Фељтон

Хипократовите следбеници до Александрија и Рим

hipokritovite-sledbenici

Ангелина Маркус

hipokritovite-sledbeniciВеќе кажавме за римските цареви што имале царски лекари. Нив ги имало многу повеќе.

Аскепијад од Битинија дошол во Рим 91 г. да спроведува физикална терапија. Ги спроведувал Хипократовите принципи во медицината за присуство на 4 вида сокови во телото. Се потпирал и на Демокритовото учење за атомите за да го објасни движењето на воздухот низ телото и затоплувањето.

Темисон дошол во Рим за времето на Нерон и формирал методична школа за да се среди теоретското со практичното искуство во медицината. Во исто време од Карија дошол Тесал како лекар да помогне за спречување на епидемиите што често избувнувале во Рим.

Сорен од Ефес е меѓу попознатите лекари што произлегол од Александриската македонска медицина и дошол во Рим за време на Хадријан и Трајан. Најмногу се занимавал со гинеколошките болести иако медицината бара сестрано образование за полесно поврзување на причините за заболување.

Кон педесеттите години во Рим пристигнал од Киликија лекарот Атенеј. Нешто подоцна од Кападокија пристигнал Аретеј и ги применувал книгите за пнеумата какви што ги оставил Хипократ во негово време.

Руф од Ефес ги именувал имињата на делови на телото. Лекувал болни од бубрег и строго се придржувал до лекарската етика.

Од Пергам познати се Асклепијад и Гален. Перган го формирале како македонски град Александровите генерали, затоа медицината се применувала во Асклепијада како царска болница. Клаудие Гален (во 129 – 200 г.) од Пергам отишол во Александрија на усовршување. Се специјализирал за хирургија и бил повикан во Рим како гладијаторски лекар. Таму бил многу ценет. Ја ширел медицинската наука низ предавања. Бил и патувачки лекар додека Марко Аврелие не го назначил за царски лекар на синот Комод. Не издржал долго, го напуштил Рим и се вратил во Пергам. Како наследник на Хипократ пишува медицински книги собрани во 150 дела. Најдобро ја проучил анатомијата за да биде успешен во хирургијата. Како и Хипократ сметал дека најдобар лекар е филозоф посветен на лекарската етика. Како во филозофијата, во историјата и во медицината најголем дел од делата се изгубени препишани, изменети, дополнети и појавени кај понови автори. Гален умрел во 200 г. и долго време по него не може да се утврди кои се негови оригинални дела и кои му се припишуваат, исто како кај Хипократ.

Во Рим од Пергам се појави уште еден лекар Онесандар (Александар). Царот Јулијан го поттикна за Рим, од делата на Хипократ и Гален, да направи енциклопедија за медицината. Од вкупно 72 сочувани се 32 книги кои со векови се препишувани и употребувани. Исто така издвоени од медицинската теорија материја составени се 4 медицински прирачници.

Диоскурид направил од списите за фармакологија учебник и прирачник за лекови. После Менон и Теофраст по барање на Аристотел кога направиле попис на сите билки и лекови, овој прирачник долго останал во употреба во римско време.

Мораме да го спомнеме Филон во Рим кој дошол да проповеда аскетизам, духовно очистување, покајување и други принципи кои подоцна од етика поминуваат во христијанство. Сите овие места во Битинија, Карија, Киликија, Кападокија, Ефес, Пергам, Александрија во тоа време биле македонски.

Се прошируваше македонската држава, се освојуваа земји, се бореа војски во придружба на медицината. Посветени дела, посветени царски лекари и медицина за народот во која што опстојува паганството, магиите, клетвите и почитување на божествата од земјоделската традиција. Македонските школи од Пергам, Александрија и островите дадоа голем број лекари. Ни еден од нив не е од Атина ни од Рим. Медицината им служеше на сите и на исток и на запад од Македонија.

На исток, од Ерменија до Александрија, за некои илјада години во оригинал се сочувани Аристотеловите дела и тие ќе станат предмет за користење на медицинските потреби. Особено од Аристотеловите списи за природата арапските филозофи и лекари составуваат прирачници за медицината, како што во Рим се правеа прирачници од Хипократовите медицински книги.

Авицена, Авероес и Мојмонид се вметната алка, древната македонска медицина, да се префрли преку Шпанија во средновековна Европа. Таквата медицина се користела и до XIX век.

Авицена, околу 1000 г. од новата ера, од Бухара отишол во Персиските емирати како кралски советник – лекар. Ширел еден вид источен Аристотелизам, го користел Аристотел за исламот и Коранот. Го составил познатиот прирачник наречен Канон за потребите на медицината во арапскиот свет.

Многу рано овој канон е преведен на латински и на руски јазик. Медицината од Канонот нашла и широка примена по христијанските манастири кога Арапите дошле во Толедо.

Покрај сите прилагодувања реалистичката филозофска и медицинска мисла го опслужувала целиот свет во средновековието.

Тоа е македонскиот придонес во науките, особено во медицината.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top