АнгелинаМаркус
Со формирањето на сончевиот систем со девет планети и по некој сателит, земјата не престанала да се оформува и да се развива во бескрајните космички простори меѓу другите небески тела: ѕвезди, метеори, комети во млечниот пат и други галаксии. Земјата, водата, воздухот се ускладуваат во
физичка смисла на природните закони. Само оганот останал како внатрешна сила во центарот на земјата. Вулканите од време на време го отвораат огненото грло, за да ни исфрлат по некоја тајна од средиштето на земјата. Човекот полесно допира со сателитите и до најоддалечените планети, отколку до структурата во центарот на земјата. Таму допре само фантазијата
на Жил Верн. Најголемото откритие не е преокупацијата на сите древни филозофи со четирите елементи: земјата, водата, воздухот и оганот и ако тие се највисок дострел за објаснување на структурата на сè постоечко. Предноста на материјата или духот, поточно нивното единство во сè живо е исто толку важно. Сепак, најважно од сè е самиот човек. Ги имаме најстарите черепи од човек, од три различни места, од три континенти. Черепот од Петралона, од Македонија, од Европа претставник на белата раса. Го имаме черепот на Монголот од Кина, од Азија и черепот на Негроидот од Африка. Македонецот, белиот човек, ја унапредил белата раса која се распростира
по сите континенти. Потеклото на Македонците од Средоземјето како да имало најпогодни услови за создавање, на својата прва и најстара цивилизација. Дали луѓето и расите се создадени уште кога земјината топка била една целина? Ако е така толкави разлики меѓу нив не можат да се објаснат.


Од архе до најновиот македонски ген
Пред разделувањето на континентите, пред потопот или пред Атлантида, земјината топка висела во вселената како еден меур обвиткан со атмосферата и со живот идентичен насекаде но во примитвна форма. Развитокот на видовите и нивната специфика ни го претставува денешниот растителен и животински свет во постојано усовршување.

Металите, карпите, атмосферата и видливата вселена задржале константност на постоење во рамнотежа со космичките сили. Милиони години како ништо да не се променило на земјата. И најмало придвижување, ете ни катастрофа, земјотреси, вулкани, урагани и многу жртви на природата и животот. Нескротливи џинови не` дрмаат, а човечкиот род ги дели опасностите и оди напред кон осознавање. Човекот како составен дел на природата се поставува над неа и ја менува. Гради градови, канали, езера, пошумува, лови и уништува. Го менува ликот на земјината топка и ги прилагодува условите за подобро живеење. Создава синтетика, мотори, сателити, атомска енергија, контрола на небото, оружје, клонирање и сè тоа со умот и свеста. Успех на белата раса. Очовечување од хоменоиди до луѓе. Македонците од најстари времиња знаеле сè што е познато во науката медицината и филозофијата денес. Многу помлади народи се притаиле зад Македоцните и чекале да ја претстават македонската култура како своја. Многу народи, за многу археолошки наоди, си земаат ексклузивно право (лиценца) да го преставуваат македонското културно древно наследство како свое. Нè чека обемна работа, континуирано, низ милениумите да го покажеме своето, македонското постоење во центарот на прапочетокот.
Ни претстои поврзување на македонската историја со прапочетокот на светот. Прапочеток изразен во неолитот низ Македонија. Пред нас се ширум отворени порти на голем концентрат неолитски наоди што треба да го поврземе со првото творештво, на првите луѓе низ Македонија, блиски до природата, со свртен поглед кон небото за читање на календарот на земјоделието, за читање на хороскопот како судбина на луѓето и за боготворењето на теракотите од земја обликувани.