Фељтон

Медицината и уметноста

medicinata-i-umetnosta

АнгелинаМаркус

Уметноста е специфична стварност. Специфика на свеста, на умот, на човековото доживување и дополнително искажување на обликување на дело со многу личен став на човекот и времето во кое што живеел. Секое дело е поврзано со некоја стварност и затоа и најапстракната замисла ни ја испишува човечката историја поврзана со науките и законите, со религијата, со медицината, со хороскопот со уметничкото обликување. Едноставно, сè е поврзано меѓу себе преку мисловните процеси. Човекот го прави тоа поврзување како одраз на тоа што го обзема во свеста и како израз на својот став. Формите на свеста се тие ставови поврзани и потврдени во реалниот свет. Колку ќе го разбереме или ќе не одушеви некој човек со тоа што го мисли или работи, не зависи од него, од нас зависи. Каква е препораката и дали има естетска мера

на убавото, на доброто, на идеалното и дали тоа секогаш можеме да го согледаме, не треба да се двоумиме, дека убавото во реалноста и убавото во мислата не` вклучува нас сите луѓе да го доживуваме сето тоа. Со време сè подобро сфаќаме и научуваме. Не им е дадено на сите исто. Некои се родени за нешто, некои за ништо. Синтетичкиот ум прави поврзување, согледување, толкување на двојната стварност. На пример, некои закони си постојат независно од нас дали ги знаеме или не. Некои закони и во самите нас ни се непознати. Кога Ајнштајн, Њутн, Коперник, Галилеј ги пресметувале константните димензии и сили на небеските тела малкумина можеле да ги разберат. Што да речеме за болестите и уметничките дела кои се строго индивидуални кај секој човек со големи отстапки во појавноста. Многу е тешко да се најдат заеднички причини во

нивно различно манифестирање. Сите тие тајни во природата и кај човекот кога се искажани, дефинирани во формули пак ни се недостапни. Никој не е виновен за тоа што другите не го знаат. Сосема друга работа е кога софистички нè заведуваат да не го сфатиме уметничкото.

Темата е зошто толку е поврзана филозфијата со медицината, религијата со уметноста и уметноста со медицината. Сè оди заедно и меѓусебно условено и поврзано со една заедничка македонска основа.

Македонија е посебна целина со сопствен систем во географски, климатски, економски, културни и научни карактеристики. Тоа е база што низ историјата ни ги дава сите постигнувања во било која област.

Медицината е таа посебна целина во систем на научни сфери, што создава свои гранки во склоп на севкупноста поврзана и изразена низ животот на македонскиот народ и во неговото творештво. Фамацијата, хирургијата, кардиологијата, педијатријата, превентивата, хигиената… се поврзува и со прославите, со уметноста, со религијата со се` до каде што допира медицината во Македонија.

Хипократ вели во медицинската заклетва: „Во скромност и чистота ќе живеам и ќе ја чувам својата уметност”.

medicinata-i-umetnosta
Фаланга на воини, ангели и апостоли во секоја македонска црква и манастир

За каква чистота се зборува? Не е хигиена. На каква уметност се мисли? За медицинска уметност, или умешност, или дарба или знаење што не може секој да го стекне. Музите управуваат со духовното творештво и затоа медицината на

Хипократ е уметност. Во тоа време во Македонија медицината се става во редот на уметничките дела. Не заради тежината и пожртвуваноста на професијата туку за исцелувањето проследено со канонски церемонии раководени од првосвештените свети врачи. И не знаеме што е постаро, лечењето или славењето, што е прво, што истовремено. Филозофијата е претходница на било која размисла. Како обединувачка на целокупната свест ни ги покажува заедничките корени во настанувањето на сите науки, уметноста, медицината, обредите. Знаеме дека целото племе слави, игра, пее кога болниот оздравува. Не знаеме дали знаеле да се веселат и претходно. Болеста, здравјето, славењето, украсувањето, амајлиите, теракотите, бистите, мозаиците, фреските имаат заеднички корени и најчесто заедно се манифестираат на едно место, култно

место и храмовите низ Македонија.

Култните места во Македонија не треба да се бараат. Со секое загледување гледаш едно од петте илјади археолошки регистрирани наоѓалишта, густо збиени насекаде околу нас. Македонски култни места се Дион, Еге, Пела, Хераклеја,

Пергам, Александрија, Цариград, Охрид, Скопје… Култно место е кога во македонските градови ќе се најдат на едно место театри, школи, цркви, музеи, стадиони, болници и гробови. Принцип на македонски градби раширени по светот. Во потесна смисла на зборот култно место е храм со спој на човековата духовност. Кога Македонец ќе застане пред светите двери во било кој храм го обзема возвишеност и смиреност. Покажана е голема умност со собирањето на сите уметности на едно место. Архитектура, сцена, пеење, говор, резба, мозаик, слики, светлина. Не знаеме како и кога црквата ги собрала сите уметности во свој канон и не знаеме кога и како тие излегле од нејзините порти во самостојно егзистирање. Важно е дека целата уметност со милениуми е присутна во душата на македонскиот народ. По ѕидините на македонските храмови

ја читаме и библијата и историјата во фрескоживопис.

Од олтарот се појавува владика со круна како Македонски цар. Пее молитва, држи Библија и свеќа како светец со светлина. Осветлува фаланга на апостоли и фаланга на ангели, икони – фрески со македонски ликови од народ во војни, во исцелување и веселба. Сè е смирувачко. Леб и вино. Причест. Духовно чистилиште. Врска со народот и науката, медицината, уметноста и божествата. Се преточила Големата мајка во Богородица, генералите и борците во ангели, народот во 40 маченици, исто онака како што било низ историјата на Македонците. Во храмовите сето тоа е прикриено со религиозен превез за да преживее овековечен во фреска. Како нашите фрески и икони од пред илјада години, со таква трајна свежина и убавина, нема никаде по светот. Ме обземаат ликовите на Архангел Михаил, Гаврил, Св. Ѓорѓија, Св. Димитрија… сите убави, здрави, храбри предвесници и заштитници на коњи, со штит и копје, како нивните претходници Диоскурите. Ја убиваат ламјата за да живее симболот на змијата на стапот на Асклепие прв меѓу боговите исцелители.

До нив се исправиле Кузман, Дамјан, Пантелејмон, Климент, Наум со лекови и инструменти во раце како царските и патувачките лекари низ Македонија. Медицината во чекор со уметноста си нашла место во манастирските икони, фрески, резби, овековечувајќи ја анатомијата и убавината на Македонскиот човек. Темите со градби, војни, лечење, не можат да се издвојуваат. Тие одат заедно како близнаци во паралела или тајфи што ги создавале корените на Македонската цивилизација.

Има голема сличност меѓу коњаниците од Македонија, било да се ангели или цареви од фалангата, сите тие галопирале за да го сочуваат жив и здрав македонскиот народ сè до денешни дни, во долг континуитет на постоење.

Филозофите, лекарите, царевите, астролозите,

христијаните, уметниците заедно твореле

во школите за лекари, зографи, вајари, копаничари

надополнувајќи се взаемно, вградувајќи

дебели и длабоки темели на Македонска

неуништива цивилизација.

Во Тројанските војни, во Филиповото царство, во Александровата империја, во Клеопатрината слава и богатство, во Александриската наука, на Христијанското месијанство, Константиновото покрстување, Јустинијановите тврдини и закони, Самоиловото обновено македонско царство, Марковите јунаштва, во сè ова има нешто цврсто ткаено, заедничко континуирано постоење на Македонија со длабоки карактеристики својствени само на Македонскиот народ. Исто така има

една општа линија на сите непријатели што сакаат да нè уништат. Македонците се спасувале со наука, вера и медицина.

Извршен е колеж на децата на Филип и вршена е голема потрага по децата на Клеопатра за тие да се убијат. На сличен начин тоа се прави и во Витлеем, во Христовото време, да се убијат сите деца за да не остане ниеден од посветените,

одбраните. Така се ослепени Македонските војници во време на царот Самоил, испоклани во турско и масовни гробници во сите соседни земји на Македонците каде што се воделе туѓи војни. Се протераа децата од македонски огништа од

Беломорието. Целиот овој прогон на Македонците се прави со цел да се уништи генот на овој свет и библиски народ. Името, сонцето, здравјето, умот и светоста вечно нè штитат. Нострадамус во пророштвата го потврди тоа. Судбината и среќата вечно нека ни се наклонети да го сочуваме тоа што сме: Македонци.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top