Фељтон

Медицината низ македонските цркви и манастири (2)

plaosnik

АнгелинаМаркус

Црквите и манастирите отсекогаш ја негувале манастирската медицина и со медицински школи и со болничко лекување во своите манастирски комплекси, на сличен начин како што тоа било во асклепијадските царски болници. Пописот на болестите и билките и начинот на лекување останале исти. Патувачките христијански лекари ги знаеле и го лечеле македонскиот народ од истите болести познати кај Хипократ. Тоа била маларија, треска, сипаници, кила, „светата болест”, повреди од скршениците, парализа и други. Ги бележеле рецептите од истите билки што растат во Македонија. Го познавале

афионот, пелинот, босилекот, ирисот, кукурекот, ренот, глогот, дренот, борот, врбата, липата, јаворот и се разбира виното и медот. Многу лекови народната медицина и фармакологија до денеска ги користат за правење лекови.

plaosnik

Плаошник, древно, слоевито култно место

Што да речеме за ископаните бакарни чаши што се употребувале во древноста за лечење од настинка? И по манастирските конаци и до денеска при поголема настинка редење на чаши се смета како сигурен лек, да се извлече зголемената количина на вода во организмот, како што препорачувал Хипократ за рамнотежа на елементите во природата и телото.

Во Македонија постоеле големи фамилии и деленици со многубројни членови што овозможувало колективна грижа за болните со народната медицина покрај манастирските болници.

Во IX и Х век со јакнењето на Македонската држава јакнела економската моќ на македонскиот народ за да создаде неповторливи дела во македонското културно творештво. Цркви, манстири, фрески, писмо, резби, црковно пеење. Духовност. Олтар на Св. Климент и Св. Наум.

Личноста на Климент Охридски на разни начини е посведочена. Во неговото житие спроед Теофилант и Хоматијан се потврдува неговата универзална и космополитска дејност на Македонија. Во текот на IX век во Охрид го создаде првиот универзитет дури цела Европа тонеше во мрак и неписменост. Тој е просветител, педагог, писател, лекар, агроном. Се зафатил со здравствените проблеми на народот. Со своите три илјади ученици го подучувал народот како подобро да живее. Низ Македонија биле изградени многу храмови, училишта, болници. Климент и самиот лекар, заедно со генерациите од првото медицинско училиште што го отворил во Охрид ги лечел и ги згрижувал болните низ цела Македонија. Со писменоста ја ширел медицинската наука со сите знаења и практика од божествената медицина на древните исцелители и строгите принципи на Аристотеловата и Хипократова школа чиј вистински наследник е токму тој, Климент, со своите ученици и школи. Св. Наум, Климентовиот сопатник, брат и наследник ги поседува истите квалитети и резултати. Нивните два манастира Св. Пантелејмон на Климент и Св. Наум над изворите на езерото и денеска се вистински жаришта за ширење на знаењата на средновековните Македонци. Се обнови Плаошник и со тоа се покажа величината на Климентовата болница, во средината на плоштадот на Лихнида.

Ги видовме убавините на базиличните мозаици, крстилница, ротонда, театар…, оградени со ѕидини, со канали, со високи мермерни столбови во слоеви од повеќе илјадна историја на македонскиот народ. Го видовме манастирот на Климент и гробниците на една од манастирските болници. Каде ни е македонската историја на Охридските архиепископи? Пред нив доаѓале на покрстување и крунисување руските цареви, како кралицата Олга кога се прекрстила како Елена, по името на мајката на Константин. И кнезот Владимир дошол во Охрид на покрстување. Примањето на верата е примање и на црковната писменост преку што се проширувале и научните и медицински знаења. Се ширела македонската култура во Европа, со престолнини од тоа време, градени Х века. Пред македонските архиепископи се крунисувале кралеви, како Царот Душан во Скопје. Такво

право имала само Охридската Архиепископија кое право и` го пренела на целиот православен свет.

Манастирите и црквите низ цела Македонија биле центри за лекување. За тоа ни зборуваат и темите за болестите отсликани на фреските не само во Климентовите манастири. Насекаде се слават монаси исцелители, се пронаоѓаат

инструменти и рецепти за да ни раскажат како црквата се грижела за здравјето на народот. Четворица монаси застапувале ист ред со Климент и Наум.

kliment-i-naum

kuzman-i-damjan

Тоа се манастирите на Јоаким Осоговски, Гаврил Лесновски, Прохор Пчински и Иван Рилски. Ремек дела и на градбата и на уметноста и со очигледна дарба на медицината застапена во фреските.

Да се насликаат Кузман, Дамјан, Пантелејмон, Климент, Наум, лекари светители,

со книги, инструменти и кутии за лек, претставува повеќе од порака за едно време. Тоа е запис за состојбата на медицинската наука во XI и XII век во Македонија.

Да се насликаат болните од сипаници, од парализа, слепи и неми, да се наслика

карантин во лекувањето и веселба на оздравените тоа е доказ за експерти по уметност и експерти по медицина. Идејата да се овековечи болниот и лекарот е само дел од богатиот живот на еден народ.

Во Лесновскиот манастир во фреската „Чудата на Архангел Михаил и исцелување

на седум болни” како да е енциклопедиски запис.

isceluvanje
Исцелување на болни, мотив од фрески низ македонските цркви

Истото го имаме во фреската „Исцелување на водена болест” и „Исцелување на слеп” во црквата Св. Никита во Бањани. Во XIX век на фреската од Св. Никита слепиот држИ бел стап како симбол на слепоста. Тој стап за слепите Европа го прифатила дури во ХХ век. Фреската со карантин е многу постара од воведување на карантин на заразно болните во Венеција во 1374 година. Со векови во Македонија се знаело за вакцината од голема сипаница за во Англија таа да се прифати дури во XVIII век. Во лушпа од јајце се земал пелц и се нанесувал на здрав организам со гребнување. Во Македонија немало епидемии како во Европа. Тие биле спречувани. Непроценливо значење имаат сите тие податоци не само за македонската, туку и за светската медицина.

Преселбите на народите, Крстоносни војни, освојувања на територии, трговијата и мешањето на народите значи и мешање на болестите. Милиони Индијанци загинаа заразени од туберкулоза и сифилис од европските колонисти. Немаа време да станат отпорни или да најдат сопствен лек за туѓите болести.

Низ Македонија поминувале и туѓи војски и туѓи болести. Традиционалната медицина и фармација барала брзо решение во превентива, во хигиена, во лекови. Се користело сè што е на земја и под земја, како лековити треви, минерали, води. Од билките се користеле листови, цветови, плодови, семки, кори, корени и сè што е слатко, кисело и горчливо. Се школувале лекари, се организирало лечење, се барала заштита и во црквата и во народот. Пред сè науката, образованието, информираноста. Пред триесетина години во Белград умреа неколку лица од медицинскиот персонал пред да ја препознаат вариолата,

донесена од аџилак. Нови болести, мутации, инфекции не` демнат насекаде. Медицината мора да биде побрза од инфекциите. Тоа го знаеле древните Македонци и така преживеале.

Македонската медицина го поминала патот од митологијата со чудесијата на Асклепио до реализација во наука кај Хипократ и Аристотел, обновена во Христијанството и развиена како народна медицина со патувачки лекари и исцелители како Кузман, Дамјан, Климент и низа други низ целата земја.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top