Фељтон

Принципи на Хипократовото лечење

hipokritovoto-lecenje

Ангелина Маркус

hipokritovoto-lecenjeМногу рано човекот сфатил дека е дел од космосот, дел од природата, дел од животот и дека секој негов дел има карактеристика на архе. Тоа е филозофскиот прапочеток на разновидност преку четири елементи: земјата, водата, воздухот и оганот. И човечкиот организам исто е структуиран. На Хипократ не му требало многу тој принцип да го воведе во медицината. Човекот треба да живее според принципот на ускладување на дел кон целината, на човекот кон природата. Космичките бранувања во своите движења треба да се складни. Човекот е здрав дури четирите елементи во течна состојба се ускладени. Тоа е крв, слуз, жолта и црна жолчка. Од воздухот, пнеумата, зависи вдишувањето и топлината, заедно со храната, што го загреваат телото. Со воздухот се вдишуваат болести, се нарушува излачувањето на течностите се манифестираат симптоми на заболување.

Набљудувањето како принцип е основен пристап во Хипократовата медицина. Мора добро да се бележат промените на изгледот за да се воспостави точна прогноза. Да се намали исхраната (диета) и дури потоа да почне лекување.

Болните во Македонија отсекогаш имале општествена грижа и болничко згрижување. Со тоа низ практиката се прифаќале позитивните искуства. Лекарите се специјализирале. Некои биле задолжени да ја бележат секоја промена кај болните. Така ни останале многу прецизни дијагнози на разни болести именувани како прогнози. Зошто прогноза? Тој термин се однесува на временските промени. Во медицинската терминологија тоа време било исчекување во промените на болеста.

Ако човекот е удрен со оружје, или каснат од животно, или се повредил при работа, ако бил паднат или нападнат, во зависност од изгледот, се давала прогноза. Ако притоа помодрувал, за три или за седум дена, лекувањето било невозможно. Ако повредата била под колено или под глужд, се ампутира до помодреното место. Помодрувањето на лицето се прогнозирало со смрт.

Македонија со многуте реки и езера и мочуриштата околу нив, имала лежишта на маларија. Еве ја прогнозата според Хипократовите бележења: болниот пожолтува, жолти му се нозете, лицето, белката во очите, има треска, да се лечи со кинин. Ќе оздрави. Прогнозата на временските интервали правена е со цел на вклучување на резервата за одбрана на организамот што секој човек ја поседува. За секоја болест имало лекарства кои внимателно се дозирале да не оштетат некој орган.

Хигиената, со името на богинката Хигија, имала големо значење како превентива. Во сите македонски царски градови откопани се водоводи за топла и ладна вода, одводни канали, бањи, хигиенски кујни и многу садови за одржување и готвење на храната. Заразните болести во Македонија ги носеле морнарите, трговците, Римјаните, Турците и војските на цела Европа во Балканските и Светските војни. Затоа Македонија морала во секое време да се справи со разни непознати болести што се појавувале на нејзина територија. Морала на високо ниво да ја одржува и хигиената, болничкото лекување и научните постигнувања во медицината што ни останале во наследство од Хипократ.

Древната медицина од Македонија школувала два вида лекари. Едните биле царски лекари, како главни придружници што го покажувале угледот на Царот, а другите биле патувачки лекари. Статусот и на едните и на другите високо се ценел заради стручноста и хуманоста. И денеска не е битно изменета медицинската организација ни во болниците ни патувачките лекари како Брза помош, насекаде по светот. Комплетно се спроведува македонското влијание, не само во фармацијата и примената на Хипократовата заклетва. Колку што е значајна за медицината Хипократовата заклетва толку за фармацијата е значаен знакот на змијата на стап на вратите на сите аптеки во светот. Обата синонима се со потекло од македонската царска медицина, од древнина, од Македонија, македонски придонес за светската медицина.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top