Олга Новачева
Потрагата по македонското знаење од древната и славна епоха на Македонците не води во ера на стагнирање и пад на развојната линија. Толку многу скршеници има во македонската историја што тешко може сите да се зацелат. Има толку изместени и испревртени записи во сите сегменти на постоење што треба сѐ од почеток да поправаме и да ги ставаме на вистинско место. Зборуваме за точен распоред на податоци за едно логично толкување, онака како навистина се случувало.
Зошто? Од каде толкав страв да се поврзува древната историја со длабокиот корен на македонското тло? Од каде толкава хистерија за да се скрие и до крај да се замолчи македонското семе? Ќе дозволиме ли да нѐ замолчат со измислени прикаски кои со стотици векови насила ги примале нашите предци за да нѐ амнезираат?
Во историските книги има многу записи за одредени периоди на македонската голгота во кои ги откриваме прогоните,страдањата,безумните насилија врз цел еден народ како и врз најиздржливите и мудрите претставници пострадани за македонската вистина. Еден прекрасен пример на таква личност е Хипатија.
Хипатија-ја нарекуваат најумната жена од античкиот свет. Платон во тело на Афродита. Во биографијата ја бележат како римска или грчка жена. Но таа не е ни едно ни друго, таа едноставно била македонски прекрасен цвет на египетска Александрија.
Хипатија (370-415) се родила и живеела во Александрија. Потекнува од научно семејство. Нејзиниот татко Теон бил многу образуван,познат математичар,астроном и механичар од тоа време. Тој е последниот библиотекар на Александриската библиотека,последниот раководител на Александрискиот „Музеон“, храмот на Музите. Музеонот не само што бил училиште за уметност и наука со голема и долга традиција,туку и живеалиште на Теон и Хипатија. Музеонот во тоа време имал значење на Универзитет,место на жива култура,на жива река на спознавање.
Александрија во четвртиот век била космополитски центар каде научниците од сите страни на светот се собирале тука за да разменат идеи и знаење. Доаѓале тука да учат,да препишуваат стари текстови,древни македонски ракописи во кои била сместена целата мудрост на светот. Ништо чудно ако се знае за дамнешна македонската традиција кога постоеле школи за пренесување знаење и мудрост.
Теон бил математичар и астроном. Во делот на математиката важно е дека ги објавил Еуклидовите дела, кои се сметаат, особено „Елементи“, за најзначаен математички дел од античкиот свет. Во областа на астрономијата и географијата Теон пишувал и коментари на делата на Птоломеј. Во овие работи му помагала и надарената ќерка Хипатија, која со текот на времето го надминала својот татко.
Од самото рано детство девојчето заинтересирано го слушала својот мудар татко кој го учел нејзиниот постар брат и знаењето го впивала како сунгер така да наскоро блескаво ги решавала задачите кои не можел нејзиниот брат. (Според други информации таа била единица). Таа не само што восприемала знаење лесно туку и покажала интерес кон механиката. Гледајќи го татко си таа помагала во изработка на инструменти за астрономските набљудувања. Таткото ја учел филозофија, математика,астрономија, музика за да се случи подоцна да биде негова помошничка.
Љубовта кон науката, особено кон математиката, ја наследила од татко ѝ. Така станала позната по своите коментари за третата книга од делата на Птоломеј „Syntaxis Matematicа“ која е преведена на арапски јазик под наслов „Алмагесто“, што на арапски значи „највисоко“. Нејзиното знаење е наследено преку Птоломеите,а овие од времето на Атлантида. Хипатија била припадник,а подоцна и предводник на таканаречена ,,Александриската секта,, во која се содржале збирни дела на Платон,Аристотел и Питагора.
Благодарејќи на нејзините научни трудови славата за Хипатија се распространила далеку од Александрија. Ја нарекувале најумна,најскромна и најдобра од филозофите. Над книгите на древните филозофи Хипатија провела многу години. Ширината на интересите, восхитувачката работоспособност,острината на умот, длабоко поимање на Платон и Аристотел ја сместиле во најпочитуваните професори во Музеонот. Место женска облека таа носела темен плашт што било одлика на филозофите. Нејзината мудрост, говорништво, нејзината младост и убавина привлекле многу ученици. Стекнала наклоност на Александрискиот префект Орест и на Синесиј – свештеник од Кирена. Хипатија станала бисер во Александрија. Таа била последна претставничка на древномакедонската филозофија и математика
Да забележиме неколку нејзини пораки кои сведочат за длабочината на мудроста која ја стекнала во свој релативно млад живот.
1.Ако и постои задгробен живот тогаш најдобро е во него да се оди со што повеќе собрано знаење од овој свет.
2.Неоплатонизам е прогресивна филозофија и не се очекува да биде крајна состојба на луѓе чии умови се ограничени.
3.Животот е откривање и колку подалеку патуваме толку повеќе вистини сфаќаме.
4.Сите религии кои ги викаме догматски се вон логика и не би смееле безрезервно да се прифаќаат од личности кои држат до себе.
Во тие времиња мирољубовото? христијанство во Александрија се борело со паганство (веданството, јазичеството). Во 391 година била опожарена и изгорена славната Александриска библиотека која се наоѓала во раскошниот храм на Серапеум. Бил разрушен и разграбен прекрасниот пагански? (читај македонски) храм –Серапеум,кој се наоѓал близу Александриската Библиотека. Исплашен, Теон ја заклучил својата ќерка дома,за да не оди да спасува. Таа неколку дена плачела и долго не можела да се врати кон обичниот живот. Долго носела траур,но подоцна сепак се посветила на предавање. Школата на Теон и на Хипатија продолжила да работи. Постепено од математика таа преминала кон филозофијата. Ги изложувала учењето на Платон и Аристотел,зборувала за Хомер,за драмските дела -трагедии од античките македонски автори.
Записите ни зборуваат дека девојката се придржувала кон ,,старата вера,, ноги изучила христијанските трудови. Старата вера очигледно е вера на нејзините предци,Македонците,при што сега се реафирмира и учењето на Платон во вид на неоплатонистичката школа која во 4 век достигнала свој најголем развој. Хипатија укажувала на сличност меѓу сите религии и го идентификувала нивниот извор. Ги проучила метафизичките алегории на христијанството и ги анализирала на јавни собири. Ги критикувала и затоа си вовлекла на себе негодување и бес од страна на врховното свештенство,прво на епископот Теофил,а после него од Кирил Александриски.
Нејзе и замериле што застапувала еретички учења,вклучувајќи тука и експериементална наука и пагански религии. За разбирање на духовната клима во тоа македонско царство не е безначаен податокот дека еден филозоф со таква учена таинственост лесно било да се осомничи за завера и да се наклевети за магијски дејствија.
Да спомнеме дека три века после смртта на Александар Македонски тука владееле Птоломеите,кои ја зачувале традицијата на Македонците. Не само како обична традиција туку образованоста, мудроста и знаењето било над се. Особено скриеното,езотерично знаење.
ХИПАТИЈА НЕ САМО ШТО БИЛА УЧЕНА ЖЕНА ТУКУ И ПОСВЕТЕНА ИЛИ ИНИЦИРАНА ВО ТАЈНО ЗНАЕЊЕ. Таа била една од последните Посветени. Иницирана и посветена исто како што пред тоа биле славните Питагора, Платон, Пиндар, Паусаниј,Аполон Тиански и самиот Исус.
Античката наука,култура и цивилизација полека изумирале под притисок на езотерично послаба, но полна со сила христијанска наука. На христијаните им било забрането да ја изучуваат класичната античка литература и да се придржуваат кон традиционалните култови. По указ на императорот паганите требало да ги изгорат сите книги,да се одречат од старата вера и да го примат христијанството. Хипатија одбила да се откаже од својата вера. Поради славата ја поштедиле. Умирајќи татко и ја замолил својата ќерка да не се меша во религиозни и политички расправи. (http://www.proza.ru/2008/11/23/34 )
Сето тоа се случувало за време на архиепископ Теофил Александриски. Подоцна него го заменил неговиот внук Кирил во 412година. На новиот епископ Кирил Александриски славата на најмудрата не му давала мир. Паганка (Македонка!) Жена! Гениј! Тој претпочитал да се справи со сила. Најпрво го разрушиле нејзиниот дом. Таа се преселила кај нејзините пријатели и продолжила со своите предавања. Но еден ден, во март 415 година, ја пречекала една настрвена толпа, ја одвеле со сила во христијански храм и ја каменувале до смрт. Према други податоци и ја дереле кожата со остри морски ракови, а останките ги изгореле на оган. Нејзините ученици го напуштиле градот или биле убиени. После овој страшен масакр се случил пад на Александрија како образовен и културен центар.
Католичките летописци во својот фалсификат дошле до тоа што ја ,,преобратиле,, Хипатија во христијанска великомаченичка Екатерина Александриска,во лик на светица,покровителка на филозофите. А не така одамна таа била исклучена од страна на Ватикан од литургискиот календар. (http://www.etheroneph.com/gnosis/213-bessmertnaya-gipatiya.html)
Славата на Хипатија била премногу силна. И не било така лесно да се скрие и уништи нејзиното делување. Црквата претпочитала поинаков начин. Ја направи скоро христијанска маченица. Во ,,Житието на свети Кирил Александриски,, еве како е запишано:-Во Александрија живеела една девица по име Хипатија,ќерка на филозофот Теон.Таа била добродетелна жена која се одликувала со христијанска мудрост,проведувајќи ги своите денови во чистотата и непорочност,зачувувајќи ја девственоста. Од девојче нејзиниот татко ја учел филозофија и толку многу знаела што ги надминала сите филозофи кои живееле во тоа време. Таа не сакала да се омажи зашто нејзината голема желба била постојано да ги изучува книгите, но особено ја чувала љубовта кон Христос.
Трагедијата на Хипатија стана симбол во историјата на трагедијата. Ја убиле,ја одрале, ја запалиле и истите тие ја прогласиле за светица. Какво чудо од претварање,од заблудување, до себеистоштување?
Наша мила Хипатија,колку си ни блиска и колку достоинствено стоиш пред нас очекувајќи наш благослов за она што го направи. Стоиш исправена и светиш оддалеку помагајќи на оваа измачена Македонија. А ние, бедни и неразбудени, се валкаме во страста и незнаењето окривувајќи ги другите за нашите невољи.
Велат дека на некој отвор,а можеби на некој камен на месечината му го дале твоето име во знак на спомен,во знак на твојата премудрост и светост. А зошто ние тука во Македонија не знаеме за тебе и зошто името твое никаде не се спомнува? Та нели, ти беше чувар ма македонското знаење и на македонската вера. Та нели Ведите ти беа водач како на сите Просветлени? Химните од Мистериите ти беа молитви. Молитви во кои што душата ти зборуваше заедно со мислите,кога дамарите ти беа заедно со трепетот на светлината. Со тебе згасна Александрија и згасна оганот на древнината македонска. Но ете,тука сме,да се сетиме на нашето, да го воскресниме, белким за малку ќе ни се намалат гревовоите. Белким ќе запре оваа немилосрдна наезда на злото од сите страни.