Фељтон

Белезите на македонизмот во гностицизмот (3. дел)

gnosticizam

Олга Новачева

gnosticizam

Самоспознанието е категорија која носи напредок. Носи немир, но и проблесок. Тоа води кон свесност за личното издигнување и општ човечки развој. Затоа треба да се истражува каде затаило и поради кои причини. Со тоа и помагаме на македонската вистина.

Свесноста за улогата на Македонија се повеќе расте. Таа прераснува во колективна свест која е пробудена од колективната интуиција. Не само неколкумина, туку голем број Македонци ја препознаваат вистината, ја чувствуваат. Иако досегашниот образовен систем речиси со ништо не допринел за правилно разбирање за тоа која е Македонија и што значи во светски рамки,сепак се случува осознавање. Скоро цел свет знае за морничавите сценарија и извршување на злосторничко делење на македонското ткиво. 

За да се прими вистината треба широко срце и надминување на предрасудите. Да се сомневаме во она што наголемо ни го промовираат. Да ги осознаеме ОНИЕ кои лукаво и итро ги подлажуваат народите, ги подмитуваат за свои лични интереси. Најважно е што треба постепено спиритуално да се издигнуваме, зашто тука е силата на знаењето.

Гностицизмот е вонвременска категорија. Таа во себе содржи јадро на знаење кое во одредени историски периоди го менува своето име. Тоа знаење понекогаш се притајува за да може во еден нов циклус повторно да се објави за доброто на човештвото.

Гностицизмот се судрува со новата и променета содржина на христијанството во кое е отстранета спиритуалната содржина. Многу истражувачи на раното христијанство и не навлегуваат подлабоко во суштината на таквото христијанство или не смеат. А не смеат зашто ќе мораат да ја откријат македонската изворна компонента.  Македонската искра.

Ирина Свенцицка во својата книга  ,,Рано христијанство,, одбележува: Во тајните организации на гностиците се појавиле Тајните ракописи во потесна смисла на овој збор. Тие биле наменети за избраните, за оние, на кои им било достапно ,,вистинското знаење,,. А вистинското знаење е код, вистинското знаење се Ведите, македонските Мистерии. Достапни се на оние кои ја заслужиле Божјата верба или со други зборови по раѓање се кодирани за да бидат избрани. Истата авторка ни зборува за едно време на македонско владеење на Селевкидите во просторите на Азија.

Свенцицка меѓу другото истакнува дека- Грчките (?) митови изобилуваат со истории на борби на боговите,пројавување на жестокост и одмазда. Иако во грчките (?) градови продолжувале да се градат храмови и да се издигнуваат многубројни статуи кон боговите покровители на градовите,Зевс или Атина, сепак тоa се повеќе и повеќе се претворало во декорација. Сцените на многубројните грчки (?) митови како и порано се насликале на пример на многубројните саркофази, но тоа било украс, ден на традицијата. Истото се случувало и на територија на блискоисточните земји каде после завојување на Александар Македонски се распространила грчката(?) вера и грчка (?) култура. Во првиот век од нашата ера во Сирија, Феникија, Северна Арабија  градбите се украсувале со рељефи и мозаици на кои биле грчки (?) богови и сцени од митовите, но своите молитви жителите на овие провинции,како што покажуваат многубројни натписи, ги посветувале кон другите богови, грчката митологија за нив немала никаква религиозна смисла. 

Уште до првиот век п.н.е. во римската провинција Азија, во градот Филаделфија бил создаден религиозен сојуз посветен на Зевс и местната божица –мајка. Уставот на овој сојуз бил исклесан на камен за да се запознаат сите. Во  тој сојуз можеле да влегуваат сите-слободни и робови,мажи и жени. Членовите на сојузот давале клетва да не замислуваат никаква омраза против другите луѓе, да не се занимаваат со магија, да не се употребуваат средства со кои би се спречувало раѓањето на детето. За нарушување на правилата следувале казни- јавно покајување, исклучување од светилиштата. Верните членови требало да добијат награда од боговите. Во тоа обединување се пројавил стремеж кон општочовечка врзаност кон природен живот.

://royallib.ru/read/sventsitskaya_irina/rannee_hristianstvo_stranitsi_istorii.html#61440

Дел од наведениот текст не може да биде  веродостоен затоа што– прво, не постои грчка митологија, а второ зошто би ги отсликувале македонските ((грчки?) богови ако не ги обожовувале и чествувале?  Ние ова мора да го кажеме. Зашто секоја поголема сила и на Запад и на Исток користи максимални средства за да ја загуши вистината за македонскиот код кој вечно се пројавува и наследува.

Повистинити и коректни записи ќе најдеме кај спиритуални автори кои се појавуваат во најпотребен период да ја исправат линијата на вистината. Такви се Гурџиев (наследник на Палеолозите) и неговиот следбеник П.Д. Успенски. Тие (и не само тие) имаат посебен приод кон нештата базирајќи се на спознавањето на Божествената креација. Во македонската митологија познати се Музи како метафора за креацијата.

Што е тоа Муза?

Наизглед лесно прашање, но сепак бара едно објаснување кое треба да има езотеричен увид. Да бидеш некому Муза тоа значи некому да му бидеш извор за креација. Тоа пак води кон спонтано обликување на една скриена и непозната внатрешна содржина во надворешен израз, во видлива  материјалната  форма која денес се дефинира како уметничка вредност. Ако ја нема музата како поттик за креација не ќе може таа потсвесна содржина да се излие и да се прикаже. Среќен е оној кој и во овој длабоко материјален свет ја пронајде музата за своето творештво. Оти не секому му е дадено да си го пронајде спротивставениот пар на една целовитост, на ЦЕЛОТО, на ЕДНОТО.

Во својата книга со прекрасен наслов ,,Во потрага по чудесното,, Успенски ќе каже:-Христијанската црква, христијанскиот облик на послужување не ги пронашле црквените отци. Сето тоа во готов облик превземено е од Египет ,но не од Египет каков што го познаваме, туку од оној што не го познаваме. Тој праисториски Египет бил христијански многу илјади години пред христијанското раѓање,односно неговата религија се состоела од исти принципи и идеи кои го чинат и вистинското христијанство. Во тој праисториски Египет постоеле школи, наречени школи на повторување. Овие школи на повторување се земени како модел за христијанските цркви при што обликот на богослужбите во христијанските цркви повторно во целина претставувал курс на повторување на учењето кое се однесува на космосот и човекот. (П.Д.Успенски ,,Во потрага по чудесното,,).

Египет кого не го познаваме?

Тоа треба да е тој праисториски Египет во кој пребегнал Хермес единствениот од преживеаните после глобалниот потоп. Таму се пре-започнало или повторно започнало да се проповеда ведското или изворното христијанство како единствено одржливо верување и знаење.

Денес знаеме само за јудејското христијанство настанато со фабрикување на основните белези на изворното христијанство  во време од првите три-четири века  од новата ера. Професорката Билјана Перчинкова ќе рече -:Правоверниот јудаизам не зборува за душата, уште помалку за нејзината бесмртна природа. Тој не зборува за надмоќноста на духот над материјата ниту за соединувањето со Бога после смртта. Овие ставови припаѓаат на мистичната традиција. Тие се отворено и недвосмислено гностички.

(Перчинкова-,,Книга за сопството,,  Скопје, 1997г.).

Дали исчезна гностицизмот?

Сигурно не исчезна како што се очекувало. Гностицизмот како ерес и како поим бил забранет. Било потребно по секоја цена да се изгуби, да го снема, за да се регресира умот и целата духовна категорија на поробените народи. Гностицизмот се гасел постепено. Постепено и насилно биле забранети основните принципи и тоа последователно на неколку Вселенски Собори во Никеја и Константинопол.

Гностицизмот не исчезнал.

Многу е индикативно времето на династијата на Палеолозите, обновено македонско царство во 1261 година со Михаило VII Палеолог (1259—1282).   Во време на владеење на Палеолозите претставниците на династиите биле покровители на уметноста и науката, во историјата на културата овој период добил назив  Палеолошка ренесанса. Во управување на Палеолозите Византија(?) продолжувала да се смета за наследница на Рим, но сега Византијците(?) почнале да се викаат себеси ,,Елини,, (до тогаш во тек на долго време зборот ,,Елин,, било синоним на зборот ,,јазичник,, или кај нас се преведува како паган. (http://www.megabook.ru/Article.asp?AID=659532)  

Термините  Византија и Византијци секако дека ќе бидат ревидирани, зашто тоа е  македонско царство. А поимот Елини е синоним на просветлените, на оние кои се движат по патеката на просветлување, кое е можно единствено со самоспознанието или гносата. (за Елини може да се види кај О.Н.,,Знаци на Македонизмот,,)

За Богомилите и богомилството има многу пишани материјали. Сите тие ни користат за да ја поврзуваме нишката на македонските објавувања во одредени циклуси. Религиозната основа на која настанало Богомилството е христијанството, во неговиот изворен облик. Богомилите за себе велеле дека се „крстјани“ и за Христос имале извонредна почит. Тргнувајќи од ставовите од почетоците на христијанството, тие сметале дека за поединецот да му се обрати на Бога, не му се потребни посредници – луѓе од црковната институција, кои веќе биле длабоко огрешени во лакомоста и неморалот, ниту пак е неопходен црковен објект. Гностицизмот за нив бил основа на верувањето и знаењето.

Гностицизмот и денес се повеќе се пројавува како почеток на новата ера во која се движиме за да ги отстраниме  темните сведоштва на историските случувања.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top