста на болестите со разлутените богови. На лечењето му приоѓал рационално во склад со степенот на познатите закони

од природата, што им биле познати на научниците во тоа време. Филозофскиот став за космолошката поврзаност на светот оставила голем впечаток на Хипократ. Неговите пријатели филозофи, со објаснувањето на светот врз принцип на четирите елементи, го инспирирале врз истиот принцип, да ги изгради своите медицински толкувања. Со голем младешки жар, започнал да ги образложува

движењето на воздухот, водата и темепратурата во организамот како делови на космичките движења. И не отстапил во тоа. Врз тој принцип го изградил својот метод и својата медицинска етика, кодексот за медицински постапки, позната како заклетва.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top