Олга Новачева
Македонските династии го одржувале својот ред и својата величественост почитувајќи ги законите на природата. Нашите предци силата на природните законитости ја насочувале за доброто на целото човештво. Таа сила било знаење, тоа знаење создавало моќ и влијание.
Македонците ја зачувале својата традиција во која е покажан взаемниот однос на космосот и човекот. Моќта на бого-луѓето здобиена според универзалните чинови на создавање се пренесувала на наследниците како показ за силата на небесно-земските кодови. Тие знаеле како да ја зачуваат автохтоноста и редот, проникливоста во природните сили и взаимната корист од нив.
Каква иднина очекуваат Македонците ако не ги разбираат пораките на своите предци? Не е доволно само да се рече Македонија вечна,те сакам Македонијо или Македонија на Македонците. Треба да се разберат нашите предци,како размислувале,како делувале,како опстојувале низ вековите и милениумите.
Делфиското пророштво постојано не потсетува на натписот ,,Спознај се себеси,,. Што значи да се спознаеш себеси? Дали тоа е некоја ментална потрага до каде ќе стигне нашата интелигенција? Не,ќе речеме. Дали со тоа што ќе ги видиме оние околу нас со други очи ќе се спознаеме кои сме? Не, пак ќе речеме. Самоспознавањето е патот по кој треба да одиме за да ја увидиме смислата на постоење. Самоспознание е патување длабоко во понорот на душата за да ја откриеме искрата од која сме.
Спознај се, за да умееш да го слушаш срцето. Спознај се за да го спознаеш Бога во себе. Делфиското пророштво е должност и умеење. Тоа е аманет од Ведите,нашите предци. Светлите. Просветлените. Тоа е наш долг и наш единствен пат. Да се издржи во искушенијата на тој пат.
Сега нам ни е одземено не само спознавањето туку и смислата на спознавањето. Сега нам ни е наложено да се движиме кон понорот на само едната страна на постоење, а тоа е материјалното битисување. Во него свесноста се намалува до анималистички вибрации. Затоа ние знаеме само за привид,знаеме за повторена лага,континуирано повторувани лаги кои создаваат мноштво заблуди и невистини.
Науката на спознавањето се нарекува гностицизам. Поради страв од спознавањето тој поим се преименува во мистериска религија. Подоцна станува мистична традиција. Па еретичка и затоа забранета. Па, својствено таа е лажирана и сместена во паганство.
Зошто токму во паганство? Зошто токму во забранета вера и филозофија? И зошто е сместена во заборав или несоодветно толкување? Гностицизмот денес се означува како мистична религија. Зошто мистична? Затоа што не ја разбираме или затоа што е забранета? Или причината е многу подлабока?
На овие прашања ќе се обидеме да одговориме постепено,создавајќи слика за некогашното македонско владеење во светот.
Гноса е самоспознание. Но што е тоа самоспознание? Тоа не е психоанализа, не е интелектуално истражување на душата, тоа е размислување за себе како Бог те создал и каков е Бог, тоа е внатрешно спознавање за себеси. (https://www.youtube.com/watch?v=_EnM_jx0ZRg)
Гнозисот или гносата е спознавање и тој поим лежи во суштината на есенцијалната патека на спиритуалното движење на човекот. Тоа е просветлување,диванизирање. ДИВ како ЗДИВ. Како поврзаност со вдахновените Божествени Слова.
Ако мнозинството од нас остане во незнаење за себе, тоа е затоа што самоспознавањето е болно па повеќе би ни одговарале пријатностите кои доаѓаат од илузиите. Што се однесува до последиците на таквото незнаење тие се лоши по секој критериум од утилитарен до трансцедентен. Лоши се затоа што само-непознавањето води кон нереалистичко однесување и така предизвикува секакви тешкотии по било кое прашање;лоши се зашто без самоспознавање не може да се има вистинска понизност па затоа ни делотворно самопоништување,а најчесто ни соединувачко познавање на Божествената Суштина (Oldus Haksli-,,Vecna filozofija, Metaphysica, Beograd,2006)
Гностицизмот не се појавил одеднаш и не е одлика на првите два века од наша ера како што тоа ни го укажува официјалната литература. Тој претставува континуитет на македонското верување и опстојување. Континуитет на македонските мистерии и на ведските правила. Гностицизмот е само еден фрагмент од македонското наследство. Во него се споени древно македонско верување со христијанскотo учење. Тоа е еден обид да се поврзе старата вера преку македонската филозофија со христијанството кое треба да дојде. Затоа денес не заблудуваат дека тоа е некоја туѓа или некоја таинствена вера, некоја мистична традиција. Зошто?
Затоа што таа ,,мистична традиција,, е македонска древна доктрина. Иако зборот доктрина ни личи на латинизиран термин ќе го оставиме така поради интернационалната употреба. Таа содржи многу повеќе од едно просто значење на вера или религија. Да го означиме овој поим како сложен систем на верувања и знаења, како прифаќање и зачувување на наследство од незамисливо древно време.
Оние кои се занимаваат со енигмата на гностичките текстови ни даваат разни, често пати субјкетивни информации,не докрај исчистени од предрасуди, велејќи дека тоа е содржина испреплетена од неколку пагански религии.
Гностичарите велат дека тие поседуваат тајно знаење за Бог,за човештвото и останатиот дел на вселената,, знаење за кое останатиот дел од човештвото не знае. Новите верувања за Бог, Библија и светот се одликувале од другите христијански групи. Отсуство на дискримининација на жените,вера дека спасението се постигнува низ одредени опити на земјата. Гностицизмот се состои од повеќе системи на вера,кои ги обединува елементите земени од азиски, вавилонски, египетски, грчки? и сириски пагански (јазически) религии.-.( tvet. mail. ru/question / 41842175).
На прв поглед можно е да е така. Но ако се земе во предвид дека македонската култура на постоење била застапена на сите континенти, не можеме да се сложиме. Не се сложуваме дека гностицизмот се појавил после новата ера и дека во него се влезени елементите на претходно наведени, се мисли на сите наброени-азиски, египетски и други кои се одвоени од македонските религиски постулати. Тие не можат да бидат одвоени од македонскиот поим на спознавање. Ако знаеме дека македонскиот супстрат е најстар и дека од Македонија сѐ потекнува, можеме да кажеме дека гностицизмот за кој научниците се изјаснуваат, всушност има потекло од македонската древна вера и филозофија.
Древната македонска доктрина е поврзана со македонските Мистерии и со македонската исконска филозофија. Во време на чистите Мистерии ништо друго не постоело освен ведска или ведско-ариевска култура. Ако во 1945 година биле пронајдени записите во Наг Хамади (Египет) и крај Мртвото море (Кумран),тогаш Бог сакал да се дознае за суштината на Македонизмот. Па тие се криеле скоро 2000 години и после откривањето уште педесетина години. Да,вистината си има свое ВРЕМЕ. Гностицизмот и уште како има врска со нас. Што мислите чиј е? На Еипќаните оти биле напишани на коптски? На Грците кои не постоеле тогаш? Какви се имињата на Евангелијата по Марија,по Петар,по Томе,по Филип? Тоа се гностички Евангелија,но многу рано станале еретички и неканонски.
Гностицизам е вера,вера во ЗНАЊЕ. Тоа не е религија. Затоа што религијата е наметната вера и служи за одредено време и за одредена група луѓе за да владеат. Гностицизмот е безвременски. Учи за севкупноста на Универзумот,за поврзаноста на Небото и Земјата. За него нема други правила освен исконското, најприродното спознавање на сите нешта. Се во едно. Тоа е пат на спознавање кое води до божествено откровение. Спознавање низ себе кога сознанието доаѓа од срцето, од внатрешноста. За разлика од денешното христијанство кое учи дека само преку црквата може да се воспостави верата, во гностицизмот се вели дека човекот сам може да воспостави контакт со Бога. Со тоа доаѓа до просветлување. Озарување.
Гностицизмот е спознавање. Тоа е пред сѐ ведско правило. Спознавање е просветлување. За полесно да го претставиме спознавањето можеме да прикажеме чекор по чекор како оди тој процес. Ја земаме во предвид глаголицата и првите нејзини букви. Аз, Буки, Веди, Глаголи.
1.Аз -како Бог (Јас,Еден, Единствен). Еден е и името на Еденска рајска градина,каде што нема двојности. Противречностите се намирени.
2.Буки -како буква или слово. (Словото е еманација на Божествената Сила или Мисла).
3.Веди -како Видување или увид. А тоа е веќе знаење.
4.Глаголи -зборува,чини,дејствува. Со него се почнува видливото дејство,активноста.
Сето ова е поврзано со словенските ознаки на буквите,а од нив потекнуваат и другите азбуки. Сите езотерични учења водат потекло од оваа шема.
продолжува