Ангелина Маркус
Први такви божествени близнаци се Аполон и Артемида. Блиски со природата, сонцето и луѓето, тие помагале, лечеле, подучувале. Со иста намена се и близнаците Диоскури, Плејади Кастор и Полидевк. Близнаци се и нивните сестри Елена и Клитемнестра. Има уште многу браќа, роднини, лекари, учители со заедничка тимска работа и кај боговите и кај народот. Такви се Петре и Павле, Дамјан и Кузман, Кирил и Методиј, Климент и Наум, браќата Миладиновци и цели фамилии во тајфи што подучувале и лечеле. Фамилии наАсклепио, Хипократ, Аристотел, филозофските школи, апостолите, резбарите, иконописците, сите славни луѓе од Македонија, познати во светот, од праисторијата до денеска. Сите тие во еден долг континуитет придонесувале и за Македонците и за сите луѓе во светот. Сите споменати лица ги паметиме со писмо во рака и благост на лицата заради помош во заздравување и лекување, пророштво и исцелување. И не е тоа само медицинска просветна тајфа. Имало и има градителска тајфа, на резбари, скулптура, препишувачка тајфа на евангелија и тајфи на сите занаети на македонските луѓе. Тие своите знаења ги пренесувале од колено на колено на своите поколенија, заедно со тајноста и генетската надареност да се создаваат трајни вредности.

Св. Кирил и Методиј

Св. Петар и Павле
Накратко и поединечно ако ги претставиме спомнатите имиња ќе ја потврдиме нивната важност. Така Артемида со лакот и стрелата, еленот до неа, ги изразува потребите за лов и раѓање, плодородие и талкање низ шумите. Македонците во сите светилишта í подигале статуи и нејзе и на брат ѝ близнак Аполон, родени од Лета и Зевс. Ги поврзуваат боговите и народот за да им помагаат и подучуваат. Родени на островот Дел осветиле сеж околу себе. Аполон имал стрели со кои
сеел болести и смрт за непријателите, а лекувал, советувал и претскажувал судбини и настани за народот, хероите и царевите. Свирел на гитара направена од желка и рогови на јарец. Сите свои квалитети ги пренел на бројното потомство родени со музи и обични жени од народот. Тоа се Орфеј, Асклепио, Лин, Аристеј. Сите ја наследиле убавината, украсувањето, музиката, лечењето, светилиштата, каде што се пееле оди на свечените прослави. Аполон го чувал добриот творечки дух на народот насекаде низ Македонија и приврзаноста кон болните и животните. Посветени му биле шумите, небото и морињата. Негови симболи биле ловорот, орелот, лебедот, чавката, делфинот покрај лирата и стрелата, исто како и кај луѓето. Меѓу сите тие божества постои и фамилијарна поврзаност, исто како и кај луѓето. Затоа, треба да се запрашаме кој на кого влијаел; Боговите на Македонците или обратно. Во сите земни проблеми вмешани се богови и божества. Најинтересно е тоа што и боговите покажувале човечки карактери. На навреда реагираат со одмазда. Кога Ниоба се пофалила дека родила 12 деца, а Лета само две, тогаш Аполон и Артемида ги погодиле со смртоносни стрели сите 12 Ниобини синови и ќерки. Не ни е дадено да им судиме на боговите, туку да ги прифатиме нивните активности за среќа и здравје во обожавање на луѓето.
Тоа можеме да го следиме и кај богови уште поблиски до луѓето. Така Орфеј ги научил луѓето да свират на лира и кавал до танц на бахатските прослави. Музите играле под екстаза на звуците на лирата по полињата во Пиерија, под Олимп, во Македонија, родното место и на музите и боговите. Така се формирал македонскиот талент за песни и игра. На Орфеј му било дадено пророштво, како и на Аполон и Питија, преку кое се врши душевно смирување, лечење, како шаматизам. Сите богови го крепеле духот на Македонците. Таков е и Дионис, бог на прославите, театрите, виното и лозата, како лоза на богови, лоза на цареви, лоза на народи.

Орфеј

Дионис
Синот на Семела и Зевс ги собрал околу себе музите, менадите, Силен, хорот, маскираните играчи и народот во долга поворка низ целата земја да ја разбудат природата на пролет и да го соберат родот на есен. Безброј статуи, мозаици, фрески, садови за вино со гроздови и винови лисја ги украсувале македонските градби. Пиеле и царевите и народот и Дионосиските поворки во ритуалното производство на виното. Виното што Македонците го прошириле во светот како причест. Празници за богови, светци и Македонци со библиски имиња има во сите денови, во сите години, на сите места низ Македонија и вечноста.
Херакле, предок на Македонците – Хераклиди бил поврзан со родот, лозата на Македонската династија одликувана со херојствата на бестрашниот бог, цар, херој. Уште од дете почнал да ги извршува 12 херојски дела. Наметнат
со кожата на Немејскиот лав, каква што е и фризурата на Александар со лавја грива на монетите од Македонија се ширела по светот македонската легенда за наследената божествена бестрашност. Херакле ја покажувал и својата сила и својот ум како единствено оружје. Лакот и стрелата, стапот тирс и одраната кожа на лавот му се неразделни помагала кога го спасил Прометеј, ја убил хидрата, ги задавил двете змии, ги свртил реките да ги исчисти шталите и уште многу настани со неговите постојани патувања и правење добри херојски дела. Полубог, херој со ненадмината сила животот го поминал меѓу луѓето, меѓу Македонците, за да се пресели на небото меѓу боговите.
Натчовечките дела хероите од втората генерација, (со бракови од земни луѓе), се боготворат. Тоа не е случај само со Херакло, Дионис, Аполон туку и со Ахил, Одисеј, Александар и многу луѓе како и Исус Христос. Ангелите и Мачениците си нашле место меѓу боговите и народот, како такви ги славиме.
Браќата близнаци ѕвезди Плејади Кастор и Полидевк низ Македонија биле многу славени. Нивниот култ како коњаници често се сретнува и во светилишта и надгробни стели. Тоа се браќата на Елена која од ѕидините на Троја не можела
да ги согледа во војските. Тие веќе го предводеле небескиот одред на божества, херои и цареви подеднакво славни и заслужни за своите дела извршени меѓу луѓето. Плејадите, заедно со синови на богови како Орфеј, Херакло, Пелеј, Теламон, пророкот Мопс, сите храбри луѓе, богови и царски другари на Јасон, како Аргонаути, ги обиколиле морињата по потрага на златното рудо до Колхида. Уште тогаш се правеле проби за запознавање на подалечните земји околу Беломорието со сродни народи. Таа, легенда лесно му успеала на Александар. Лаѓата, изградена од светото дрво даб од Додона, ги издржала сите препреки од природата и од луѓето, како замки, кога злото демне и од земјата и од водата, од воздухот и од огнот. Мудрите луѓе кога се заедно со боговите ги совладуваат сите пречки во патувањата.