Фељтон

Во екипажот на морепловци на Колумбо, најхрабриот – Драган од Охрид

Еден Македонец е уште една светска легенда, Драган од Охрид. Полн со авантуристички дух, воинственост и бунтовност, а од друга страна добар, чесен и наивен. Колку типични карактеристики кога би се опишувал секој македонец и тоа генерално. Драган живеел во 15 век и бил еден од морепловците на екипажот на Кристофер Колумбо, а шпанските експерти од 15тиот век така и го записале како Драган од Охрид или Алонсо де Лихнидиа… Во неколку продолженија ќе објавуваме преводи од книгата

Имиграција во Америка 

John Carroll University 
Hall & СО., Boston 

ГЛАВА 18 
Македонци

Најмалата имигрантска група во Јужна Америка се Македонци. Уште пред да се приклучат на миграција од Балканот кон северноамерикански континент, еден од нив, македонец, беше помеѓу екипажот на морнарите на Колумбо, и тоа при мисијата кога ја открил Америка во 1492. Неговото име беше Драган. Тој бил роден во градот Охрид, важен центар на македонската култура и религија. Драган припаѓал на Богомилите. Тој пропатувал и стигнал во Шпанија, но бил откриен како верски противник и осуден од страна на властите да умре во Саламанка. Бил спасен од сигурна смрт од страна на Колумбо, кој во тоа време веќе ја собираше неговата екипа пред едрење во Америка. Драган кој бил искусен ловец на тој начин стана вреден член на Колумбовиот екипаж. 

По откривањето на Америка- Колумбо се вратил во Шпанија – Драган, останал со Четириесет и двајца други морнари на новоизградента тврдина La Navidad. Потоа тој го преживеал масакрот во Индија.

… Гонсало Мигуел  Охеда, познат Каталонски патриот  и историчар-истражувач, цели петнаесет  години се ги посветил да истражува и пребарува  во архивите и летописите кои широко се растурат низ Шпанија, и е познат по неговото  благородно презиме Охеда. Целта  му е да го најде родното место  и датата на раѓање на морепловецот Алонсо де Охеда, односно Драган од Охрид, кого тој  го сметал за свој именит  роднина. Тој се сретнал и  разработил 33 случаи на благородници со името Алонсо де Лихнида,  чие родословие е започнато во село Охеда до град  Бургос во Каталонија, пред да се отсели во Кастилија, Круз, Арагон и Андалузија, но ниту  еден од нив не се совпаѓаат  со мореплавецот Алонсо де  Охеда. Гонсало Мигуел Охеда  резимира дека неговиот негативен резултат  на 15 годишното истражување  во барањето на родното место  и родената дата на морепловецот Алонсо де Лихнида во написот “Хидалгото Алонсо де Лихнида”, отпечатена во град Бургос, во 1963 година во списанието за новиот свет (Индија), покажа нешто што најмалку го очекуваше, Алонсо не му е роднина туку е македонец. Еве што вели Гонсало Мигуел Охеда: “… со бројни докази се отфрли основата, што го даде почетокот на верзија за раѓањето на Алонсо де Охеда (морепловецот) во град Куенка и под истите размислувања се посочи дека податоците се однесуваат на други познати личности кои имале исто име и презиме, како во оваа ситуација нашиот херој до тој момент останува таинствена. Така прашањето за лоцирање на местото каде што нашиот прочуен и искусен воен морепловец (Алонсо де Лихнидија) ја остава мистерија за своето потекло. Но со понатамошното истражување од писмата на шпанските дворски дами се разоткрива идентитетот и потеклото на Драган- Алонсо.

Без сомнение Алонсо де Охеда е еден од нај познатите личности, кои се причината за населувањето на Шпанците во Новиот свет. Точно е дека Алонсо де Охеда, како војсководец е прав воин, кој се справувал со воените напади на Индијанците и благодарение на неговата храброст и на неговите воени стратегии и воените способности, успева да стави МИР ВО КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Колумбија НА ЕСПАЊОЛА. Покрај тоа, тој е првиот Европеец кој стапнал на американскиот континент, впрочем на Алонсо де Охеда се должат географските истражување за составување на познатата карта на светот од Хуан де ла Коса во 1500 година. Алонсо де Охеда е една особено значајна личност, и воодушевува и плени со својата храброст, безстрашност и младост. Токму заради неговата решителност и ризични и храбри постигнувања, тој стекнал почит од шпанската кралица Исабел Католичка, почит и покровителство од војводата Медина, како и од владиката на Севиља, дон Хуан Родригез де Фонсека, како и довербата од дон Кристобал Коло. 
Алонсо ДЕ ОХЕДА е херој на Шпанија. на кого се припишуваат најголемите подвизи, кои се толкуваат на повеќе начини па му се признаваат и добри дела и пороци. 

Остатоците од таканаречената Мапа Мунди -1500 година При брегот на Бразил се лоцрани двата брода со кои се вршела мисијата.

Алонсо де Охеда

Животот на Алонсо де Охеда е исклучително динамичен и интересен како од историски, така и од психолошка гледна точка. Не постои некоја друга, толку извонреден личност, која буди толку голема недоумица и контроверзност во истражувачката хрониката од XV век. До денес нема историчар од Запад не се ангажирал да го разгледува и објасни Подискутабилно за неговите постапки. Алонсо де Охеда се уште останува мистерија и парадокс – голема загатка. Дури и самите научници – шпанци, кои би требало да го познаваат подобро од сите, не се знае по одделни епизоди од животот. Тие не ги знаат дури ни неговото родно место, немаат податоци за родителите, конфузија од многуте животни судири, што тој ги има, а исто така и од нешпанското, странско име и презиме, со што е познат речиси до својата смрт, дури и на кралскиот двор. 

Најпрво да видиме какви податоци дава шпанската енциклопедија од 1972 година Алонсо де Охеда (Hojeda), откривател на Венецуела, роден во град Куенка, на уште неопределен датум од историчарите. Предвидено околу 1470 година Оваа дата е мошне веројатна, со оглед дека тој зел учество во војната против маврите во Гранада. Тој бил хидалго (витез), потекнува од витешко презиме, чија феудална господарска куќа била во големото село Оканја. Монахот Бартоломеј де Лас Касас го опишува: “мал на раст, но доста добро граден”, а Кристофер Колумбо пишува за него, дека бил “многу нападен млад и со многу поголема смелост. Според тврдењата на неговите современици се знае дека бил експерт по воени дисциплини при употребата на сила и сакал бој со меч. Заради лојалноста кон Богородица заслужува да се нарекува “Рицар на Мадона” (Кавалер на Мадона). Можел да биде еден голем конквистадор, но не поседувал потребни квалитети за една таква способност. Не бил ниту умен, ниту прозорлив, како политичар. Лишен од измама и лицемерие.

Поради големата негова храброст станал шеф на конквистата (освојување), гувернер на Кокибакоа и на Колумбија. Неговото патување било во првото патување на Кристофер Колумбо, а потоа следеле второто и неговото трето патување.
Неговата намера да формира населба во заливот Санта Круз, во близина на Корабно платно во Венецуела, но не успеал во намерата. Првото патување до Индија (Новиот свет) го направил со Кристофер Колумбо, со кого заминале на 25 септември 1493 година. До тогаш тој бил паж на дон Луис де ла Серда, војвода Медина. Како капетан на еден брод тој стигнал до островите Доминика, Маригаланте и Гвадалупе. Пристигањето на островот Еспањол, му овозможило да застане на чело на една експедиција до Сибоа (Сибао) по наредба на Колумбо и пак по наредба на истиот, да им помогне на Шпанците од форта “Свети Тома”, кој бил обседнат од Индијанците. На 25 март 1495 година тој се борел заедно со Бартоломеј Колумбо (против Индијанците – б. А.). (Тогаш Шпанците ја понесуваат победата – б. А.). 

До крајот на 1498 година Охеда престојува на о. Еспањол, а во почетокот на следната година е во Кастилија, каде научи за отворањето на брегот на пари од Кристофер Колумбо. Благодарение на препораката на владиката Хуан Родригез де Фонсека, тој е на чело на една експедиција, која траеше во овој дел на Индија. Хуан де ла Коса е главниот пилот, а Америко Веспучи – географист (хроничар). Заминуваат од пристаништето Санта Марија на 18 или 20 мај 1499 година, со четири бродови. По 24 дена патување стигнале до дел на Јужна Америка, наречена Суринам. Виделе многу реки, меѓу кои Есекибо и Ориноко, огледало островот Тринидад, кој бил откриен од Колумбија и го запоседнале брегот на сегашна Венецуела од Кумани (Заливот на бисерите) до пристаништето на Опијнатите (Чичириче), кој се наоѓа во сегашната држава на Јастребот , каде што се бореле со индијанците. Охеда го нарекол островот Карасо, Острово на гигантите, поради големиот раст на населението.

Продолжува

К. Л.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top